Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Сѐ што треба да знаеш за серумот

Иако серумот веќе ги освои срцата на жените од целиот свет, сепак постојат многу митови кои се однесуваат на оваа формула. Затоа, ајде да ги разјасниме.

Што е серумот?Серумот е козметички производ со висока концентрација на активни состојки. Затоа, можеме да кажеме дека овој производ е многу поинтензивен и посилен од обичниот крем. Интересен факт е дека текстурата на серумот е полесна од онаа на обичниот крем. Може да се користи и за проблематична кожа, исто така, благодарение на тоа својството да не создава комедони.

Кој треба да користи серум?

Некои тврдат дека серумот се препорачува само за возрасна кожа. Тоа не е вистина! Серумот треба да се користи секогаш кога кожата има потреба од него. Постојат различни видови на серуми: за длабока хидратација, за обнова, за измазнување или разубавување – тоа се само неколку. Серумот е енергетска инјекција за кожата. Ако не сте користеле серум досега, пролетта е вистинско време да го пробате на пример, новиот подмладувачки серум од Avon, Anew Youth Power и да ја разбудите кожата, обновувајќи го нејзиниот сјаен и цврст изглед.

Колку често треба да нанесувам серум?

Многу луѓе сметаат дека серумот треба да се користи само во ограничен рок, во спротивно кожата ќе се навикне на него и ќе престане да реагира на неговите својства. Ако ја земеме во предвид оваа претпоставка и да сметаме дека треба да важи и за нашиот дневен крем, тогаш исто така, би требало да правиме паузи во нанесувањето на дневните и ноќните хидратантни кремови. Јапонките, познати по нивната совршена кожа, го сметаат серумот за нераскинлив дел од секојдневната козметичка рутина и го нанесуваат пред дневниот крем. Затоа, може да се каже дека нема ништо лошо во долготрајната употреба на серумот, сѐ додека кожата има потреба од него. Но, ако сакаме да го задржиме младешкиот изглед на кожата, тоа не значи пак, дека треба да заборавиме на секојдневниот ритуал против стареење. Серумот е тука да го забрза саканиот ефект, зголемувајќи ја моќта на состојките против стареење на кожата.

Како да се користи серумот?

Првата работа која треба да се нагласи е дека серумот нема да го замени вашиот крем за лице. Затоа, ако се решите да го вклучите серумот во секојдневната рутина за нега, запомнете дека треба да се нанесе еднаш или двапати во денот, на чиста кожа. Потоа, нанесете го стандардниот хидрирачки крем.

Што можам да очекувам од серумот?

Пред сѐ, брзи резултати. По неколку денови, би требало да се видат првите знаци на подобрување на кожата: помазен изглед, блескав сјај или намалена дисколорација. По 3 недели, што е многу побрзо отколку ако се користи само обичен крем, ќе забележите дека кожата изгледа многу помлада и релаксирана.