Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

10 начини да ја зголемиш пролетната енергија

Исчисти го гардерберот, излези со пријателите, започни да спортуваш, појди на одмор, пиј повеќе вода и откажи се од шеќерот. Ова се најдобрите идеи за зголемување на енергијата напролет. Погледни што друго можеш да направиш за да се чувствуваш одлично и да ги заборавиш пролетните грижи.

За очекување е дека треба да блескаш од пролетна енергија, но наместо тоа ти ползиш под чаршафите и спиеш. За многу луѓе, крајот на февруари и почетокот на месец март е особено тежок период. Иако обврските остануваат исти, чувството на умор те спречува да уживаш во првите пролетни денови. За среќа, постои брзо решение!

1. Пролет на твојата трпезаЗа време на зимата се практикува јадење на потешка храна. Се вели дека богатите јадења најдобро греат кога времето е студено. Божик и празниците се совршени изговори за разгалување. Слатки, кикирики, чипс – забранетите задоволства имаат многу темни страни. Ефектите се: намалено расположение, болки во мускулите, главоболки, слабост и поспаност. Твоето тело го сигнализира недостатокот од магнезиум, железо, витамини и останати минерали. Брзо надомести ги зимските задоволства со соодветна исхрана.

Пробај малку каша за појадок. Можеш да ја подготвиш претходната вечер, а наутро само додади топло млеко и - топлиот хранлив оброк е готов! Овесот е многу вкусен со овошје, свежо или сушено. Обиди се да го намалиш белиот леб, користи интегрален наместо тоа. Замени ги слатките помеѓу оброците со овошје или неколку бадеми. Избери супа или салата за ручек. Навечер обиди се да не се разгалуваш. Не треба да легнуваш гладна, но прејадувањето е уште полошо. По неколку дена со ваква исхрана, ќе забележиш значително подобрување во расположението.

2. Пиј водаВо зима не чувствуваме голема жед како во лето. Веројатно шоља топол чај би бил во ред за неколку часа – но тоа не е доволно, особено ако седиш во затворена, загреана или вентилирана просторија. Чајот и кафето не можат да ги заменат останатите течности, дури и ако го користиш кофеинот за да го регулираш твојот променлив крвен притисок. Без оглед на сезоната, пиј 1.5-2 литри течност дневно. 30 проценти од оваа течност ја внесуваш преку оброците, а во преостанатите 1-1.4 литри таа е составен дел од различни течности. Дехидрацијата прави да се чувствуваш уморно и конфузно, ги забавува рефлексите и предизвикува главоболки. Пиј често и во мали голтки, по можност вода богата со минерали. Запомни дека водата влијае и на твојата кожа, исто така!

3. Започни со вежбањеПролетта е најдобриот период за исполнување на Новогодишните одлуки – ако сеуште не си почнала, стори го тоа сега. Започни со едноставни задачи кои брзо можат да го поправат твоето расположение. Не претерувај со вежбање, нека биде рутина која ја правиш два до трипати неделно. Ако излегуваш на прошетки, нека бидат со брзо одење, или оди на работа со велосипед. Полека зголемувај го напорот. Набави си часовник за фитнес за да го следиш сопствениот напредок. Уживај во секој километар. Менувај ги рутите, бидејќи различноста те стимулира да продолжиш понатаму. За твоите тренинзи, приготви вода со некој вкус со додавање на овошје - тоа е порција на витамини без конзерванси и извор на енергија. 

Ако ти е тешко да се мотивираш, покани пријател да вежба со тебе. Може да се постираш на  Facebook – јавното покажување е добра мотивација за тренирање. Нема да веруваш колку голема поддршка ќе добиеш од твоите колеги!

4. Дозволи си кратко патување Не чекај за одмор до летото. Твоето тело бара малку опуштање и напролет – почитувај го тоа. Можеш да ги користиш услугите на некоја агенција за патување или да пронајдеш нешто самостојно. Сигурно е дека ќе имаш финансиска добивка, бидејќи ова е сезона на ефтини понуди. Ако не можеш да земеш неколку слободни дена за патување, обиди се да “избегаш” барем за викендот. Кратките патувања кои се близу до домот можат да бидат исто така, многу инспиративни. Провери кои интересни настани се организираат во твојата околина – бавно но сигурно сезоната на отворено започнува.

5. Исчисти го гардероберотЗвучи чудно – наместо да те советуваме да се одмараш, те охрабруваме да направиш пролетно чистење! Започни со твојот гардеробер. Тргни ги настрана зимските алишта и искористи ја приликата да провериш што имаш. Има едно просто правило: ако не си го носела во последните неколку сезони, никогаш нема да го носиш. Ова најчесто се однесува на сезонските неопходности кои се купуваат импулсивно. Задржи ја облеката која секогаш е во мода и онаа со добар квалитет.

Треба да имаш кардиган, пар фармерки, неколку маици, блуза, класично здолниште, панталони, јакна и фустан. Ова е твојата основа. Комбинирај ја останатата облека соодветно, пробај ја и забавувај се. Со сигурност ќе откриеш некои нови стајлинзи кои совршено ќе ти одговараат! Не се врзувај за останатото – нема ништо полошо од преполн орман. А што да се направи ако тој не се затвори дури и по чистењето? Постои решение. Земи неколку алумински отварачи од конзервите со сок и прицврсти ги на закачалката со палтото – и потоа закачи уште една на неа. Тоа ќе ти помогне да заштедиш простор.

Мора да признаеш дека чистењето на гардероберот беше толку возбудливо што ти всушност се чувствуваше опуштено и полно со енергија! А да ги исчистиш и прозорците? Не се штеди – пушти ја омилената песна и продолжи со чистење!

6. Почести се себесиМалите задоволства можат да завршат голема работа во подобрувањето на расположението. Ти го заслужи тоа! Особено по пролетното чистење и успешното вежбање. Не сме застапници на непотребното трошење, но… може да си дозволиш очила или чанта. Можеби парче накит да го оживее фустанот? Малиот ѓердан во форма на јаболко Alena би бил совршен! Исто така, време е да ги разбудиш и твоите сетила. Твоето сетило за мирис е почувствително во пролет отколку во зима, кога студениот воздух ги блокира рецепторите за мирис. Избери тоалетна воа која ќе ти даде енергија или пак парфем како што е BeRomantic или BeFun. Тоа ќе гарантира одлично расположение!

Дозволи си себеси мала релаксација. Купката за опуштање и малото излежување нема никому да му наштети и во суштина може и да го направи следниот ден витален. По бањата, користи козметика која брзо ќе ги обезбеди неопходните витамини и ќе ја хидрира кожата која се исушила во текот на зимата. Избери производ од линијата Planet Spa со африкански шеа путер. Наспиј се добро. За време на зимата, ако си ги спиела помалку, сега обиди се да си ги дозволиш потребните 8 часа сон. Колку повеќе одмораш, подобро изгледаш и полесно ќе го симнеш вишокот килограми!

7. Читај повеќеПобарај новитети, разгледај ги бестселерите и читај секогаш кога можеш. Книгите помагаат да направиш пауза од тековните преокупации и со тоа да си обезбедиш здрава дистанца од работите. Ќе мислиш поостро, ќе го зголемиш знаењето и речникот и ќе добиеш нови идеи за работа. Книгите инспирираат!

8. Средби со пријателиСредбите со пријателите можат да бидат подеднакво инспиративни. Разговорот со луѓе кои ги сакаш со сигурност ќе те расположи. Нивното внимание, комплименти и поддршка се бесценети – за возврат ниту ти не треба да се штедиш. Ништо не ги полни батериите подобро од смеата.

9. Направи нешто за другитеПомошта која ја даваш на другите е уште еден начин да се добие насмевка. Пронајди некои локални здруженија или фондации кои се занимаваат со хуманитарна работа и истражи како би можела да помогнеш. Или, можеби постои некоја иницијатива која може да ја преземеш заедно со соседите? Убеди ги да се ангажирате во куќниот совет за да се изгради отворен простор за фитнес или игралиште за деца. Овие активности, иако одземаат време, ќе те инспирираат да станеш подеднакво активна и во други области од животот.

10. Обиди се да учиш…Искористи ја предноста на подолгиот ден и запиши се на некој курс. Отсекогаш си сакала да шиеш? Обиди се! Пронајди интересни курсеви во твојот град или побарај материјали на YouTube. Учи нови јазици. Можеш да ги користиш бесплатните онлајн платформи и слободно да учиш од дома или било каде и да си во движење.