Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Модни трендови за сезоната пролет – лето 2016

Пролетта веќе се чувствува во воздухот. Време е да се запознаеш со најжешките трендови на претстојната сезона.

Сѐ е во бојата

Институтот за боја Pantone, кој ги поставува стандардите и трендовите во однос на бојата, на крајот на минатата година ги објави најжешките трендови за 2016-та година. Победници се Rose Quartz – нијанса на розово и Serenity – сина боја, измешана со малку виолетова. Овој сет на бои ќе владее пролетва. Тој ги комбинира потоплите со постудените нијанси – совршено вклопувајќи се во преодниот период, симболизирајќи расцутени цветови и светло сино небо. Затоа, следејќи ги овие колорни трендови, избери класичен мантил, но овојпат не во класичната крем боја туку во пудра розова боја. Облечи морнарско сини хеланки, исто така во духот на секогаш модерниот морнарски тренд - и широка бела кошула. Надополни ја комбинацијата со балетанки и марама во цветен дезен и подготвена си!

Спријатели се со бохо трендот

Бохо стилот вклучува кожа и антилоп како камбек во оваа сезона. Ако немаш кожна јакна во твојот плакар, сега е вистинско време тоа да се промени. Тоа е парче облека што изгледа одлично во комбинација со светол, крем фустан или со џинс и откачена маица или пак, елегантна блуза. За уште пожежок изглед, избери јакна изработена од антилоп. Уште повеќе, функционира одлично за време на преодниот период. Бохо стилот значи тантела, етно шари, реси и нагласени ланчиња – осигурај се дека ги имаш во гардероберот.

Цветови насекаде

Цветовите може да се носат на многу начини, а кога тоа се прави умно, тие може да ја направат силуетата уште попривлечна, бидејќи привлекуваат внимание. Ако сакаш да ја истакнеш линијата околу вратот, носи ланче со цветен привезок. Елегантната марама со цветен дезен може да се носи околу врат на многу начини, но и како што препорачува Dolce & Gabbana, врзана во косата, што дава фантастичен, младешки изглед.

Цветовите не се во мода само кај облеката, туку исто така и ... кај мирисите. Во новата сезона - пробај нешто ново! Избери сензуални цветни комбинации со нота на слатко овошје што ќе направи да мирисаш во духот на топлината на сезоната која доаѓа. Пробај ја тоалетната вода Avon Silky Soft Musk.

Што е модерно во шминката

Пролетта и летото се време кога шминката може да биде полесна и поприродна. Балсамите за разубавување се токму тоа што ти треба за да ја направиш шминката полесна и да ја заштитиш кожата од интензивните сончеви зраци. Не ги заборавај очилата за сонце за да ги заштитиш очите и ... стилизирај го твојот изглед!

 Модните дизајнери го избраа трендот на експресивни усни за оваа сезона. Можеме да го забележиме овој тренд на многу модни писти, на пример кај колекцијата 2016 на MiuMiu, каде се поигруваат со мат карминот. Сепак, запомни го ова! Ако се одлучиш за нагласен кармин, остави ја преостанатата шминка неутрална. Го препорачуваме хидрирачкиот и долготраен мат кармин True Color Perfectly Matte lipstick Red Supreme, крем сенка за очи во нијанса Gold Gleam или Forever Bronze и маскарата Big&Multiplied за свеж и заводлив поглед.

Направи ја модата забавна

Запомни дека модата треба да донесе забава пред сѐ и да не предизвикува стрес дека треба да поседуваш апсолутно сѐ што е во тренд. Треба да избереш комбинации кои најмногу ти прилегаат тебе и на твојот стил. Не ги следи слепо сите трендови такви какви што се. Направи некоја промена овде – онде : парче накит, мирис или чевли, и секогаш нагласувај ја својата природна убавина.