Македонија
    |         |         |    
Твој ден по твои правила - AVON Македониjа

Твој ден по твои правила! Шминката која чекори заедно со тебе

Кате, нашата денешна хероина, е девојка која знае како да ужива во животот! Нејзиниот планер е исполнет не само со работни обврски, туку и со состаноци со пријателите, распоред на вежбање и културни настани. Како да изгледаш одлично, без да го намалиш темпото на движење? Која шминка може да го издржи чекорот на ваков густ распоред на обврски? Ние откривме!

Твој ден по твои правила 1

Од зори до зори

Вообичаено станувам пред 7 часот наутро: Пијам една чаша вода со лимон и брзо кафе, правам неколку јога истегнувања и појадувам здраво. Ова ми дава доволно енергија за целиот ден – вели нашата хероина. Трошам не повеќе од 15 минути на шминкање. Очекувам шминката да го издржи мојот зафатен распоред. Одбивам да користам производи кои не издржуваат ни до пладне! Не сакам постојано да ја поправам шминката, затоа одбирам козметика која, од една страна, овозможува брзо и едноставно нанесување, а од друга страна – овозможува долготрајни резултати.

Во 9 часот наутро вообичаено веќе сум на работа; напладне со колегите одиме на ручек. Во меѓувреме, пијам кафе или јадам некое овошје како ужина. Се обидувам да избегнувам с

латки, но од време на време јадам десерт или купувам „лате“ кафе на патот кон работа.

Во текот на попладнето одам на тренинг и вежбам, одам во кино или присуствувам на настани, на пример „Италијански разговори“. Вообичаено сум дома пред 20 часот. Доколку моето лице сѐ уште изгледа добро, сметам дека шминката го поминала тестот.

Твој ден по твои правила 2

Секако, за поголемите настани одбирам малку поинакви бои, поминувам повеќе време во нанесување на шминката, но целта ми е иста: да изгледам одлично и да не се грижам дали мојата шминка ќе се растече при првиот танц или ќе се размачка кога ќе се насмевнам.

Карминот кој останува на усните на моето момче не доаѓа предвид – низ смеа вели Кате.

Шминка која го следи твоето темпо – советите на Кате

Тестирав многу новитети во светот на шминката пред да го направам мојот совршен избор – вели Кате. Моите неопходни производи вклучуваат:

  • Добра течна пудра – незаменлива е!
  • Пудра која прави шминката да трае подолго: можеш да ја користиш да покриеш некакви несовршености во текот на денот и не завзема многу простор во твојата чанта
  • Кармин: по можност долготраен!
  • Маскара која е отпорна на времето, соодветна и при вежбање, не се размачкува или рони

 

Со ваков избор за твојот козметички несесер можеш да го освоиш светот!

Твој ден по твои правила 3

Производи кои го држат твојот ритам: наши препораки

Ако твојот секојдевен распоред е сличен како оној на Кате: работиш, спортуваш, се грижиш за децата, имаш многу обврски, а сакаш да изгледаш одлично, но да не потрошиш многу време на тоа – ние гарантираме за неколку производи кои ти советуваме да ги одбереш. Со нив можеш да добиеш шминка која трае со часови и да изгледаш одлично без дополнително да го жртвуваш слободното време! 

  • Течна пудра Power StayТечна пудра Power Stay: овозможува совршен финиш и неверојатна трајност! Формулата е лесна и ѝ овозможува на кожата да дише, не бледнее, а притоа овозможува кадифен, матиран завршен ефект без размачкување. Веќе е достапна во 15 нијанси , така што со сигурност можеш да ја одбереш онаа која најмногу ти одговара!
  • Течен кармин Power StayТечен кармин Power Stay: револуционерен производ кој останува на усните и до 16 часа! Можеш да јадеш, да пиеш, да се смееш, па дури и да се бакнуваш, без грижи! Но тоа не се сите добри вести! Можеш да одбереш од 10 живописни, модерни бои. Со овој кармин ќе изгледаш свежо, заводливо и беспрекорно!