Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Водич за нега на машката кожа

Мажите не се секогаш расположени да потрошат повеќе време во избор на најдобрите производи кои им одговараат на кожата и се попретпазливи кога бараат помош. Излегува дека и жените, исто така, имаат потешкотии да ги пронајдат вистинските производи за своите партнери. Време е да ги исполниме неговите козметички полици со вистинските работи. Прочитајте ги нашите совети!

Избор на мирис

Пред да изберете мирис, секогаш имајте предвид дека истиот мирис различно ќе мириса на секој маж. Генерално, мажите сакаат мириси кои се поврзани со домот или природата: храна, чиста облека, силен мирис на свежо искосена трева, кафе, свеж воздух после дожд, лаванда или пита со јаболка. Изборот на мирис треба да се базира на неговиот животен стил, карактер но, исто така и на приликата за која тој би се користел.

•    Ако вашиот маж сака спортови, посетува теретана, оди на базен или сака тимски спортови, тогаш ќе сака енергични композиции со мирисни ноти како на пример: цитрон, смрека, кардамон, чемпрес, ѓумбир, анасон или ветивер – ноти кои ќе додадат адреналин. Ваквите компоненти ги има во колекциите Full Speed или Avon Sport.

•    За маж кој сака да се истакне, одличен избор би бил на пример Avon Homme – мешавина на зачинет коријандер, впечатлив кедар и рафиниран ирис. Овој високо – заводлив мирис ќе стане уште посилен ако се користи во комбинација со гел за тело кој ги содржи истите ноти.

•    За гламурозна вечер заедно, понудете му ја тоалетната вода Avon Attraction – секси, долготраен мирис дизајниран со корен од ѓумбир, магнетен мошус и распламтени дрвја кој дополнително ќе вѐ зближи.

•    За мажот кој заведува со неговата природност и ја следи својата лична патека, најдобриот мирис доаѓа од семејството на морски или ароматични ноти, на пример Avon Musk EDT или Individual Blue EDT.

Кога избирате мирис за вашиот маж, запомнете дека тој не само што треба да му прилега нему, туку и на вас. За да си го олесните изборот, проверете ги нотите на неговиот омилен балсам за после бричење и пронајдете го парфемот кој најдобро ќе одговара на него. Кога еднаш ќе го пронајдете совршениот мирис, ќе ви биде многу полесно подоцна да ја комплетирате неговата колекција со балсам за после бричење, спреј за тело и шампон за коса кои ги содржат сличните или истите ноти.

Мазно бричење

Галењето со мазното, топло лице на вашиот сакан е едно од најголемите задоволства за многу жени. Мажите се бричат не само за да изгледаат средено, туку исто така ... и за нас, жените. Секојдневното бричење на брадата ја прави кожата подложна на иритации, затоа козметиката која се користи за бричење или после бричење треба да содржи состојки кои ќе обезбедат брзо закрепнување на кожата. За мазно бричење, побарајте гел или пена која содржи смирувачки состојки како алое вера, путер од кокос, витамини и пантенол. Тие не само што ќе ја хидрираат кожата, спречувајќи сушење, туку исто така и ќе ја потхранат, оставајќи ја со здрав изглед и мазна на допир по бричењето.

Иако кожата на лицето на мажите е подебела од женската, честото бричење може да ја направи подложна на иритации, што во комбинација со студеното време може да доведе до нејзина екстремна сувост. Затоа се советува кожата по бричење дополнително да се смири со балсам. Можете да изберете некој од истата линија како и гелот за бричење или, ако кожата лесно се иритира, оној кој е создаден за почувствителна кожа. Зошто да не направите мудро решение и да му набавите 2 во 1 балсам и хидратор за после бричење кој во исто време ќе ја смири кожата и ќе ја хидратира? Тој ќе го сака тоа!

Состојките кои можат да се најдат во балсамите за после бричење содржат ментол, екстракти од ѓумбир, алое вера и витамин Е. Ментолот помага кожата да се олади и опушти, но во исто време и да се зајакне. Витаминот Е ја штити кожата од сушење и ја прави мека и потхранета. Алое вера длабоко ја навлажнува, а ѓумбирот има анти-воспалителени и анти-бактериски својства за здрав изглед на кожата. Користењето на балсамот за после бричење може да биде пријатно негувачко искуство кое ја смирува и хидратира кожата.

Нега на коса и тело

Кога зборуваме за козметиката, дали некогаш сте се запрашале што најмногу сака тој? Постои нешто на што мажите се навраќаат многу често.  Тоа е гелот за туширање! Ако целата козметика може да се смести во едно шише, мажите би биле воодушевени. Тие ќе сакаат било што кое е практично и комбинира многу функции. Токму затоа ретко може да најдете шампони наменети само за мажи. Во поголем број случаи шампонот оди заедно со гелот за туширање. Овој 2 во 1 комплет ја прави негата полесна и временски поефикасна за вашиот маж. Предизвикувачките мирисни ноти на пеперминт, црн пипер или свежината на бергамотот кои се составен дел на овие производи, ќе му дадат дополнителна енергија наутро.

Кога зборуваме за туширањето, изберете формули кои ја хидрираат кожата, но исто така, содржат и витамини. Ова е неопходно особено во зимската сезона кога кожата има потреба одд повеќе енергија и потхранување. Барајте производи со витамини Е, А и Ц кои помагаат кожата да биде здрава, мазна и негувана. А доколку веќе знаете кој е неговиот омилен мирис, можете да му набавите гел за туширање со истите мирисни ноти.

Машко СПА

Не постои поголемо уживање од споделувањето сѐ со саканиот. Тоа истото може да важи и за козметиката. Кремите за раце, маските, пилинзите, купките може да ги користите заеднички. И кој вели дека СПА е резервирана само за жени? Мажите имаат потреба од опуштање, исто така. Многу СПА производи се универзални и содржат мириси кои се привлечни и за мажите и за жените. Иако мажиоте отпрвин може да покажат отпор кога станува збор за нанесување маска за лице или тело, тие нема да одбијат масажа на тело со топло масло збогатено со минерали од термален извор. За топла масажа, ставете го шишето во чаша топла вода за 1 минута и потоа нанесете го маслото на телото втривајќи го во кожата. Ваквата масажа не само што ќе ја хидрира и негува кожата, туку и ќе ги опушти сите сетила.