Македонија
    |         |         |    
ЛЕТНИ ФЕСТИВАЛИ И ФЕСТИВАЛСКИ ИЗГЛЕД - AVON Македониjа

ЛЕТНИ ФЕСТИВАЛИ И ФЕСТИВАЛСКИ ИЗГЛЕД: НЕШТА КОИ НЕ СМЕЕШ ДА ГИ ПРОПУШТИШ ОВА ЛЕТО!

Летните фестивали, концерти и настани на отворено веќе станаа неразделни делови од летото, а и не само во Европа. Каде ќе одиш и што ќе носиш? Каков стил ќе те придружува во текот на следните неколку месеци?

Сезоната на фестивали почнува веќе во мај, но најмногу доаѓа до израз во втората половина на јуни. Ова е време за прославување низ цела Европа. Можеш да патуваш далеку или да останеш во твојот регион, но сепак можеш да пронајдеш нешто забавно од богатата понуда.  Низата настани – големината, музичкиот избор и публиката која ја таргетираат – е навистина огромна.

ЛЕТНИ ФЕСТИВАЛИ И ФЕСТИВАЛСКИ ИЗГЛЕД

Фестивали 2019 : преглед

  1. Можеш да го започнеш летото во Хрватска: на 20 јуни започнува 20-тиот Spring Break Island Festival на островот Паг. Организаторите ветуваат најдобри клубови, одлична забава, неверојатни плажи и многу адреналин, бидејќи фестивалот е придружуван и со спортски активности. Повеќе детали овде.
  1. Препорачуваме да го посетите Opener’s Festival на почетокот на јули. Фестивалот привлекува групи музички ентузијасти да го посетат градот Гдиња и полското море. Настанот е навистина извонреден, а оваа година меѓу изведувачите ќе ги видиме и Lana del Rey, Traviss Scott и The Strokes. Повеќе детали овде.
  1. Не знаеш што е вистинска забава додека не ја посетиш Марбеља налето! Starlite Festival Marbella е огромен настан кој трае цел месец. Оваа година неколку артисти веќе го потврдија своето присуство - Sting, Eros Ramazzotti и Beach Boys. Ако не те плашат толпи луѓе и високи цени, тогаш размисли да го поминеш одморот во Шпанија.
  2. Ако сметаш дека во Шпанија е премногу жешко, размисли за Данска, градот на култниот фестивал Roskilde. Овој фестивал е еден од најголемите рок-музички фестивали. Првиот се одржал во 1971 и настапиле 32 бенда, главно од Данска. Во 2005 беа поканети повеќе од 150 бенда, вклучувајќи ги и најголемите ѕвезди на рок сцената. Оваа година исто така делува ветувачки. Повеќе детали овде.
  1. Во август предлагаме да ја посетиш Будимпешта за Sziget фестивалот. Овој голем настан е организиран во место со неверојатни пејсажи, а оваа година ќе биде домаќин на неколку интернационални ѕвезди, како Ed Sheeran, Florence + The Machine, и Post Malone.

 ЛЕТНИ ФЕСТИВАЛИ И ФЕСТИВАЛСКИ ИЗГЛЕД 2

Фестивалски изглед 2019: што е во мода ова лето?

Спротивно на популарното мислење, фестивалскиот изглед не се менува со времето. Сепак, лето е, топло е и сакаме да се забавуваме, но и да оставиме впечаток. Сепак, и покрај ова, едноставно сакаме да се чувствуваме удобно.

На најновото издание од фестивалот Coachella Valley Music and Arts Festival оваа 2019 година, настан кој се одржува секоја година во Калифорнија, а прераснал во настан кој ги поставува модните норми за летото, доминантниот стил беше бохо.

Што треба да понесеш со себе на летните фестивали, за да бидеш модерна, без да станеш жртва на големиот моден избор?

  • Удобни, лесни фустани се многу модерни ова лето: можеш да ги комбинираш со природни додатоци и удобни чевли.
  • Доколку повеќе би сакала да носиш панталони, одбери шорц и кус горен дел.
  • Не плаши се од импресивни елементи на облеката: реси, контрастни материјали и дизајнерски чанти – сите овие се моментално во тренд!
  • Модните додатоци го надополнуваат фестивалскиот изглед: накит, алки, очила – тоа се детали кои воопшто не се занемарливи, а го заокружуваат целиот изглед.

Можеш да најдеш многу инспирации за фестивалскиот изглед на Pinterest.ЛЕТНИ ФЕСТИВАЛИ И ФЕСТИВАЛСКИ ИЗГЛЕД 3

Фестивалски мириси

Облеката и додатоците не се сето она кое ти е потребно. Тешко е да се замисли летото без парфем, овој совршен завршен допир. Што нудат дизајнерите ова лето?

Заводливиот, хипнотизирачки Eve Alluring со горчлив портокал, цвет нероли, еликсир од црвени овошки, како и сандалово дрво и мошус; или Eau de bouquet во две варијанти, полесна верзија која совршено одговара на бохо-стилот. За него, дизајнерите го препорачуваат дивиот и екстравагантен Wild Country.

Мирисите остануваат со нас подолго од другите сензуални впечатоци. Добро е да ги одбереме со исто внимание како и гардеробата и шминката.

НАШ СОВЕТ

Не секој мирис одговара преку ден, како што одговара навечер. Добро е посебно да се бираат парфемите, исто како што посебно се дотеруваме за вечерно излегување. Осигурај се дека имаш барем 3 шишенца парфеми и менувај ги исто како што го менуваш накитот! Одлична идеја е да ги искористиш специјалните понуди, како онаа со Eve Alluring: ако го порачаш сега, твоето шишенце ќе биде поголемо од вообичаеното!

 

Фестивалска шминка

Фестивалската шминка треба да биде трајна пред сè, но освен тоа, сè е дозволено. Секако, препорачуваме да ја комбинираш шминката со облеката. Не заборавај дека летните фестивали ги слават добрата забава, удобноста и опуштеноста.

Најжешките трендови кај летната шминка

  • Бохо-стил: спој од природни нијанси, со светки и допир на лудило
  • Живописни бои на капаците; конечно нешто подобро од обичен мат-изглед!
  • Додатоци како што се брокат, самолепливи циркони, и тоа не само за лице, туку и за клучната коска, грбот и рамениците
  • Силно нагласени веѓи
  • Впечатливи усни: повторно е дозволено сè. Можеш да одбереш пастелни бои, но можеш и вилетова нијанса, доколку тоа ти се допаѓа.

Летото е време да се забавуваш. Можеш тоа да го направиш и со шминката!

Неопходни нешта за фестивал

ВЕќе ги имаш билетите, планот за патување и првите идеи за твојот изглед. Не заборавај на најважното нешто кое треба да го понесеш со себе на летните фестивали: одлично друштво и добро расположение. Не заборавај на безбедноста, направи практични планови кои ќе вклучат сместување, транспорт и останати детали за целото патување. Штом ќе бидеш сигурна за сето ова, единственото нешто кое ти преостанува е да се забавуваш најдобро што можеш.

Ти посакуваме незаборавно лето!