Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Како совршено да нанесете кармин?

Ништо не е по шик од совршено нанесен кармин. Научете како карминот да трае и како да ја нагласите убавината и сензуалноста на вашите усни.

Започнете со нега

Правилната нега на усните е првиот чекор во совршеното нанесување на карминот. Никогаш не го аплицирајте карминот на суви и усни кои се лупат, бидејќи тоа нема да ги покрие несовршеностите, туку напротив, ќе ги направи дури и повидливи, а ефектот ќе биде неестетски. Започнете со пилинг на усните. Тоа е најдобар начин да ја отстраните кожата која се лупи и да добиете мазна површина. На вашите усни многу ќе им одговара шеќерниот пилинг – едноставно земете малку шеќер и со прстите нежно измасирајте го врз нив. За нивна дополнителна хидратација, додајте малку маслиново масло, мед или лимонов сок. Исто така, усните може да се ексфолираат и со употреба на мека четка за заби.

 

Подгответе основа

Сигурно посакувате вашите усни да изгледаат добро што подолго. За да се случи тоа, треба да подготвите добра основа со употреба на производ за хидратација. Тоа може да биде балсам за усни, регенеративен крем или вазелин. Потоа нанесете тенок слој пудра во прав, коректор или течна пудра (онаа која ја користите за лице), со што ќе се фиксира карминот.

 

Нанесете моливче за усни

Постои убедување дека моливчето за усни се користи само за специјални прилики, а не и за секојдневна употреба. Но, токму тоа ќе ви помогне да ги оформите усните и да ги направите оптички помали или поголеми. Но најважно од сѐ е дека помага карминот да трае подолго.

Нанесете го карминот со четка за усни

Нанесувањето кармин не е секогаш лесно како на филм, каде секогаш ни изгледа многу сензуално. Ако сакате вашиот кармин да изгледа мазно и изедначено, нанесете го со четка за кармин и внимателно натапкајте го на усните. Исто така, избегнувајте прекумерно триење на усните.

 

Направете да трае

Веројатно знаете дека овој трик кој се пренесува со генерации, се користи до ден-денес во професионалното шминкање. По нанесувањето на еден слој кармин на претходно подготвената основа, отстранете го вишокот со меко шамивче, притискајќи ги усните врз него. Потоа, повторно нанесете тенок слој пудра во прав, а потоа втор слој од карминот.

 

Направете ги усните пополни со употреба на сјај

Сјајот ја рефлектира светлината создавајќи илузија на пополни усни. Нанесете малку сјај со четка во средниот дел на усните. За засилување на ефектот, нанесете транспарентен сјај во средниот дел од усните. Исто така, можете да употребите и кармин кој ќе им даде 3Д колорен ефект на усните, правејќи ги пополни.

 Подигнете ги аглите на усните

Надолните агли на усните даваат изглед на тажно и уморно лице. Тие може оптички да се подигнат со помош на коректор, пудра или моливче за усни. Прекријте ги аглите на усните со моливче кое одговара на бојата на карминот. Потоа, нанесете кармин за да ги исполните контурите.

 

Променете ја големината на усните

За оптичко намалување на усните, нанесете течна пудра на нив, а потоа исцртајте линија со моливчето малку повнатре од природната линија на усните. За да ги направите усните поголеми, повторно нанесете малку течна или пудра во прав и исцртајте ја устата малку понадвор од природната линија. Потоа, рамномерно нанесете го карминот. Ако имате мали усни, користете кармин со сатенски финиш и избегнувајте потемни нијанси бидејќи тие ќе направат усните да изгледаат уште помали.

Мат или сјај?

Мат карминот ќе направи вашите усни да изгледаат елегантно и тонирано, додека сјајните ќе дадат ефект на пополни усни, поради рефлексијата на светлината. Изборот на ефектот зависи од вашата гардероба и од остатокот на шминката кој го носите. Ако вашата шминка веќе изобилува со сјај, тогаш би требало да земете предвид користење на мат кармин. Ако сакате вашите усни повеќе да се истакнуваат, тогаш користете сјаен кармин.