Македонија
    |         |         |    
TTA роденден - AVON Македониjа

ТТА го прославува својот 15-ти роденден! Како најдобрите мириси на AVON се променија во текот на годините?

Avon Today Tomorrow Always – поврзаноста со мирисливото масло Нероли TTA (Today Tomorrow Always) е една од најсензуалните и најпосакувани колекции од мириси на AVON. Што ги прави овие мириси толку успешни и зошто TTA често се нарекува мирисот на љубовта?

„Кој би рекол дека TTA (Today Tomorrow Always) на AVON полни 15 години?!“ – вели Оливие Кресп, креаторот на парфемите. ТТА го опфаќа големото семејство на мириси за НЕА и за НЕГО. Зборот што го опишува овој бренд е љубов: возбудлива, страсна, хипнотизирачка љубов. Како и мирисите ТТА!

TTA роденден 1

Како мирисите се развиваа во текот на годините?

Мирисот ТТА е создаден пред многу години и поминал низ многу варијации, но сите тие имаат една нота што ги поврзува: мирисот од маслото Нероли.

Маслото Нероли се добива од цветот на портокалот и е познато во светот на парфемите уште од средниот век. Мирисот не само што е заводлив и прекрасен, туку и има својства на ароматерапија, познати од многу одамна. Експертите докажале дека ова масло го подобрува расположението, ги смирува нервите, опушта и ја зголемува самодовербата.

Дали знаеше дека...?

Цветот од портокал се смета за симбол на чистотата, плодноста и вечната љубов и во многу култури има важна улога, на пр. во венчалните церемонии.

Исто така, интересно е да се знае дека за да се добие 1л Нероли масло во индустријата за парфеми потребни се околу 1.000 кг цвет од портокал! Токму поради тоа, оваа состојка е толку скапоцена и ценета.

Мораме да го споменеме и креаторот на овие исклучителни мириси!

Оливие Кресп е суперѕвезда помеѓу парфимеристите.  Тој создавал за најдобрите брендови во светот, вклучувајќи ги: Диор, Долче и Габана, Версаче. Оние кои се вљубиле во ТТА потврдуваат дека тој го направил невозможното: ја преточил суштината на љубовта во мало шишенце парфем.

TTA роденден 2

Today Tomorrow Always – историја

„Еднаш многу одамна...“ – вака започнуваат многу приказни. Историјата на мирисите ТТА отсликува токму ваква приказна и го дели истиот почеток. Првиот мирис од серијата беше како првиот поглед – полн со исчекување и љубопитност кога немаме идеја што да очекуваме. Следната верзија го опишува моментот на вљубувањето, а верзиите потоа ја раскажуваат приказната за созреаната љубов и како да уживате во неа. Маслото од Нероли во средните ноти е алката што ги поврзува сите верзии на мирисот, но исто така, може да се забележат и пачули, роза и лимон во некои од нив.

Како љубовта се менува со текот на времето? Станува поизразена како што се развива и станува уште поскапоцена. Истото важи и за мирисите ТТА.

„Сфатив дека убавиот мирис не треба да биде комплексен – вели креаторот на мирисот  Оливие Кресп, - едноставната идеја може да се реализира преку најубавите состојки и да пренесе огромна возбуда и воодушевување.“

TTA Celebrate

Најновата композиција од серијата ТТА носи уште поинтригантна топлина и сензуалност. Женската верзија се состои од, освен маслото Нероли, цитрусни ноти, тубероза и бензоин. Машката верзија ги вклучува нотите од бергамот, лаванда, ванила и дабова мов.

Заедничката состојка, Нероли, го прави совршен избор за паровите што сакаат да ја истакнат нивната индивидуалност, како и нивната заедница.

„Ја добив  инспирацијата за ТТА кога ги гледав вљубените парови шетајќи низ улиците на Париз. Тие уживаат во нивната љубов секој момент  поминати заедно – вели Оливие Кресп. Вака настана мирисот што ја преточува љубовта во шишенце. По 15 години, на колекцијата му се приклучува новиот мирис Celebrate, што ја пренесува среќата, емоциите и блесокот во очите на вљубените парови.“