Македонија
    |         |         |    
Ослободи се максимално - AVON Македониjа

Ослободи се максимално! Дознај како до моќен старт на есента!

Летото, за жал како и секогаш, многу бргу заврши. Се врати од одмор, одморена, но по една недела на работа повторно чувствуваш како ти треба уште еден одмор. Токму затоа, есента е одличен период да ја ослободиш твојата моќ, да ја искористиш енергијата од летото и успешно да ја завршиш годината. Како да си ја вратиш силата и да не ја изгубиш пак?

Римските филозофи рекле дека не треба да ја трошиме својата енергија, како да е непресушен извор. Подеднакво важно е да научиме како повторно да се наполниме со енергија кога ни е потребна. Дали препознаваш што е тоа што ти ја зачувува, а што ти ја троши енергијата? Како ти бега моќта? Како повторно да ги наполниш батериите? Прочитај што имаат да кажат за ова римските стоици.

 

  1. „Безмилосно елиминирај го она што е неважно

Ова парафраза на мисла од Сенека нè советува да разграничиме помеѓу важните работи и оние кои можеме лесно да ги занемариме. Сите имаме помали и поголеми проблеми што не исчезнуваат ако само се задлабочуваме во нив. Ова постојано размислување и анализирање ни ја цеди енергијата што ни е потребна за да ги надминеме проблемите! Доколку нешто не е неопходно, научи да го игнорираш и да го заборавиш. Веднаш ќе ја почувствуваш разликата!

Ослободи се максимално 1
  1. „Гледај го светот со очи на поет или уметник“

Маркус Аурелиус, уште еден римски филозоф, ни препорачува да го гледаме светот со реализам и внимание, но најважно со внимание кон неговата убавина! Секогаш кога се менува годишното време забележи го твоето опкружување: ќе се чувствуваш подобро, отколку да се жалиш и да го гледаш светот во темни бои. Ваквиот пристап нè прави благодарни и повесели, а токму овие чувства се најголемиот извор на секојдневната енергија.

 

  1. Фокусирај се она што е важно

Не се само Римјаните оние што забележале како енергијата го следи нашето внимание. Што сметаш дека е важно? На што сакаш да се концентрираш? Малите успеси ќе те исполнат и мотивираат. Не заборавај дека најголемите проекти во животот бараат внимание и грижа: слично на градинарството. Есента е време за жетва и уживање во плодовите од твојот труд. Ако плодовите сè уште не се готови, размисли што уште ти треба...и направи го тоа! 

Ослободи се максимално 2

  1. „ Единственото нешто од што треба да се плашиш е стравот“

„Најлошото нешто што можеме да си го направиме – напишал Сенека во писмата до неговиот пријател  –  е да дозволиме да не изеде стравот“

Контролирај ги стравовите и вознемирувањата и направи простор за надежта. Добро е да имаме сомнежи, тие нè учат критички да гледаме кон животот, да правиме планови и да ги приспособуваме на околностите. Сепак, многу е важно да не дозволиме да нè надвладее стравот. 

 

  1. Не заборавај да уживаш во животот!

Постојано повторувај си дека сè тече и се менува! Ти имаш доволно моќ, талент и она таинствено нешто што може да ги инспирира другите и да остави долгогодишна трага во историјата.

Животот е и може да биде забавен. Ако ти недостига секојдневната радост, искористи го она што ти е на дофат. Мирисот има огромна моќ (пробај го новиот Avon Maxima за НЕА и за НЕГО!), како и бојата и секојдневните нешта.

Стави го овој нов скапоцен мирис, облечи високи потпетици, нанеси лак на ноктите и биди кралица на твојот живот! Ти владееш со твојот живот и тоа не е претерана изјава!