3 причини зошто да го промениш твојот парфем ова лето! Дознај зошто ова навистина вреди!
Летото е зад аголот, а топлите вечери нè тераат да мислиме на сите посебни месеци што нè чекаат. Ја менуваме нашата облека и инвестираме во летни додатоци. Па, зошто и да не ги менуваме нашите парфеми соодветно?
Сите оние кои обожуваат парфеми, веќе добро знаат дека совршено вклопениот мирис може да направи чуда. Не е претерано да кажеме дека добро комбинираниот мирис може да ни влее самодоверба, свежина, па дури и да не поттикне да бидеме поактивни и да ја намалиме телесната тежина! Цитрусните мириси, фаворити на многу девојки, ни носат токму такви резултати.
Зошто е добро да го вклопиш твојот парфем со сезоната, на ист начин како што ја вклопуваш и твојата облека? Дознај повеќе!
-
Не постојат универзални парфеми
Нема мириси што одговараат за секаде, без оглед на сезоната, пригодата или расположението. Дали го носиш истиот фустан цела година? Или пак истиот капут?
Парфемот е важен елемент на индивидуалниот стил и не треба да го потценуваме неговиот потенцијал. Универзалните мириси стануваат досадни многу брзо, бидејќи им недостасува нагласена особеност.
Секако дека е препорачливо да имаш мирис кој ти е омилен, но дозволено е од време на време да пробаш и по нешто ново и да си дозволиш да го промениш парфемот.

-
Летниот мирис треба да се разликува од зимскиот
Во зима избираме топла облека, додека пак за време на летото се облекуваме многу поинаку. Истото правило важи и за мирисите. Топлите и тешки зимски ноти служат за да не обвиткаат, загреат и да нѝ дадат енергија. Но, имаме други потреби во лето.
Вреди да се размисли дека парфемите мирисаат поинаку на кожата загреана од сонцето и дека тешките композиции што ги користиме во текот на зимата едноставно може да изгледаат премногу силни во текот на летото.
-
Проментата може да е добра за нас
Нашите носеви брзо се привикнуваат на специфични ароми. Затоа не ги чувствуваме сопствените парфеми, дури и кога тие се чисти и интензивни за другите луѓе. Но, ова не е единствениот аргумент за промена на мирисот.
Разновидноста во животот не треба да е присутна само во исхраната, модата или шминката. Новите мириси нè стимулираат поинаку отколку оние на кои сме навикнале: тие можат да нè поддржат во промените или едноставно да го подобрат нашето расположение. Не плаши се од промена! Покрај тоа, светот на мириси навистина изобилува со огромен избор; зошто би се ограничувала?

-
Кој летен парфем треба да го одбереш?
Се разбира, треба да ги следиш твоите сопствени преференции, но остани отворена. Вообичаено, парфимеристите препорачуваат полесни и посвежи композиции за лето.
Кои ароми најверојатно ќе ги пронајдеш таму? Цитруси, цвеќиња, овошје, но исто така и бранови на свежина или ноти кои ти ги будат летните спомени.
За дамите оваа сезона го препорачуваме Avon Surreal Island, мирисот кој те пренесува на сончевиот остров од соништата. Како мириса? Црвени овошки, божур и јасмин самбак. Основата се состои од ноти од бадем и слатко зрно тонка.
Корисно е да го убедиш твојот партнер да направи неколку промени заедно со тебе. Мажите обично не ја менуваат својата козметика или парфеми и често го користат истиот мирис со години! Обиди се суптилно да го убедиш во промена, на пример, вообичаено е откако ќе ги почувствува нотите на новиот мирис, истиот да му се допадне и да посака да го има.
Што препорачуваме за НЕГО ова лето? Avon Individual Blue Sunset е одличен избор: ноти на блескав цитрус, златен течен килибар, сина лагуна и дрвенести ноти. Композицијата е свежа и сензуална и може да го задоволи секој човек, без оглед на неговата возраст.