Македонија
    |         |         |    
Луксуз кој можеш да си го дозволиш - AVON Македониjа

Луксуз кој можеш да си го дозволиш! 3 работи кои можеш да си ги дозволиш независно од состојбата на твоите финансии.

Дали мислиш дека само богатите луѓе можат да си дозволат луксуз, а ти не? Ние ќе ти докажеме дека грешиш и ќе ти покажеме како луксузот може да биде достапен за секој од нас!

Луксузот не се состои од дијаманти и викенд-одмори на Сејшелските острови. Луксуз е сето она што нè тера да се чувствуваме посебно и достојно за најдобриот третман. И не мора да чини богатство! Подолу се наведени три работи во кои вреди да инвестираш денес, утре, следниот викенд, и без оглед на состојбата на твоите финансии.

Луксуз кој можеш да си го дозволиш
  1. Време

Непроценливо е и не е за продажба, а сепак може да се понуди. Ние често посветуваме време на безброј проблеми и одговорности. Обично се ставаме на последно место и ретко си овозможуваме квалитетно време само за себе. А сепак, самите ние треба да сме си најважни. Без да се грижиш за себе, не можеш да се грижиш за другите, па дури и ако сметаш дека времето посветено на себе е луксуз, едноставно треба да го најдеш и да го искористиш соодветно!

Како да најдеш време кога немаш време?

  • Одбери ги вистинските приоритети
  • Научи како да кажеш ,,не,,
  • Мисли на себеси како на некој за кој треба да се грижиш
  • Овозможи си себеси барем петнаесетина минути во денот, доколку не можеш повеќе.

Запомни: повторувањето е мајка на знаењето, па по некое време повторување, ќе се навикнеш на тоа и ќе ти стане пракса!

  1. Домашно СПА

И повторно: не треба да одиш на Сејшелите, ниту пак да ги посетиш луксузните хотели, дури и ако тие опции изгледаат привлечно. Можеш да организираш своја луксузна вечер во бањата, со твојот партнер или сама. Домашното СПА е одлична опција за вечер помината со пријателките, без некоја посебна причина! Дали ти се потребни неколку идеи?

Погледни некои од нашите совети:

  • Започни со бања - ароматичните соли ќе направат магија, или пак пробај со пенлив гел за бањање: сепак, бањата со меурчиња е сон на секоја принцеза
  • Запали свеќи во бањата. Исклучи го светлото бидејќи може да го расипе расположението, додека пак нежната свеќа е навистина сензуална, а впрочем – навистина дава чувство на релаксираност.
  • Стави ги пешкирите на парното: нема ништо попријатно од тоа да се завиткаш во топла крпа после бањата
  • Однапред подготви некои третмани за убавина и планирај го секој чекор, за да го избегнеш хаосот и да не брзаш.
  • СПА-вечерта треба да се состои од пријатни активности: маска за лице, ароматични креми и негувачка маска за коса. Отстранувањето на влакна или средувањето на ноктите остави го за некој друг пат.

 Луксуз кој можеш да си го дозволиш 2

  1. Мириси

Треба да ги споменеме парфемите. Мирисите имаат потполна моќ да влијаат на нас и можат радикално да го сменат не само нашиот изглед, туку и нашето расположение. Нежен допир на парфем на твојот зглоб може да направи да се чувствуваш навистина луксузно, дури и ако можеби ја немаш најмодерната чанта, или ако твоите вечерни планови не се состојат од посета на театарска премиера, туку само обично излегување со пријателките.

Кои мириси носат допир на луксуз? Тоа е индивидуално прашање, но сепак, обично она што нè асоцира на луксуз се аромите од Блискиот Исток, маслото од роза, мошус и пачули.

Дали чувствувате дека сакате нешто сосема ново? Пробајте го Rare Flowers Night Orhcid кој мами со арома на црна орхидеја и златна гарденија, со акцент на горчлив портокал. Композицијата е сензуална, топла, а сепак не премногу тешка. Проверете каде ќе ве однесе!