Македонија
    |         |         |    
ПРВА ЉУБОВ: КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕШ - AVON Македониjа

КАКО ДА ОДБЕРЕШ ПРОЛЕТЕН ПАРФЕМ?

Дали ти е доста од тешки, зимски мириси, исто како што ти е доста од зимските јакни, шалови и капи? Можеш полека да почнеш да се ориентираш кон пролетни мисли.

Кога пролетта е на самиот праг, обично со нетрпение ја чекаме. Ја очекуваме, бараме знак дека е тука, ја проверуваме временската прогноза и ја подготвуваме полесната облека од гардероберот, заедно со цветните фустани. Зимата, особено европската, може да биде сива, тажна и депресивна. Затоа не можеме да дочекаме да дојдат потоплите сезони, првите зелени листови на дрвјата и сончевите зраци.

Иако не можеме да влијаеме на времето, имаме моќ да ја доловиме атмосферата на пролетта. Како? Најлесен начин да го направиш тоа е да користиш мирис!

Како да одбереш пролетен парфем

Нештата што ги предизвикува еден мирис, односно магија во шишенце

Пред да избереме, добро е да го освежиме знаењето со некои теории и факти. Мирисите и парфемите се познати со векови и тешко е да се прецени нивното влијание врз човечката психа, расположението и пристап кон другите.

Дали се сеќаваш на познатата книга "Парфем"? Мирисот може да поттикне екстремни емоции, а според истражувањата можат и да евоцираат спомени.

Неколку нешта влијаат на нашата благосостојба и на тоа како другите нѐ гледаат, посилно од мирисите.

Затоа најдобро е свесно да го избереш твојот парфем за да можеш да ги искористиш неговите најдобри квалитети.

Што го прави совршен пролетниот парфем?

Парфемите, исто како и облеката, имаат различни верзии. Се облекуваме поинаку за романтичен состанок и за прошетка во шумата. Парфимеристите многу добро разбираат дека нашиот стил е под влијание на разни фактори, како што се времето, сезоната или активностите кои сме склони да ги превземеме во дадено време.

Пролетните и летните парфеми се разликуваат од оние што се носат за време на постудените сезони. Таквите ароми се полесни и помалку заситени, но во никој случај не значи дека покусо траат!

Пролетните верзии често нудат овошни, лесни мирисни ноти. Добро е да нѐ потсети на изобилието на видови цвеќе, па затоа мирисите може да бидат разновидни, бидејќи цветното не значи само слатко и неутрално!

Како да одбереш пролетен парфем 2

Пролетен парфем: заљуби се во Pur Blanca!

Пролетната верзија на парфемот Pur Blanca нуди дури 5 уникатни мириси. Композицијата Pur Blanca Harmony се состои од свежа круша и темјанушка, како и сензуален мошус. Ова е мирис што можеш да го носиш не само на работа, туку и во текот на вечерта или на романтичен состанок.

Другите композиции од оваа линија исто така содржат мошус, но главните и средните ноти се многу различни. Pur Blanca Smile мириса на праска, цитруси и магнолија. Pur Blanca Elegance е исто така малку цитрусен, но збогатен со јасмин, ванила и бела орхидеја.

Целата колекција е прекрасна пролетна линија за жени кои сакаат да си играат со своите мириси.

Не чекај ги првите топли денови – подари си малку топлина токму сега!