Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

СПА ритуали од целиот свет

Светот околу нас е преполн со скапоцени состојки кои претставуваат вистинско богатство за убавината. Земи го најдоброто од природата во домапното СПА за прекрасна кожа и комплетна благосостојба.

Вулкански минерали, изворска вода

Исланд е воодушевувачки остров сместен во Атлантскиот океан, познат по своите вулкани, глечери и термални извори. Термалните води и вулканските карпи се богати со скапоцени микроелементи како железо, магнезиум, калиум и калциум. Тие помагаат ефективно да се одлободиш од токсините, но на многу нежен начин. Маските за лице и тело кои ги содржат овие состојки ја враќаат виталноста и здравиот сјај на кожата. Чувството на загревање го прават овој ритуал вистинско искуство за опуштање.

Kолумбиско кафе

Зрната кафе, специјалитет од Јужна Америка, се високо квалитетни состојки широко користени во фармацевтската и козметичката индустрија. Најпознатата состојка на кафето е кофеинот кој го забрзува метаболизмот и помага во борбата против целулитот. Ете затоа, кафето стана експерт во намалувањето на телесната тежина. Зрната кафе исто така, содржат антиоксиданси кои го забавуваат процесот на стареење на клетките и B комплекс витамини. Екстрактот од кафе може да се вклучи во дневната нега за да се добие поцврста, затегната и видливо подмладена кожа.

 Црн кавијар

Кавијарот најчесто е синоним за најлуксузниот оброк кој ги задоволува најсофистицираните вкусови, но исто така, е и одличен лек за кожата. Познат е по својствата на потхранување, регенерација и анти-ејџ способности. Богат со минерални соли, витамини A, E и хидратантни протеини, црниот кавијар исто така, го стимулира метаболизмот на клетките на кожата правејќи ја помазна и подмладена. Ако бараш силен хидратор и производ за затегнување, избери производи кои содржат кавијар.

Африкански шеа путер

Шеа путерот е ароматично масло со боја на слонова коска, дериват од јатките на африканското дрво Карите, кое природно расте во областа на саваните, протегајќи се од Сенегал до Етиопија. Шеа путерот е природен хидратор, ја штити кожата од штетните надворешни фактори и делува како природен UV филтер. Ја подобрува еластичноста на кожата. Витамините E и A кои можат да се најдат во овој путер, помагаат во намалувањето на видивоста на брчките и го одржуваат младешкиот изглед на кожата. Неговата вкусна арома ја прави негата на кожата вистинска гозба за сетилата.

Минерали од Мртво море

Мртвото море се наоѓа на границата помеѓу Јордан и Израел. Во него се влева реката Јордан, а Мртвото море нема природен истек, со што минералите кои се акумулираат во водата остануваат таму засекогаш. Од тие причини, Мртвото Море е едно од најсолените и најбогатите области со минерална вода во светот. Мртво море понекогаш се нарекува најголемата природна СПА на земјата. Некои минерали кои се наоѓаат во Мртвото море ги нема никаде на друго место! Морската вода содржи 21 минерал, како магнезиум, калциум, калиум и бром. Исцелителните способности на минералите од Мртво море се познати со векови. Скапоцените и ретки минерали се совршени чистачи и помагаат во отстранувањето на нечистотијата и вишокот на себум, спречувајќи го зголемувањето на порите. Тие ја подобруваат циркулацијата на крвта и метаболизмот. Маските и пилинзите ја забрзуваат обновата на кожата, тие ја хидрираат, хранат и помагаат да се возобнови нејзиниот рамномерен тен и цврстина.

Мароканско арганово масло

Aргановото масло често се нарекува и Мароканско злато поради неговата боја. Ова скапоцено и квалитетно масло се екстрахира од дрвото Argan кое расте во Мароко. Козметичкото масло е ладно цедено. Како и во случајот со маслиновото масло, својствата на аргановото масло се познати уште од древните времиња. Ова масло содржи висока концентрација на витаминот E и есенцијални масни киселини Омега 3, 6 и 9. Помага во намалувањето на тенките брчки и ефективно го спречува појавувањето на нови. Aргановото масло помага во измазнувањето и хидрирањето на кожата, неутрализирајќи ги сободните радикали. Ја штити кожата од штетните надворешни фактори како: ниска температура, сонце и ветер и ја спречува дисколорацијата на кожата. Козметиката која содржи арганово масло често се користи за масажа на тело. СПА ритуалите со арганово масло обезбедуваат луксузно пријатно искуство.

Медитеранско маслиново масло

Се нарекува и најголемото богатство на Медитеранот. Производството на маслиновото масло е културно наследство на овој регион. Маслиновите дрвја живеат долго и можат да доживеат и до 2000 години. Необичните својства на маслиновото масло се познати нив вековите. Маслиновото масло е исклучително богато со витамин E – познат и како витамин на младоста. Тој значително го забавува процесот на стареење на клетките, има позитивен ефект на кожата и косата, ги намалува брчките и го зајакнува имунолошките систем на организмот. Витамините во маслиновото масло длабоко се апсорбираат во кожата, оставајќи ја здрава и со блескав изглед. Тоа е богат извор на антиоксиданси кои ја подмладуваат кожата и ја штитат од штетни фактори. Над сѐ, маслиновото масло е одличен природен хидратор. Ја зајакнува природната заштитна бариера на кожата и ја намалува нејзината грубост.

Бисери и алги

Алгите, исто така наречени морска трева, го враќаат младешкиот изглед на кожата и нејзината виталност. Тие се богати со витамини, масти, протеини, хлорофил и исто така, сите познати елементи и минерали кои се присутни во морската вода. Во козметологијата, алгата може да се користи во различни форми: сушена, во прав или како екстракт. Тие се совршен избор за нега на возрасна и сува кожа. Кремовите, маските и путерот за тело со алги ги намалува брчките, хидрира и регенерира. Толчените бисери - уште едно богатство од морето, имаат прочистителни својства и се совршени за пилинг на телото, правејќи ја кожата блескава, мазна и мека.

Еукалиптус и кедрово дрво

Со потекло од Австралија, еукалиптусот има затоплувачки и антисептични својства. Добро е познат и светски признат како природен лек против настинки. Кедарот е дрво со долг живот кое расте во Азија. Маслото од кедровото дрво е природен чистач и го стимулира метаболизмот. Поради високиот процент на витаминот E, го забавува процесот на стареење на кожата. Комбинацијата од екстракти од еукалиптус и кедрово дрво е комбинација која опушта и чисти во исто време, со што кожата се обновува. Ако сакате да уживате во мазна и совршено чиста кожа, користете пилинг и маска со екстракт од еукалиптус и кедрово дрво.

Бел чај

Белиот чај се добива од младите лисја и цветови од растението Camellia sinensis и е најприсутно во Кина. Содржи многу витамин Ц, со што го зајакнува имунолошкиот систем, ослободува од стрес и напнатост и исто така, има стимулативен ефект. Антибактериските и антивирусните својства на белиот чај го прават идеален чистач на кожата. Белиот чај помага во хидратацијата на кожата и ја штити од UV зраците. Тој исто така, се нарекува и "еликсир на младоста", бидејќи содржи полифенол кој нѐ штити од штетните слободни радикали што предизвикуваат стареење на кожата. Пилинзите и маските со екстракт од бел чај ја негуваат кожата на лицето. Во исто време, тие ја обновуваат цврстината и виталноста на кожата во нејзините длабоки слоеви благодарение на високата концентрација на витаминот Ц.

Кинески женшен

Женшенот е растение кое се користи во кинеската медицина околу 4000 години. Поради неговиот облик кој личи на човечко тело се верувало дека лечи многу здравствени проблеми … и навистина е така. Тој го зголемува нивото на енергија и ја подобрува концентрацијата, благодарение на витаминот Ц и други елементи. Го зајакнува имунолошкиот систем. Екстрактот од женшен е дел од многу козметички производи, бидејќи дава подмладувачки и зацврстувачки ефект. Можете да уживате во него како клучен елемент на маските за лице. Ја подобрува циркулацијата на крвта, така што активните состојки и витамини лесно се апсорбираат во кожата.

Природните богатства може да се пронајдат на секој агол од нашата планета. Производите од линијата Planet Spa содржат внимателно одбрани и вредни екстракти од билки и минерали. Избери го ритуалот кој е најсоодветен за твојата кожа.