Македонија
    |         |         |    
ПРВА ЉУБОВ: КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕШ - AVON Македониjа

ЧОКОЛАДНА НЕГА: КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД КАКАОТО?

Иако скоро сите сакаат чоколадо, малку луѓе знаат дека неговата главна состојка - какаото, познато уште и како семе на Теоброма какао дрвото - е всушност еден неопходен и неверојатен елемент во козметиката. Како да го користиш и зошто да дознаеш повеќе на оваа тема?

Какаото, кое некогаш било неверојатно скапо и увезено во Европа заедно со златото, денес е повеќе од обична состојка. Сите знаеме дека чоколадото нѝ го подобрува расположението, но не сите сме свесни за потенцијалот кој тоа го има во областа на нега на кожата. Сепак, чоколадните ароми ретко имаат врска со вистинското Теоброма семе кое е многу корисно од повеќе причини!

Чоколадна нега

Теоброма какао семе: својства

Древниот народ одамна бил свесен за скапоцените карактеристики на Теоброма какаото. Го користеле најчесто за не-козметички цели, но интересно е тоа што какаото нанесено надворешно или внатрешно има многу слични особини. Семето од какао содржи магнезиум, антиоксиданти, како и други компоненти кои ги неутрализираат слободните радикали, со што се оддолжуваат процесите на стареење, но овозможува и заштита на кожата од негативните фактори на животната средина.

Состојките на путерот од какао се совршени за хидратација на кожата и ја подмладуваат дури и екстремно сувата кожа. Освен тоа, аромата делува освежувачки: не е премногу слатка, не е премногу горчлива, туку едноставно многу вкусна.

Нега со какао: Кој е нашиот избор?

Путерот од какао е пред сѐ хидратантна состојка, но може да се користи и за нега на целото тело.

Ако си во потрага по нешто што ќе ти го подобри расположението и ќе ја енергизира твојата кожа оваа пролет, погледни ги овие производи!

Крем за раце

Ефикасно ја хидрира дури и најсувата кожа, и се впива многу брзо. Можеш да ја ставиш на твојата работна маса и да ја употребуваш секогаш кога ќе имаш потреба, пред сѐ од хидратација, а потоа како енергетски бран.

Чоколадна нега 2

Универзален крем за лице и тело со путер од какао

Ова е неопходно ако бараш универзален производ кој ќе ти замени многу различни производи. Не е толку интензивно хидратантен како путерот од какао, не остава масен слој и ефикасно ја навлажнува кожата. Овој крем е одличен за секојдневна употреба, за целото семејство.

Путер од какао за нега на тело

Ова е производ кој навистина мора да го имаш. Тој најдобро дејствува на многу сува кожа, по сончање, како и на многу оштетена кожа, за која стандардните креми не се доволни. Препорачуваме да го користиш во текот на цела година. Напролет тој ја потхранува кожата која станала безживотна по престојот во загреана соба цела зима, а во текот на летото ја обновува кожата по сончање, додека наесен ја подготвува за зимските предизвици.

Балсам за усни

Чоколадни бакнежи? Усните се често суви, а путерот од какао е совршен производ за хидратација. Треба секогаш да имаш балсам за усни во твојата чанта, дури и ако употребуваш обичен кармин или сјај за усни. Кога ќе го нанесеш, веднаш ги хидрира усните, ја зголемува нивната флексибилност и го задржува изгледот и долготрајноста на секоја боја нанесена потоа.