Македонија
    |         |         |    
Вистинска промена по летото - AVON Македониjа

Вистинска промена по летото: како да го поминеш одморот за да се вратиш со нова енергија?

Летниот одмор е навистина специјален период. Го чекаме со месеци и ги планираме нашите патувања, екскурзии или викенди. Спротивно на народните верувања, најдоброто време за промени, одлуки и размислување што сме изгубиле во секојдневниот брз ритам не е почетокот на годината, туку паузата за годишен одмор. Како да го постигнеме тоа? Како да уживаме во овој период и да се наполниме со енергија за периодот што доаѓа по одморот? Ги споделуваме нашите совети!

Очекувај. Прави планови, купувај билети, виртуелно пакувај го и отпакувај го багажот. Но, за овој одмор да биде навистина посебен и да ти помогне да си го вратиш твоето „јас“, твојата енергија и смиреност потребно е да испланираш и други аспекти од овој посебен период, исто така.

Како да се одмораш за навистина да одмориш?

Вистинска промена по летото 1
  1. Не планирај премногу во детали

Ова е прва точка и силно препорачуваме да да ја вклучиш во планерот. Доколку животот ти е исполнет со задачи и се чувствуваш како глушец во тркало, не го исполнувај одморот со задачи и трка со времето. Ако распоредот ти е исполнет со разгледувања знаменитости, посети во музеи, посета на безброј градови по пат, организирани екскурзии, а ти чувствуваш како да треба да посетиш уште еден дел од градот, настан, концерт? Застани и размисли: дали навистина ти треба ова? Можеби немаш амбиција да бидеш турист на годината и да се туркаш во гужвите со групи туристи? Можеби нема потреба да објавуваш фотографии од уште едно модерно туристичко место?

Премногу планови = здодевност и хаос. Сè што треба да направиш додека си на одмор е да ги опуштиш мислите и да уживаш.

 

  1. Постави ги приоритетите

Дали ова ти звучи како уште една задача на работа? Не е така. Недостигот на приоритети често резултира во проблеми на одморот.

Доколку твојот распоред вклучува смиреност и тишина, направи приоритетите да ги инспирираат твоите планови, а не обратно.

Дали сè уште мислиш и чувствуваш дека треба да посетиш уште некое место?

Одморот е период да оставиш сè и конечно да го почувствуваш задоволството на мрзеливоста и неправење ништо. Распоредите и обврските остави ги за подоцна. Дозволи си го тоа!

 
  1. Направи пауза од електронските уреди

Поминуваме многу повеќе време вклучени од потребното. Не велиме да одбереш напуштена колиба во дивината, или да го оставиш телефонот на две недели: невозможно е да го очекуваме тоа.

Но сепак, препорачуваме големо ограничување во употребата на мобилниот телефон, таблет или лаптоп.  Не поминувај часови на плажа или покрај базен со електронски уреди во рака, не троши часови поминати на Фејсбук или Инстаграм, дозволи си да не ги читаш пораките.

Да, сите страдаме од стравот да не пропуштиме нешто. И да, светот нема да пропадне ако неколку дена не сме „електронски“ активни. На нашиот мозок му е потребен одмор од постојаната електронска стимулација. Таквата пауза ни овозможува да си ја вратиме смиреноста. Одморот е одличен момент за вакво детоксицирање.

Вистинска промена по летото 2

  1. Уживај во сензуални задоволства

Ги користиме сетилата не само на летниот одмор, летото овозможува нови димензии на интензитет на сетилата: ја чувствуваме водата, сончевите зраци на кожата, вкусот на свежото овошје, мирисите на природата.

Грижата за телото сама по себе е релаксирачки ритуал, дури и медитациски!  Кога нежно и полека нанесуваш лосион за тело си овозможуваш скапоцени моменти што се многу повеќе од обична нега на телото.

Сличен е случајот и со мирисите, со научно докажан квалитет. Тие нѝ даваат енергија, нè релаксираат, стимулираат или нè смируваат.

Новата летна линија Perceive ни ја овозможува летната верзија – Sunshine, композиција од арома на мандарина, манго, како и сандалово дрво и магнолија. Ја препорачуваме и сината верзија со свежи и релаксирачки фрезија, бел бибер, детелинка и ванила. Овие мириси се совршени за во куферот за летниот одмор. Одлични се и за по одморот, бидејќи нè потсетуваат на летото и на убавите моменти.

Доколку не можеш да си дозволиш да понесеш голем куфер, одбери мириси во мини-пакување! Можеш да ги понесеш и во авион!

 

  1. Прави работи што вообичаено не ги правиш и уживај во моментот!

Стани рано наутро да го гледаш изгрејсонцето. Почувствувај го утринскиот воздух и морскиот ветрец, навечер прошетај во шумата и слушај како заспива природата.

Шетај без обувки, заборави на диети и јади што сакаш и колку сакаш. Опуштено пиј го кафето. Не брзај за ништо, уживај во моментот и во секоја активност. Читај, разговарај, гушкај ги саканите и најважно – опушти се!

Смиреност, малку тишина, малку акција и најважно ослободи се – ова е одличен рецепт за трансформација по летниот одмор!

Ова се нашите желби за тебе!