Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Направи ги усните отпорни на зима

Мраз, ветер, сув воздух кој доаѓа од грејните тела предизвикуваат прекумерно сушење, пукање и раслојување на усните, при што карминот делува неестетски. Токму поради тоа не се препорачува сувите усни да се оближуваат или бакнуваат надвор за да се избегне несакан ефект. Во зима треба особено да се грижите за усните и да ги негувате со ваше домашно СПА.

Пилинг

Првиот чекор во негата на усните не е хидратацијата туку пилингот. Кога усните се суви, тие започнуваат да се лупат при што е видлива неестетската грубост на кожата. Тоа е тешко да се прикрие, дури и со нивно целосно прекривање со кармин. Да бидеме искрени, карминот само ќе го зголеми непосакуваниот изглед. Пилингот помага во омекнувањето на кожата и успешно ја отстранува сувата, нерамна површина. Не само што вашите усни ќе бидат свилено мазни, туку исто така ќе ја стимулираат циркулацијата на крв во нив, што помага да се постигне побогата боја. Усните може да ги ексфолирате со употреба на мека четка или со втривање на домашно подготвен раствор во нив.

 

•    Како основа на вашиот пилинг раствор, користете кафе или шеќер. Потоа додадете малку масло: може да биде маслиново, арганово, бадемово или макадамово ... и растворот е готов! Ако сакате побогата мешавина, промешајте лажичка мед, избрано масло, 2 лажички шеќер  и неколку капки лимон. По пилингот, остранете го вишокот раствор од усните ... ако сеуште не сте го излижале.

Хидратација

Можеби се сеќавате кога вашата мајка или баба ставале смирувачки путер или мед на вашите суви усни во зима? Во денешно време, со богата палета на производи кои ви се на дофат, овие методи изгледаат старомодно, но сепак се вредни за помнење и за тоа постои добра причина. Медот е природно интензивен хидратор кој ја зголемува обновата на кожата. Токму затоа, се препорачува да го нанесувате на усните и да оставите целосно да се впие ... што секако не е лесно, бидејќи е премногу тешко да се одолее на вкусот! За да си ги олесните работите, нанесете мед пред да појдете на спиење и оставете да делува во текот на ноќта. За да ги одржувате усните хидрирани, користете производи кои содржат пчелин восок, путер од кокос, зелена маслина или масло од јојоба.

Заштита

Пред да се изложите на студеното време, треба да ги прекриете усните со заштитен слој. Путерот е одличен за тоа. Но кој би можел да го носи со себе во чанта? Наместо тоа, изберете балсам за усни за нега со збогатена формула. Вистинскиот избор треба да содржи растителни масла, на пример маслиново масло, хранливо шеа или кокосов путер и регенеративни витамини А и Е кои ќе помогнат во обновата на усните, а тие секогаш да бидат мазни и здрави.

Шминка

При грижата за усните во зима, не треба да се откажувате од бојата. Обрнете внимание на кармините и сјаевите за усни, и изберете го оние со негувачки компоненти, како растителни масла, витамини или минерали. Исто така, не заборавајте на УВ филтрите. УВ зраците се опасни и во постудените сезони и не само на скијачките патеки. Снегот ја рефлектира светлината која може да има штетно влијание на состојбата на кожата. Сончевите зраци го забрзуваат стареењето на кожата, правејќи ја млитава и пресушена. На тоа додадете го студеното време, северниот ветер и греењето во затворени простории и ќе добиете бројни фактори кои можат да бидат штетни за усните. Затоа, користете филтри и хидратори секогаш кога излегувате надвор!

Интензивно регенеративно домашно СПА

Понекогаш потребно е да делувате брзо за да ги излекувате испкуканите усни и црвената кожа која се појавува околу нив. Имајте ги во вид хидратантните креми со мед, кокосов путер или растителни масла кои ќе помогнат да се надополни изгубената влажност. Навечер, смирете ја кожата со регенеративна маска за усни. Пробајте ги овие рецепти:

 

•    Мед и слатка павлака – измешајте половина лажиче мед со половина лажиче слатка павлака. Нанесете на усните и оставете да делува 5 минути. Потоа исплакнете со млака вода.

•    Млеко и мед – истиснете половина лажиче лимонов сок и измешајте го со половина лажиче мед. Нанесете го на усните, покривајќи ја и кожата околу нив и оставете да делува околу 20 минути. Отстранете го вишокот со млака вода.

•    Мед и глицерин – измепајте 1 лажиче мед со неколку капки глицерин, нанесете на усните и оставете да делува околу 15 минути, потоа исплакнете со млака вода.

•    Краставица – истиснете го сокот од исчистена краставица, нанесете го на суните и исплакнете по 20 минути.