Македонија
    |         |         |    
ЗАЉУБИ СЕ ВО...РОЗАТА - AVON Македониjа

ЗАЉУБИ СЕ ВО....РОЗАТА! ДОЗНАЈ КАКО ОВАА СОСТОЈКА СЕ ГРИЖИ ЗА ТЕЛОТО И ВЛИЈАЕ НА СЕТИЛАТА.

Постојат одредени состојки во козметиката и парфемите кои никогаш не излегуваат од мода. Трендовите и вкусовите може да се променат, светот продолжува да се движи, а сепак розата сѐ уште е вистински хит. Што е тоа што ги прави производителите на козметика и парфеми постојано да се враќаат на оваа состојка и зошто клиентите сакаат производи од роза?

Според грчката митологија, розата за прв пат расцутила кога божицата на љубовта, Афродита, чудотворно се појавила од морската пена. Митот ја раскажува приказната за тоа како Афродита, кога брзала кон својот сакан Адонис, си го боцнала стапалото со трн, а капката крв во пенливата морска вода го создала цветот на розата. Ова е цвеќето посветено на најубавата божица и симбол на љубовта сè до денес.

За неа се знае со години, а пред многу векови нејзините ливчиња (заедно со млекото) се користеле за капење на кралиците. Својствата на розата вклучуваат долга листа на придобивки, а сепак тоа не е сè кое таа го нуди. Розата е прекрасен и деликатен цвет со примамлив мирис.

Што точно можеш да добиеш со користење на козметика во која розата е главна состојка?

Придобивки од розата во козметиката

Целата билка - роза, односно ливчињата, семето и плодовите, содржат многу вредни супстанции. Тоа се витамини Ц, Б, Е, К, флавоноиди, танини и органски киселини. Се користи како состојка за козметичка употреба, особено за чувствителна кожа, бидејќи ја хидрира и смирува кожата и ги ублажува иритациите.

Во производите за нега на коса, розата ја подобрува мекоста и нежноста на косата.

Розата како состојка се користи во козметиката за луѓе склони кон црвенила, бидејќи ја намалува видливоста на мозолчињата и ја прави кожата поотпорна на негативните ефекти од климатските промени или загадувањето на воздухот.

Последно, но не и најмалку важно, розата во козметиката дава боја и арома. Маслото од роза и нејзиниот мирис се едни од највредните состојки во парфемската индустрија. За да се добие 1 кг масло од роза, потребни се 3,5 тони ливчиња од роза!

Каде да ја пронајдеш розата во козметиката?

Постојат многу произоди со роза како состојка. Ние ти ги претставуваме оние кои ни го привлекоа вниманието, а го заслужуваат и твоето! 

Креми и вода од роза

Екстрактот од роза може да се најде во кремот за лице од колекцијата Avon Care, како и во водата од роза, која сама по себе е бестселер. Се користела долго време и останала популарна бидејќи обезбедува одлично чистење, освежување и хидратација на кожата.

Производи за бања

Постои широк спектар на производи од кои можеш да бираш - претходно споменатото капење во млеко и ливчиња од роза не беше случајно. Ако оваа опција не е достапна за тебе, обиди се со креместите гелови за туширање Senses, маслото за бањање Planet Spa Moroccan Romancе или пенливиот гел за бањање Romantic Rose.

Парфеми

Најдобриот и најпосакуван мирис на роза од AVON е Dreams. Во него се споени нотите на рози од Прованса со сочна слива и дрвенести акорди. Овој мирис е нежен и женствен, но не и премногу сладок!

Зборувајќи за розата...не заборавај на усните нежни како ливчиња од роза!

И ако во карминот нема екстракт од роза, нијансите инспирирани од розата ќе ги красат твоите усни со прекрасен, нежен мат-изглед.