Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Како ефективно да се избориш со целулитот?

Целулитот, исто така познат како синдром на кожа како кора од портокал, е заболување кое погодува голем дел од жените. И тенките и оние со поголеми облини упорно се прашуваат како ефективно да се справат со целулитот?

Целулитот е веројатно најчестата болест на кожата. Се појавува на бутините, задникот, понекогаш и во долниот дел на стомакот и во горниот дел од рацете и најчесто ги погодува возрасите жени. Скоро 90% од жените страда од ова заболување, за кое најголемиот виновник е пореметувањето во ендокриниот систем и проблемите со метаболизмот кои предизвикуваат промени во поткожното масно ткиво.

Во зима, ти може да се скриеш под облеката, но, кога времето започнува да се затоплува,  полека почнуваш да се разголуваш и повеќе не може да се преправаш дека тој не постои. Како ефективно да се избориш против целулитот?

Физичките вежби помагаат против целулитот

Физичката активност игра главна улога во борбата против целулитот. Ако си подложна на пасивно поминување на слободното време и зборот “спорт” претставува само потсетување на часовите по физичко воспитување од минатите училишни денови – време е да го промениш твојот животен стил. Не можеш да победиш без вежбање. Кардио вежбите се најефективниот тип на вежби. Можеш да маршираш, трчаш, ролаш, пливаш, возиш велосипед или да имаш кардио рутина – она што е важно е да го правиш тоа најмалку 30 минути и успешно да го повторуваш на редовна основа, по можност трипати во неделата.  Кардио, или аеробик вежбите, помагаат во согорувањето на мастите и ја поттикнуваат циркулацијата на крвта, со што се исфрлаат токсините и се подобрува функцијата на лимфниот систем. Како резултат на тоа, поткожното ткиво се ослободува од токсините и вишокот на лимфна течност која е одговорна за текстурата на кожата во вид на кора од портокал. Погледни ги видеата за тоа како равилно да вежбаш:

 

Анти-целулитна козметика – што да одбереш?

Со цел да го направиш најдобриот избор на анти-целулитна козметика, најпрво треба да ја земете предвид состојбата на кожата, возраста и интензитетот на проблемот. Еден од наједноставните производи кои вреди да се препорачаат е калта и маската за тело со минерали од Мртво Море. Екстрактите од кафе, бршлен и морски алги се исто така, докажано ефективни. Морските алги имаате неколку пати повеќе витамини и минерали, во споредба со останатите растенија. Тие се особено богати со витамин B2, ниацин, холин, каротен, киселина на алга, различни минерали и осеин – протеин кој активно се бори за зачувување на еластичното ткиво на кожата. Екстрактите од кафе ги шират крвните садови и го стимулираат распаѓањето на адипоцитите. Екстрактот од бршлен има сличен ефект – флавоноидите и рутинот присутни во листовите ги зајакнуваат ѕидовите на капиларите, ја подобруваат циркулацијата на крвта, ги смирува локалните воспаленија и управуваат со лимфната дренажа, со што се спречува појавата на отоци. На овој начин тие исто така, го разбиваат масното ткиво.

L-карнитинот, кој ја стимулира лимфната циркулација, е еден од најдобрите анти-целулитни состојки. Тој видливо го намалува ефектот на кора од портокал и помага во отстранувањето на токсините и вишокот вода под кожата. Спречува нови промени и прави да изгледаш видливо послабо. L-карнитинот го поттикнува метаболизмот на масните киселини во енергија, и затоа со право го заслужил прекарот “убиец на масти”. Тој природно се појавува во човечкото тело, но само во мали дози. Главните извори на храна за него го вклучуваат месото и млечните продукти, како и напредниот антицелулитен гел Avon Solutions Thermal-Active, кој се докажа како ефикасен од страна на спроведените тестови со корисници.

Анти-целулитна масажа

Вреди да се комбинира употребата на козметиката заедно со масажа. Кинескиот метод со чаши функционира многу добро, но за жал, е прилично болна и доста скапа процедура. Масажата ја подобрува микроциркулацијата, го разбива масното ткиво, ја измазнува и затега кожата и ги отстранува токсините од телото. Не само што се бори против целулитот, туку исто така, го зацврстува и тонира целото тело. За да ја подобриш ефективноста од масажата, повтори ја процедурата 10 пати во кратки, а неколку дена во долги интервали.

Алтернатива на професионалните спа масажи е масажата во домашни услови, на пример со специјалниот масажер – многу е лесен за ракување, и ако се користи често и систематски, дава одлични резултати.

Анти-целулитна диета! Испробај ја!

Долгите часови на вежбање, масажи, козметика и жртвување нема да ти донесе ништо доколку јадеш … нездрава храна. Анти-целулитната диета е базирана главно на хидрирање на телото со цел да се исфрлат токсините. Добро е да се пие вода и малку зелен чај, кој содржи полифенол, - многу важна состојка во анти-целулитната диета. Што се однесува до исхраната, постои едно основно правило: обиди се да избегнуваш процесирана, тешка и солена храна. Добро е да ги знаеш бенефитите од хранливите влакна, особено оние кои потекнуваат од овошјето и зеленчукот. Ненадејните и чести варијации на телесната тежина (дури и оние кои подразбираат слабеење) нема да ја подобрат состојбата на кожата. Целулитот нема да исчезне само затоа што си изгубила во тежина – она што е важно е како тоа го правиш: темпото, квалитетот на храната и многу други индивидуални предиспозиции. Производи кои се препорачуваат во анти-целулитната диета се: риба, сок од зеленчук, брокула, интегрални житарки, аспарагус, банана и бозелот, кој спречува создавање на отоци. Добро е да се користи и куркума – обиди се да приготвиш индиска храна еднаш во неделата.

 

СОВЕТ: Ако си подложна на таложење масно ткиво на бутовите и задникот, внимавај на  јаглехидратите, особено на простите. Тие го поттикнуваат дебелеењето на тие делови од телото и со тоа ја влошуваат состојбата со целулитот.

Испробај ја нашата диета – таа ќе ти помогне да го добиете телото за кое сонувате.

Запомни, она што е најважно во борбата против целулитот е редовноста, трпението и користењето на комплекни решенија. Вреди да се искористат споменатите водичи не само кога ќе дојде пролетта, туку во текот на целата година.