Македонија
    |         |         |    

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

 

  1. За оваа Изјава за приватност

Оваа Изјава за приватност се однесува на Друштвото за трговија и услуги АВОН КОЗМЕТИКС ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Кукушка, бр.8, 1000 Скопје, Република Северна Македонија („Авон“, „ние“, „нашите”).

Оваа Изјава за приватност објаснува како и зошто вашите лични податоци се обработуваат од страна на Авон кога дејствувате како Независен Авон Претставник или Координатор (менаџер за продажби / лидер за продажби) или кога го користите нашиот веб-сајт https://www.avoncosmetics.com.mk/ (“Вебсајтот”). 

Треба да ја прочитате оваа Изјава за приватност, за да знаете кои лични податоци ги собираме за вас, што правиме со нив и како можете да ги остварите вашите права во врска со тоа.

 

  1. Кој е одговорен за вашите лични податоци

Ние сме контролор во однос на сите лични податоци што ни ги давате преку Вебсајтот. Ова значи дека Авон одлучува за кои цели и на кои начини се обработуваат вашите лични податоци.

Авон не контролира ниту е одговорен за собирање, користење или откривање на лични податоци од страна на Независни Авон Претставници, вклучително и за собирање, користење или откривање на лични податоци за маркетинг цели. Доколку давате податоци на Независен Авон Претставник преку Вебсајтот, Авон ќе има пристап до истите и ќе постапува со нив во согласност со оваа Изјава за приватност. Независните Авон Претставници можат да му дадат на Авон лични податоци за лицата на кои им ги доставуваат производите на Авон. Во тој случај, Авон ќе постапува со тие податоци во согласност со оваа Изјава за приватност од моментот кога ќе бидат доставени до Авон. Ако ова се однесува на вас, треба директно да проверите кај вашиот Независен Авон Претставник за да дознаете за неговата пракса за заштита на податоците.

Личните податоци на Независните Авон Претставници може да бидат обработувани и од страна на Координаторите како независни контролори на вашите лични податоци. Ова значи дека Координаторите можат, независно од деловното работење на Авон, да ги обработуваат вашите лични податоци за целите за кои тие одлучуваат и на начин на кој тие одлучуваат. На пример, вашите лични податоци може да бидат обработени од страна на Координаторите за да им овозможат да го поддржат вашиот бизнис со Авон. Координаторите генерално ќе ги користат вашите лични податоци на начин кој е компатибилен со оваа Изјава за приватност. Доколку ги користат вашите лични податоци на поинаков начин, од нив се бара да ви дадат дополнителни информации за приватноста за да се усогласат со нивните сопствени законски обврски според прописите за заштита на личните податоци.

 

  1. Лични податоци што ги собираме за вас

Кога го користиме поимот „лични податоци“ во оваа Изјава за приватност, мислиме на информации што се однесуваат на вас и ни овозможуваат да ве идентификуваме, или директно или во комбинација со други информации што може да ги имаме.

 

А) За Независни Авон Претставници или Координатори:

Вашите податоци ги добиваме директно од вас или од Координаторите кои може да ни ги обезбедат.

Може да ги собираме следните лични податоци за вас:

  • Вашето име и детали за контакт (титула, презиме, име, кое било друго име(и), поштенска адреса, алтернативна адреса за испорака, адреса за е-пошта, телефонски броеви), како и какви било единствени идентификатори што ви ги доделил Авон (на пр. претставнички број), и каква било фотографија на профил што вие ќе ја прикачите на нашите системи.
  • Вашиот датум на раѓање
  • Вашите банкарски податоци
  • Информации за вашите купувања од Авон, евиденција за провизии и попусти и информации за вашата линија за известување, како и информации за вашите преференции за одредени видови производи
  • Комуникации што ги разменувате со нас (на пример, вашите пораки по е-пошта, писма, повици или објави и пораки на социјалните мрежи. Ова може да вклучува комуникации со Координаторите кои се споделени со нас)

 

Б) За посетители на Вебсајтот:

 

Ги добиваме податоците за вас директно од вас преку Вебсајтот.

  1. Кога го користите Вебсајтот за да аплицирате да станете Независен Авон Претставник или да се регистрирате како Независен Авон Претставник со одложено плаќање, може да ги собираме следните лични податоци за вас:
  • Вашето име и презиме и податоци за контакт (поштенска адреса, град, адреса на е-пошта, телефонски број);
  • какви било уникатни идентификатори доделени за вас од страна на Авон (на пр. претставнички број).
  1. Кога го користите Вебсајтот за да аплицирате да станете Координатор, може да ги собереме следните лични податоци за вас:
  • Вашето име, средно име и презиме;
  • Дата на раѓање;
  • податоци за контакт (поштенска адреса, град, адреса на е-пошта, телефонски број);
  • какви било уникатни идентификатори доделени за вас од страна на Авон (на пр. претставнички број).
  1. Кога го користите Вебсајтот за да најдете Независен Авон Претставник, може да ги собереме следните лични податоци за вас:
  • Вашето име презиме и податоци за контакт (поштенска адреса, град, адреса на е-пошта, телефонски број);
  • Какви било уникатни идентификатори доделени за вас од страна на Авон (на пр. претставнички број).
  1. Кога го користите Вебсајтот за да контактирате со Авон за да поставите прашање или барање, или да закажете состанок со Авон, може да ги собереме следните лични податоци за вас:
  • Вашето име и презиме и адреса на е-пошта;
  • Какви било уникатни идентификатори доделени за вас од страна на Авон (на пр. претставнички број) доколку е применливо.
  • Други информации што може да ги обезбедите
  1. Кога го користите Вебсајтот за да се претплатите на листа со адреси на е-пошта за да добивате информации за понудите и производите на Авон, може да ги собереме следните лични податоци за вас:
  • Вашето име и адреса на е-пошта

 

В) Колачиња   

За секој што го користи Вебсајтот, може да собираме информации за тоа како го користите нашиот Вебсајт или нашите мобилни апликации. Ние користиме колачиња и други слични технологии (како што се Flash LSO и пикселни тагови) на нашиот Вебсајт и мобилни апликации. Колачињата се мали делови од информации складирани од вашиот прелистувач на хард-дискот на вашиот компјутер. Тие ви овозможуваат да се движите на нашиот Вебсајт или апликации и ни дозволуваат да обезбедиме функционалности, како на пример да останете најавени на нашиот Вебсајт. За повеќе информации за тоа како користиме колачиња и како можете да ги отстраните, прочитајте ја нашата Политика за колачиња.

 

  1. Како и зошто ги користиме личните податоци што ги собираме и како ни е законски дозволено да го правиме тоа

 

  1. A) За Независни Авон Претставници и Координатори:

Ги користиме вашите лични податоци за следниве цели:

  • За да ги исполнуваме вашите нарачки, да обезбедиме соодветни провизии, попусти и стимулации и да управуваме со вашиот профил на Претставник

Кога ќе нарачате од кај нас, ние ги користиме вашите лични податоци за да ја спроведеме таа нарачка и да обезбедиме соодветни провизии, рабати, попусти и стимулации. Оваа обработка на вашите податоци е неопходна за исполнување на нашите договорни обврски кон вас и за остварување на нашите права од таквата договорна обврска.

Ние, исто така, може да ги користиме вашите податоци за да извршиме проверка на идентитетот пред да ви обезбедиме кредит за нашите производи; и кредитна проверка за исполнување или заштита на кое било правно барање, вклучително и за наплата на кој било долг што го должите, со цел да ги исполниме нашите легитимни деловни интереси за да се осигураме дека можеме соодветно да ги остваруваме нашите законски права.

  • За да комуницираме со вас и да управуваме со нашиот однос со вас

Може да ве контактираме преку е-пошта, СМС или телефон од административни или оперативни причини, на пример, со цел да ви испратиме потврда за вашата нарачка и вашите плаќања. Ова е за да ги исполниме нашите легитимни деловни интереси за споделување релевантни информации со вас и да се осигураме дека сте во тек со вашите нарачки.

  • За да го персонализираме и подобриме на вашето искуство на Претставник

Ние може да ги користиме вашите лични податоци со цел да ја прилагодиме нашата услуга на вашите потреби и преференции и да ви обезбедиме персонализирано искуство на Претставник. На пример, може да ни дадете специфични преференции за испорака за тоа каде треба да се остави вашата нарачка. Ова е за да ги исполниме нашите легитимни деловни интереси да ви покажеме производи што ќе бидат најкорисни за вас и да одговориме најефективно на сите прашања што ги имате.

  • За да ве информираме за нашите производи и понуди кои може да ви се допаднат

За да ви помогнеме да ги продавате Авон производите на вашите купувачи, може да ве контактираме преку е-пошта, СМС или телефон за нашите производи и понуди. Може да ги користиме информациите што ги имаме за вас (вклучувајќи ја вашата историја на купување) за да изградиме профил за вашите преференци и да ви испраќаме производи и понуди прилагодени за вас за да се осигураме дека најефикасно го водиме нашиот бизнис. Ова е за да ги исполниме нашите легитимни деловни интереси за ефективен маркетинг на нашите производи, да помогнеме да се промовира свесноста за Авон производите и да ви помогнеме да го изградите вашиот бизнис со Авон. Доколку не сакате да добивате маркетинг комуникации од нас, ве молиме контактирајте не.

  • За да ги подобриме нашите услуги, да ги исполниме нашите административни цели и да ги заштитиме нашите деловни интереси

Деловните цели за кои ќе ги користиме вашите лични податоци вклучуваат сметководство, фактурирање, ревизија, проверка на идентитет и кредитни проверки (преку користење на кредитна референтна агенција), проверка на измама, безбедност, безбедносни и правни цели, статистичка и маркетинг анализа, тестирање на системи, одржување, развој и администрирање на гаранцијата за производите на Авон и сите други права, законски или други, за враќање на производите. Може да користиме и податоци за навигација на веб-страни за да ги следиме нашите веб-страни и да ги подобриме. Ова ќе ја вклучи употребата на вашите лични податоци за усогласување со нашите законски обврски, на пример, нашата обврска да водиме даночна евиденција. Онаму каде што не постои конкретна законска обврска што треба да ја исполниме, ние ги обработуваме овие лични податоци за да ги исполниме нашите легитимни интереси за управување со нашиот бизнис и одржување на точна и ажурирана евиденција.

  • За да водиме конкурси

Ние организираме одредени конкурси и ќе треба да го обработиме вашето име, детали за контакт и одредени други информации што ги имаме за вас како Претставник доколку учествувате, како и да ве известиме дали сте победиле. Специфичните употреби на личните податоци во овој контекст ќе бидат детално опишани во правилата за конкурсот. Оваа обработка ќе биде врз основа на вашата согласност, доколку изберете да учествувате во конкурсот, која може да се повлече во секое време преку контактирање со нас.

Ако сте Координатор, покрај за целите наведени погоре, Авон може да ги користи вашите лични податоци за поддршка на бизнисите на други Независни Авон Претставници и Координатори, а особено за известување за податоците за продажните перформанси.

Доколку приговарате на користењето на вашите лични податоци за исполнување на некоја од целите наведени погоре, ве молиме контактирајте со нас. Иако вашата одлука да ги дадете вашите лични податоци на Авон е генерално доброволна, доколку не дадете одредени информации, Авон нема да може да постигне некои од целите наведени во оваа Изјава за приватност. На пример, треба да го знаеме вашето име и поштенска адреса пред да можеме да ви презентираме производи и треба да ги знаеме вашите детали за плаќање за да можеме да извршиме плаќања од вас кога купувате производи.

  1. B) За посетители на Вебсајтот:
  2. Кога го користите Вебсајтот за да аплицирате да станете Независен Авон Претставник или да се регистрирате како Независен Авон Претставник со одложено плаќање, ние ги користиме вашите лични податоци за следните цели:

 

  • За обработка на вашата апликација или барање за регистрација како Независен Авон Претставник

Ние ги користиме вашите лични податоци за да утврдиме дали можете да дејствувате како Независен Авон Претставник. Оваа обработка на вашите податоци е неопходна за да ги преземеме соодветните чекори на ваше барање пред стапување во договорна обврска со нас да дејствувате како Независен Авон Претставник.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да аплицирате да станете Координатор, ние ги користиме вашите лични податоци за следните цели:
  • За обработка на вашата апликација за да станете Координатор

Ние ги користиме вашите лични податоци за да утврдиме дали можете да дејствувате како Координатор. Оваа обработка на вашите податоци е неопходна за да ги преземеме релевантните чекори на ваше барање пред да стапиме во договорна обврска со нас да дејствувате како Координатор.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да најдете Независен Авон Претставник, ние ги користиме вашите лични податоци за следните цели:
  • За да ве поврземе со соодветен Независен Авон Претставник

Ние ги обработуваме вашите лични податоци за да идентификуваме Независен Авон Претставник и да ви помогнеме да остварите контакт со него, на ваше барање. За оваа цел ни е дозволено да ги обработуваме вашите податоци поради согласноста што ни ја давате. Доколку не сакате да добивате таква комуникација од нас, ве молиме контактирајте не.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да контактирате со Авон за да поставите прашање или барање, или да закажете состанок со Авон, ние ги користиме вашите лични податоци за следните цели:
  • За управување или решавање за вашето прашање или барање или да закажеме состанок со вас

Ние ги обработуваме само личните податоци кои се неопходни за управување или решавање на вашето прашање или барање. Сметаме дека имаме легитимен интерес да одговориме на барањата или прашањата поставени од вас и дека тоа е исто така корисно за вас до степен до кој ни овозможува да ви помогнеме со одговарање на поставените прашања. Кога вашето барање е поврзано со остварувањето на вашите права согласно оваа Изјава за приватност, законски ни е дозволено да ги обработуваме вашите податоци заради исполнување на нашите законски обврски.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да се приклучите на листата за електронска пошта за да добивате информации за понудите и производите на Авон, ние ги користиме вашите лични податоци за следните цели:
  • Да ве информираме за нашите производи и понуди кои можеби ќе ви се допаднат

Можеме да ве контактираме за нашите производи и понуди. Законски ни е дозволено да ги обработуваме вашите податоци за маркетинг цели поради согласноста што ни ја давате. Доколку не сакате да добивате маркетинг комуникации од нас, ве молиме контактирајте не.

Доколку приговарате на користењето на вашите лични податоци за исполнување на некоја од целите наведени погоре, ве молиме контактирајте со нас. Иако вашата одлука да ги дадете вашите лични податоци на Авон е генерално доброволна, доколку не дадете одредени информации, Авон нема да може да постигне некои од целите наведени во оваа Изјава за приватност.

 

  1. Како можеме да ги споделиме или пренесеме податоците што ги собираме
  1. A) За Независни Авон Претставници и Координатори:

Може да ги споделиме вашите лични податоци со:

  • Авон купувачи или потенцијални купувачи кои бараат помош од Независен Авон Претставник ;
  • Авон Координатори / Зонални Менаџери;
  • Други друштва од групацијата на Авон (за листа на овие друштва видете https://www.avonworldwide.com/countries.html);
  • добавувачи кои ни обезбедуваат услуги со цел да ни помогнат да го водиме нашиот бизнис и да ги подобриме нашите услуги, како и вашето искуство како независен претставник за продажба (како што се агенции за кредитни референци кои вршат проверки на кредит и идентитет за нас);
  • на страна која не стекнува нас, даватели на услуги или други трети страни во врска со разгледување, преговарање или завршување на трансакција во која сме купени или споени со друго друштво или на која ние продаваме, ликвидираме или пренесуваме сите или дел од нашите средства;
  • до трети лица даватели на услуги, вклучително и добавувачи на системот за е-пошта и ИТ поддршка и добавувачи за одржување на ИТ системи; и
  • државни органи, како што се бара со закон.

 

Ова споделување ќе биде за целите наведени погоре (вклучувајќи ангажман на даватели на услуги од трета страна, кои може да дејствуваат како контролори на вашите лични информации) или за исполнување на посебните законски обврски што ги имаме.

Авон користи соодветни заштитни мерки за заштита на личните податоци кои се пренесуваат во земји надвор од Европската економска област за кои се смета дека обезбедуваат пониско ниво на заштита на личните податоци. Стандардните договорни клаузули одобрени од Европската комисија и други законски прифатливи механизми за пренос се воспоставени со наш добавувач на систем на обезбедување на е-пошта и системи за ИТ поддршка и одржување. Контактирајте со нас користејќи ги деталите наведени подолу за да видите копија од соодветните заштитни мерки.

 

Б) За посетители на Вебсајтот:

  1. Кога го користите Вебсајтот за да аплицирате да станете Независен Авон Претставник или да се регистрирате како Независен Авон Претставник со одложено плаќање, ние може да ги споделиме вашите лични податоци со:
  • Координатори / Зонални Менаџери;
  • други друштва од групацијата на Авон (за листа на овие друштва видете https://www.avonworldwide.com/countries.html);
  • добавувачи кои ни обезбедуваат услуги со цел да ни помогнат да го водиме нашиот бизнис и да ги подобриме нашите услуги, како и вашето искуство како независен претставник за продажба (како што се агенции за кредитни референци кои вршат проверки на кредит и идентитет за нас);
  • на страна која не стекнува нас, даватели на услуги или други трети страни во врска со разгледување, преговарање или завршување на трансакција во која сме купени или споени со друго друштво или на која ние продаваме, ликвидираме или пренесуваме сите или дел од нашите средства;
  • трети лица даватели на услуги, вклучително и добавувачи на системот за е-пошта и ИТ поддршка и добавувачи за одржување на ИТ системи; и
  • државни органи, како што се предвидува со закон.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да аплицирате за да станете Координатор, можеме да ги споделиме вашите лични податоци со:
  • Зонални Менаџери;
  • други друштва од групацијата на Авон (за листа на овие друштва видете https://www.avonworldwide.com/countries.html);
  • добавувачи кои ни обезбедуваат услуги со цел да ни помогнат да го водиме нашиот бизнис и да ги подобриме нашите услуги, како и вашето искуство како независен претставник за продажба (како што се агенции за кредитни референци кои вршат проверки на кредит и идентитет за нас);
  • на страна која не стекнува нас, даватели на услуги или други трети страни во врска со разгледување, преговарање или завршување на трансакција во која сме купени или споени со друго друштво или на која ние продаваме, ликвидираме или пренесуваме сите или дел од нашите средства;
  • трети лица даватели на услуги, вклучително и добавувачи на системот за е-пошта и ИТ поддршка и добавувачи за одржување на ИТ системи; и
  • државни органи, како што се предвидува со закон.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да најдете Независен Авон Претставник, ние може да ги споделиме вашите лични податоци со:
  • Авон Координатори / Зонални Менаџери / Независни Авон Претставници;
  • други друштва од групацијата на Авон (за листа на овие друштва видете https://www.avonworldwide.com/countries.html);
  • добавувачи кои ни обезбедуваат услуги со цел да ни помогнат да го водиме нашиот бизнис и да ги подобриме нашите услуги;
  • на страна која не стекнува нас, даватели на услуги или други трети страни во врска со разгледување, преговарање или завршување на трансакција во која сме купени или споени со друго друштво или на која ние продаваме, ликвидираме или пренесуваме сите или дел од нашите средства;
  • трети лица даватели на услуги, вклучително и добавувачи на системот за е-пошта и ИТ поддршка и добавувачи за одржување на ИТ системи; и
  • државни органи, како што се предвидува со закон.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да контактирате со Авон за да поставите прашање или барање, или да закажете состанок со Авон, ние може да ги споделиме вашите лични податоци со:
  • Координатори / Зонални Менаџери;
  • други друштва од групацијата на Авон (за листа на овие друштва видете https://www.avonworldwide.com/countries.html);
  • на страна која не стекнува нас, даватели на услуги или други трети страни во врска со разгледување, преговарање или завршување на трансакција во која сме купени или споени со друго друштво или на која ние продаваме, ликвидираме или пренесуваме сите или дел од нашите средства;
  • трети лица даватели на услуги, вклучително и добавувачи на системот за е-пошта и ИТ поддршка и добавувачи за одржување на ИТ системи; и
  • државни органи, како што се предвидува со закон.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да се приклучите на листата за е-пошта за да добивате информации за понудите и производите на Авон, ние може да ги споделиме вашите лични податоци со:
  • други друштва од групацијата на Авон (за листа на овие друштва видете https://www.avonworldwide.com/countries.html);
  • на страна која не стекнува нас, даватели на услуги или други трети страни во врска со разгледување, преговарање или завршување на трансакција во која сме купени или споени со друго друштво или на која ние продаваме, ликвидираме или пренесуваме сите или дел од нашите средства;
  • трети лица даватели на услуги, вклучително и добавувачи на системот за е-пошта и ИТ поддршка и добавувачи за одржување на ИТ системи; и
  • државни органи, како што се предвидува со закон.

 

Ова споделување ќе биде за целите наведени погоре (вклучувајќи ангажман на даватели на услуги од трета страна, кои може да дејствуваат како контролори на вашите лични информации) или за исполнување на посебните законски обврски што ги имаме.

Авон користи соодветни заштитни мерки за заштита на личните податоци кои се пренесуваат во земји надвор од Европската економска област за кои се смета дека обезбедуваат пониско ниво на заштита на личните податоци. Стандардните договорни клаузули одобрени од Европската комисија и други законски прифатливи механизми за пренос се воспоставени со наш добавувач на систем на обезбедување на е-пошта и системи за ИТ поддршка и одржување. Контактирајте со нас користејќи ги деталите наведени подолу за да видите копија од соодветните заштитни мерки.

 

В) Вебсајтови на трети страни

Ако изберете да пристапите на вебсајтови на трети страни преку нашиот Вебсајт, третите страни може да собираат информации за вашето користење на нашиот Вебсајт, со примена на одредени технологии достапни за нив, на пример, колачиња. Слично на тоа, кога ќе изберете да имате интеракција со содржините на Авон на социјалните медиуми, трети страни може да собираат информации за овие интеракции. Информациите собрани од овие услуги на трети страни се регулирани со политиките за приватност на тие трети страни. Онаму каде што сте упатени на вебсајтови на трета страна од страна на Авон, Авон е одговорен за обработката на вашите лични податоци од таа трета страна само таму каде што третата страна ги обработува вашите лични податоци според упатствата од Авон.

 

  1. Колку долго ги чуваме вашите лични податоци

 

  1. A) За Независни Авон Претставници и Координатори:

Вашите лични податоци ќе се користат и чуваат од страна на Авон за времетраењето на вашата соработка со Авон и за потребниот период после тоа, за да се земат предвид сите тековни обврски што можеби ги имаме (на пр. да ги чуваме информациите за сметководствени цели), или периодот потребен за да се остварат или да се бранат какви било правни барања. Доколку сакате поконкретни временски рокови, ве молиме контактирајте не. Ќе престанеме да ги обработуваме вашите податоци за директен маркетинг, вклучително и какви било активности за профилирање, доколку се спротивставите на таквата обработка на вашите податоци или ако ја повлечете вашата согласност за обработка, каде што претходно е добиена вашата согласност.

Б) За посетители на Вебсајтот:

  1. Кога го користите Вебсајтот за да аплицирате да станете Независен Авон Претставник или да се регистрирате како Независен Авон Претставник со одложено плаќање, доколку апликацијата е успешна, вашите лични податоци ќе се користат и чуваат од страна на Авон онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани. Доколку не станете Независен Авон Претставник, вашите лични податоци ќе бидат избришани од страна на Авон во рок од 90 дена.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да аплицирате за да станете Координатор, вашите лични податоци ќе се користат и чуваат од страна на Авон онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да најдете Независен Авон Претставник, вашите лични податоци ќе се користат и чуваат од страна на Авон онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да контактирате со Авон за да поставите прашање или барање, или да закажете состанок со Авон вашите лични податоци ќе се користат и чуваат од страна на Авон онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани.

 

  1. Кога го користите Вебсајтот за да се приклучите на листата за е-пошта за да добивате информации за понудите и производите на Авон, вашите лични податоци ќе се користат и чуваат од страна на Авон онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани, односно додека не побарате да престанете да добивате такви информации.

 

  1. Вашите обврски
  • За да обезбедиме вашите лични податоци да се ажурирани, ве молиме навремено да не информирате за какви било промени на вашите лични податоци.
  • Како Независен Авон Претставник, вие сте законски одговорни за личните податоци што ги поседувате во текот на вашето работење а кои припаѓаат на купувачи, други Независни Авон Претставници, Координатори и кои било други поединци. Ова е единствена компонента на односот со директен продавач. Вие се согласувате да се придржувате до сите важечки прописи за заштита на лични податоци во однос на личните податоци собрани, примени, обработени и складирани од ваша страна. Вие нема да користите никакви лични податоци за која било цел што е некомпатибилна со оваа Изјава за приватност.

 

  1. Вашите права

Имате право да побарате од Авон пристап до личните податоци што ги имаме за вас и да ги исправиме сите неточни лични податоци што ги имаме за вас. Вие, исто така, може да имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци, право на приговор на обработката на вашите податоци, право на преносливост на вашите лични податоци на друг контролор или да ги избришете вашите лични податоци, како и право да не да бидете предмет на одлука заснована исклучиво на автоматизирана обработка, сето тоа под условите предвидени во важечките прописи за заштита на личните податоци. Исто така, имате право да поднесете барање за заштита на вашите права во однос на вашите лични податоци и до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

Онаму каде што обработката на вашите податоци се заснова на ваша согласност, имате право да ја повлечете вашата согласност во секое време, без да влијае тоа на законитоста на обработката заснована на согласноста пред нејзиното повлекување.

Ако имате проблем или поплака во однос на тоа како постапуваме со вашите лични податоци, ве молиме стапете во контакт со нас.

 

  1. Дополнителни информации за потенцијалните Независни Авон Претставници

Кога ги давате вашите лични податоци на Авон или на Координатор / Зонален Менаџер на Авон за цел да се распрашате за да станете Независен Авон Претставник, вашите лични податоци може да се споделат со Авон или со Координатор / Зонален Менаџер на Авон исклучиво за да стапат во контакт со вас и да разговараат со вас околу тоа како се станува Независен Авон Претставник. Ова може да биде преку електронски средства, вклучувајќи е-пошта, телефон, СМС, ММС и социјални медиуми. Ако не станете Независен Авон Претставник, вашите лични податоци ќе бидат избришани од Авон во рок од 90 дена.

 

  1. Како да не контактирате

Доколку имате какви било прашања, коментари или барања во врска со оваа Изјава за приватност, можете да не контактирате нас и нашиот офицер за заштита на лични податоци Даниела Лазаревска преку е-пошта на: mk.info@avon.com или преку редовна пошта до Друштво за трговија и сервиси АВОН КОЗМЕТИКС ДООЕЛ Скопје на ул.Кукушка“ бр.8, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

  1. Измени на оваа Изјава за приватност

Одвреме-навреме може да правиме измени на оваа Изјава за приватност. Секоја нова верзија на оваа Изјава за приватност ќе ја објавиме на нашиот Вебсајт.

Последно ажурирано на: 31.03.2022 година