Македонија
    |         |         |    
Како да го сопреш опаѓањето на косата - AVON Македониjа

Тајните на заведувањето, односно што е она што нѐ возбудува и како треба да го користиме?

Ах, кога би ги знаеле тајните на заведувањето! Ситуации кои прават срцето да чука побрзо и ги будат пеперутките во стомакот! Би можеле да го искористиме таквото знаење, барем делумно. Што да направиш за да ги возбудиш твоите сетила и да почувствуваш жешко и диво лето во твоето срце?

Решението е прилично едноставно и не вклучува никакви магични и романтични волшепства, туку искористување на она што веќе го имаме. Чувствата за видот, слухот, допирот, мирисот - сите тие можат да нѐ возбудат. И ова не се однесува само на летните авантури, туку и на старите добри врски!

Како да се обнови овој оган? Како да ги разбудиме сите пет сетила?

  1. Сетило за вид: што гледаш?

Не се само мажите визуелни суштества! Ние, жените, исто така, обрнуваме големо внимание на она што го гледаме! Ако сакаш твојот партнер да лудува за тебе, цени ги и согледај ги твоите предности. Тоа не значи дека треба да се истакнеш претерано. Малку мистерија е добра за имагинацијата - меѓутоа, од суштинско значење е да престанеш да обрнуваш внимание на твоите слаби точки и да се фокусираш на она што го сакаш и сметаш за привлечно. Што и да гледаш, твојот партнер или потенцијален партнер ќе го забележи и цени истото.

Тајните на заведувањето
  1. Сетило за слух: што слушаш?

Се сеќаваш ли на моментите кога шепотот, зборот или комплиментот буквално ти дадоа крилја? Зборовите носат сила, а тоа ја вклучува моќта на заведување! Разговарајте едни со други, не само на романтичен состанок, туку и кога ќе танцувате, или дури ... во спална соба! Тоа е многу привлечно и сензуално во секоја врска!

  1. Сетило за мирис

Ова има огромна и често потценета моќ! Мирисот може да нè шармира, да направи да трепериме од желба, да ја разгори имагинацијата, но исто така може да нѐ одврати или да нѐ обесхрабри при запознавањето со некого.

Тоа е широко познат факт: парфемите кои вклучуваат ноти на кожа, мошус или ориентални ароми, најчесто се поврзани со флертувањето и заведувањето! Тоа се исто така и главните ноти во новата Attraction колекција за НЕГО и за НЕА. Пробај ги и дозволи да те заведат!

 Тајните на заведувањето 2

  1. Сетило за допир

Може ли да има нешто поволшебно од нежен допир на кожата, суптилен бакнеж? Чувствотото на контакт има прекрасна моќ во уметноста на заведувањето. Добро е да си дадеш време да ги доживееш и навистина да уживаш во можностите што ти ги дава твоето тело. Нежно ракување или едноставна прегратка е начинот на кој сето тоа започнува!

  1. Сетило за вкус

Го оставивме за десерт, но тоа не го прави помалку важно. Вкусот завзема круцијално место во уметноста на заведувањето. Ако сакаш да заведеш некого, запомни дека некој го освојува срцето и преку стомакот. Чаша добро вино во комбинација со романтично расположение се украс на секој таков обид за заведување.