Македонија
    |         |         |    
Како да го сопреш опаѓањето на косата - AVON Македониjа

Како да го сопреш опаѓањето на косата? Нашиот водич за НЕА и НЕГО!

Губењето на косата е непријатна болест и - ајде да бидеме искрени тука – им претставува проблем и на дамите и на господата. Како да спречите опаѓање на косата и што да направите за да ја вратите во живот вашата гривапо зимата?

Косата паѓа и тоа е сосема нормален феномен - природниот животен век на човечката коса го предвидува фактот дека ние ќе ја изгубиме во одреден момент, а се додека опаѓањето не е премногу брзо или преобемно, нема зошто да се грижиш. Проблемот се јавува кога твојата коса станува значително послаба од ден на ден. Што да направиш во таков случај?!

  1. Проверка на лекар!

Ако ја изгубиш косата одеднаш и неочекувано, без очигледна причина, би било добро да го пријавиш тоа кај твојот лекар и да побараш објаснување. Можеби тоа е недостаток на одредени хранливи материи, нагло губење на тежината или хормонални промени? Состојбата на косата е важен показател за нашата целокупна физичка состојба! Тоа во никој случај не треба да се превиди!

Пред да закажеш термин и да почнеш да паничиш, запомни дека губењето на косата често корелира со период на транзиција, како што се сезонските промени, пост-породилниот период и лактацијата, како и секогаш кога ќе се доживее акутен стрес. Тоа не е секогаш сигнал за физички проблеми или болести!

Како да го сопреш опаѓањето на косата
  1. Обрни внимание на твојата рутуна за нега на косата!

Ова ги вклучува и наједноставните рутини. Многу луѓе не се свесни за тоа како правилно да ја четкаат косата. Четкањето и тегнењето на влажната коса, особено дехидрираната и заплеткана, може да ја оштети и да резултира со прекумерно губење на косата.

Препорачуваме да обрнуваш внимание на користената опрема. Колку често ја менуваш четката за заби? А што е со твојата четка за коса? Токму така ... Четките за коса, исто така се трошат и бараат соодветна грижа и чистење. Користењето само една во текот на долги години не е баш најдобра идеја. Обиди се да го запомниш ова, бидејќи четкањето на косата со употребувана опрема може да ги влоши симптомите на губење на косата и да го поттикне понатамошното ослабување на косата.

  1. Откажи се од интензивни третмани за коса

Кога се соочуваш со опаѓање на косата, би било добро да се откажеш од интензивните и инвазивни третмани за коса, како што се осветлувањето и боењето. Исто така, не би требало да ја оптоваруваш дополнително твојата коса со фактори кои можат да ја влошат нејзината состојба: откажи се од секојдневното исправување и виткање, остави ги овие третмани за посебни прилики. Можеш да ги скратиш врвовите на твојата коса. Потскратувањето од само 2-3 центиметри може видливо да помогне!

  1. Користи соодветна козметика

Кога ќе забележиш опаѓање на косата, тоа е совршено време за посегнување по некои хранливи состојки. Затоа препорачуваме користење на специјализирани производи во замена за секојдневните шампони и балсами. Пробај ја нашата Advanced Techniques колекција против опаѓање на косата. Особено го препорачуваме третманот против опаѓање на косата со биотин, колаген и хијалуронска киселина. 94% од корисниците ја потврдуваат ефикасноста на производот во борбата против опаѓањето на косата, како и во спречувањето тоа да се случи во иднина!

 Како да го сопреш опаѓањето на косата 2

  1. Фокусирај се на (внатрешна!) исхрана

Не е важна само надворешноста. Ако хранливите материи не стигнат до твојата коса одвнатре, нема да се забележи никакво подобрување. Што да јадеш за да ја забрзаш регенерацијата на косата? Темнозелениот зеленчук, јајцата и живината која изобилува со протеини би требало да помогнат во обновувањето, како и зрнестите плодови и сировите какао зрна богати со магнезиум и биотин.

  1. Избегнувај сонце!

Активните сончеви зраци можат негативно да влијаат на состојбата на косата. Ако тоа го комбинираш со базен или морска вода и ја занемаруваш рутинската грижа, твојата коса може да стане прилично слаба по одморот. Токму затоа препорачливо е да  користиш капи, шешири и ... ефикасен балсам кој ќе ја обнови косата по летните екстремни услови.

  1. Не дозволувај да те убедат дека ништо не може да се направи!

Оваа точка ја посветуваме на оние од вас кои тврдат дека не постои ништо што може да се направи кога косата паѓа. Ова не е вистина! Сепак, советуваме да почнете со грижата однапред и да не препуштате баш сè на природниот тек. Ако проблемите со опаѓањето на косата влијаат и на вас - дејствувајте! Како и обично, полесно е да се спречи отколку да се излечи, а губењето на косата може подобро да се спречи пред целосно да започне!