Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Најжешките мејкап трендови – избери што е најдобро за тебе

Сината владее на модните писти, исто како и драматичните трепки, светките и златната боја на очните капаци. Пушти трендовите да те инспирираат, за да ја креираш сопствената идеја за оваа пролет! Нова шминка - нова ти. Тоа е најбрзата промена, под услов твојата кожа да е негувана по зимата.

Зимата е поддржувач на рутината. Кога ќе станеш наутро, надвор сеуште е темно и затоа ја ограничуваш својата шминка на неопходниот минимум. Земаш тоа што ќе најдеш и така тоа оди. Како и да е, под капите и шаловите она што останува видливо е само црвениот студен нос. Сега е време да се променат овие, не толку добри навики. Дали си љубопитна да видиш кој пролетен и летен тренд најдобро ќе ти прилега? Пред да избереш, погледни ја добро твојата кожа.

1. Основа: здрава кожа оваа пролет!

Зимата ја прави кожата уморна и опуштена, а темните кругови под очите никако да исчезнат. Шминката нема да изгледа добро доколку не се грижиш за сопствената кожа. Брзата обнова треба да вклучува пилинг и интензивно потхранување. Користи серум наутро и навечер – има лесна текстура и брзо се впива. Нанеси креми со дополнителна количина хранливи состојки, како што е кремот Nutra Effects со семе од чиа за сите типови на кожа, или користи понапредни производи, како што е Anew Reversalist за возрасна кожа. 2. Боја на кожа – шминка што не се гледа

За свежа, сјајна пролетна кожа најдобриот избор е скоро невидливата шминка. Овој тренд е актуелен веќе неколку последователни сезони. Оваа сезона, тој владее на многу елегантен и софистициран начин, со прекрасно истакнати образи. Руменилото и бронзените бисери се обврзни!

Како да го постигнеш овој изглед? Нагласи го твојот природен тен со малку потемна течна пудра и сокриј ги ситните несовршености со помош на коректор. Нанеси го и под очите, исто така, тој совршено ќе ги прекрие темните кругови; направи го тоа пред да ја нанесеш пудрата. Ако твојата кожа има поголеми несовршености, користи течна пудра која ќе го измазни и изедначи тенот, како на пример безбојната пудра за мазнење на лицето Avon Magix. Лицето треба да биде благо матирано. Нанеси ја пудрата во прав и финиширај со бисерите кои ќе го изедначат тенот и ќе додадат малку сјај. Камената пудра за невидливо покривање Fair powder и CC бисерите се извонреден избор. Нагласи ги трепките многу суптилно. Нежниот мат кармин во боја на кожа или во некоја пастелна боја, или пак сјај за усни, ќе биде доволно за усните. Избери производ кој во исто време и ќе ги потхранува усните како што е карминот Avon True Color.

НАШ СОВЕТ: Образите ќе добијат најдобар израз со розовите и кафени нијанси кои даваат ефект на блага исончаност. Можеш да го користиш само бронзерот. Во тој случај, обој ги усните со нежна нијанса на праска.

“Шминката што не се гледа” функционира одлично во работни услови или за време на опуштен викенд при средба со пријателите.

3. Игра со светлината – шминка во боја на кожа со нагласен сјај

Можеш да ја користиш “голата” шминка како основа за добивање на прекрасен сјаен ефект на кожата. Ова е вечерна варијанта на “шминката што не се гледа”. Нагласи го врвот на носот, образите и врвот на усните. “Сјајниот ефект” е исто така во мода – нагласи го делот под и врз веѓите, кај образите и брадата. Сѐ треба да изгледа природно, таа што немој да претеруваш!

4. Долги трепки

Ако твојата омилена шминка била секогаш ограничена на маскара на трепките, со линии и сенки користени во специјални прилики – оваа сезона пролет-лето е твоја сезона. Ти си во мода!

Дополнително нагласи ги горните и долните трепки. Маскарата Big & Multiplied Black е таа која ќе ја заврши работата. Трепките ќе изгледаат густи и раздвоени! Впечатливите трепки се многу повеќе од само проста експресија на сезоната. Но запомни – ако очите се посилно нагласени, усните не треба да бидат. Користи само сјај за усни.

5. Силни контури околу очите

Можеби ќе сакаш да исцрташ линии? Силните контури околу очите се уште еден хит на сезоната и потсетуваат на модата од 90-ите години. За да го добиеш совршениот изглед, ти треба прецизна алатка. Тушот за очи Super Extend е извонреден избор за лесно исцртување на линии на долниот и горниот очен капак. Или, исцртај линија само на делот под окото, ако сакаш посуптилно да го нагласиш окото. Постојат толку многу варијанти на линии, со сигурност ќе ги пронајдеш оние кои најмногу ти одговараат!

6. Синило на очите

Сините сенки се апсолутен хит на сезоната. За првпат, сината боја беше храбро и уметнички претставена од Шанел, а се појави и на ревиите на Ели Сааб и Жан Пол Готје. Дали ова значи дека треба да се откажеш од твоите “безбедни” нијанси? Прво и основно, тргни од себе, модните трендови не се обврзни! Прифати ги како добра основа во обид да пробаш нешто комплетно ново. Пастелни бои – и веќе имаш многу повеќе од само синила – тие можат да ти помогнат да ја прекршиш рутината и тие одлично одговараат со пролетните и летните фустани..

Ако бојата на очите ти е кафена или лешникова, нијансите на виолетово, ‘фстак и резеда зелена даваат прекрасен контраст и оптички го зголемуваат окото. Ако бојата на ирисот ти е сина, овие бои се вклопуваат одлично, исто така! Само, во овој случај, тие се дополнување.  Ако решиш да додадеш син акцент, можеш да нанесеш сина линија на капакот на окото, потоа нанеси сенка само во аголот или измешај ја со други бои. Ништо не ти стои на патот да ги користиш сините нијанси на тушот за очи. Сите жешки нијанси на сезоната ќе ги пронајдеш кај  Day Dream сенките за очи.

7. Очи во комбинација со светки и црна боја

Ако пастелните бои прават да се чувствуваш неудобно, можеби светките и црната боја е нешто за тебе. Модните ревии прикажуваат брокат и светки на очните капаци. Црната е сеуште во мода, особено варијантата на благо замачкан и зачаден изглед.

НАШ СОВЕТ: Наместо светки, ти препорачуваме употреба на посуптилните и полесни за користење металик сенки и тушеви за очи, кои се одлични за вечерен состанок. На пример, пробај ја течната сенка за очи Supershock Vivid. Моливчињата за очи во металик варијанта исто така, можат да се користат за да се нагласи сеуште трендовскиот зачаден изглед на очите. Можеш да ги користиш и корисните шаблони, иако прецизноста не е главната цел на оваа сезона.

8. Нагласени усни

Ако не си расположена за нагласување на очите, тогаш обрни внимание на усните. Црвени, кафени, бордо или пастелни бои се оние најдобрите, бидејќи тие доминираат со палетата на оваа сезона; мат верзијата е неопходност. Нијансата на праска ќе изгледа одлично, исто така. Ќе пронајдеш широка лепеза на нијанси во колекцијата на кармини True Color. Зошто да се ограничуваш само на еден?

НАШ СОВЕТ: Силните бои изгледаат најдобро кај пополни усни. Ако усните ти се тенки, најдобро е да користиш сјај за усни или суптилни нијанси, бидејќи потемните бои непотребно ќе го нагласат непосакуваниот впечаток. Исто така, користи понежна палета ако имаш строги црти на лицето.

Слободно екпериментирај, направи неколку пробни шминкања; прашај ги саканите за совет. Забавно е, а во исто време ти овозможува да ги пронајдеш твоите посилни страни и да ги нагласиш со вистинската шминка. Кој тренд ти изгледа најпривлечно?