Македонија
    |         |         |    
Совршена маскара - AVON Македониjа

Совршена маскара: дали е воопшто можно да се пронајде?

Маскарата, заедно со карминот, е најчесто купуваниот козметички производ низ светот. Зошто го достигнала тоа ниво на бестселер и дали е можно да се пронајде една која би ја нарекле „совршената маскара“? Ние проверивме! 

Дали знаеше дека 7 од 10 жени никогаш не излегуваат од дома без да нанесат маскара? Може да заборават на течната пудра, камената пудра, карминот или моливчето за очи, но многу ретко ја прескокнуваат маскарата. Зошто сме толку приврзани за овој производ? А, како што излегува, историјата на маскарата е навистина долга!

Совршена маскара 1

Историја на маскарата

Уште одамна, старите Египќани ги боеле трепките, а обожавањето на очите и веѓите имало и други цели, освен убавината: се верувало дека тие се заштита од зли духови. Подоцната историја на овој популарен производ е уште поинтересна.

Маскарата е со нас многу одамна, а за пронаоѓањето на модерниот рецепт требало да поминат барем неколку десетици години. На почетокот, маскарите се состоеле од помал ролер и помада, што се нанесувала на необичен начин; вообичаено, производот не бил многу траен, а изгледал доста неуредно. Овие проблеми довеле до интензивна потрага по подобар начин да се нагласат трепките, без дамки од маскара насекаде околу очите и без размачкување секогаш кога ќе ги допреме трепките.

Развојот на козметичката индустрија, како и експериментирањето со маскарата, се должи на филмскиот свет. Актерките од старата филмска продукција требале да имаат поекспресивни лица, па заатоа целеле кон нагласување на нивните најдобри карактеристики. Прекрасно нагласените очи и усни биле водечките точки на старите филмови прикажани на големите платна.

Што прави маскарата за нас?

Речиси секоја жена има маскара во својот несесер, но кога ќе ја прашаме зошто е тоа така, како и зошто овој производ никогаш не излегува од мода, ќе ни биде потребно мало истражување за да го добиеме одговорот.

Успешната приказна на маскарата се базира на едноставноста во употребувањето. Модерните маскари може да се нанесат за неколку секунди, додека резултатот на „отворени“, нагласени очи и новиот изглед на лицето се многу моќен атрибут. Се вели дека очите се огледало на душата, а ова тврдење не е далеку од вистината. Светлиот и свеж поглед е секогаш енергичен, привлечен и посакуван.

Многу жени чувствуваат дека нивното лице не изгледа убаво без маскара; тие се толку навикнати на секојдневната употреба на маскара , што не можат да си го замислат светот без неа.

Совршена маскара 2

Кои квалитети ги има совршената маскара?

Потрагата по совршената маскара личи на потрагата по светиот пехар: многу слушнале за тоа, но никогаш не го виделе.

Кои се квалитетите на совршената маскара? Многу од жените ќе речат дека треба да ги направи трепките погусти, подолги, да им даде интензивна црна боја, да ги оддели и да ги извитка. Дали е толку едноставно? Не баш!

Многу производи нудат само празни ветувања за ефектот кој го оставаат на трепките.

Ние имаме одлични вести за тебе: новата маскара 5 во 1 Lash Genious од AVON ги исполнува ветувањата и ги надминува нашите очекувања. Ова е навистина совршен производ.

Што друго нуди овој производ? Не само што има совршена листа на состојки, туку и четкичка која го олеснува нанесувањето на маскарата и на горните и на долните трепки подеднакво.

Тешко е да се поверува? Провери самата! Ние сме убедени дека штом ќе ги видиш резултатите, ќе се заљубиш во оваа маскара токму како и ние!