Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Топ 10 совети за нега на кожа во зима

Прапорците ѕвонат, снегулките полека паѓаат, зимата пристигнува! О, каква радост! Но, таа носи многу повеќе од розов сјај на образите. Студените денови можат да предизвикаат неудобна сувост на кожата на лицето, дланките и стапалата. Како да имате хидрирана кожа која е отпорна на ефектите на ледените ветрови и прегреаниот воздух во затворените простории? Па, тоа е можно. Еве неколку совети за одржување на здрава, нераспукана, еластична кожа во текот на целата зима.

1.    Хидрирајте ја кожата одвнатре со пиење доволно вода. Хидратацијата во лето е прилично очекувана постапка, но како што заладува, конзумирањето на дневната доза вода не секогаш е врвен приоритет – а треба да биде. Носете шише со вода кога излегувате. Топлиот чај е, исто така, делотворен кога е многу студено. Не дозволувајте кожата да остане жедна.

2.    Заменете го гелот со покремасти, млечни чистачи на кожата. Бидејќи кожата е почувствителна на студено време, гел производите за чистење кои често имаат поагресивно дејство, може дополнително да ја исушат и иритираат. Кремастите чистачи ќе ја отстранат шминката без да ја одземат скапоцената влажност на кожата.

3.    Сувата, распукана кожа е непосакуван заштитен знак на зимата. Добриот пилинг за лице и тело помага во отстранувањето на мртвите клетки на кожата. Всушност, употребата на пилингот е понеопходна во зима во споредба со летото. Додатете го овој ритуал во секојдневната рутина на чистење и до трипати неделно. Не само што ќе се чувствувате свежо, вашата кожа ќе биде ослободена од старите, мртви клетки. Сега сте подготвени за хидратација!

4. За заштита на кожата од дехидратација, изберете хидратор на база на масло, наместо на база на вода, бидејќи маслото ќе создаде заштитен слој на кожата кој ќе задржи повеќе влага отколку крем или лосион, бидејќи содржи 80% масло. Изберете масла кои не ги затвораат порите, како масло од авокадо, минерално масло, бадемово или масло од јаглика.

5. Пробајте хидратантен серум. Сувиот зимски воздух значи дека ни е потребен дополнителен хидриран слој, кој серумот може да го обезбеди. Побарајте ги оние кои содржат хијалуронска киселина за задржување на влажноста и ја прават кожата мека и нежна. Нанесете го на целото лице, или на исклучително сувите делови, а потоа нанесете слој од вашиот хидратантен крем одозгора.

6. Само затоа што треперите не значи дека сончевите зраци ги нема. Зимското сонце, во комбинација со отсјајот од снегот, сепак можат да ја оштетат кожата. Околу 30 минути пред да излезете од дома, на вашето лице и раце (ако тие се изложени), нанесете крем за заштита од сонце со заштитен фактор 15 или повеќе. Ако останувате надвор подолго време, нанесувајте повеќепати и почесто.

7. Одржувајте ги рацете суви, топли и свилено меки. Грубите, испукани дланки изгледаат многу лошо. Во зима и ноктите имаат тенденција да изгледаат лошо, бидејќи не се доволно хидрирани, оставајќи ве со суви и груби заноктици. Кожата на дланките е потенка во однос на повеќето делови од телото и има помалку лојни жлезди. Тоа значи дека е потешко да ги одржувате дланките хидрирани, особено на студено и суво време. Чешање, пукање, рани, дури и кругови од екцем можат да бидат најчестите проблеми на оваа сезона. Користете крем за раце секогаш кога ќе ги измиете рацете. Препорака: ако го ставите лосионот за раце веднаш до сапунот, ќе ви биде полесно да ја одржувате рутината!

8. Испуканите усни можат да бидат вистински комшмар. Носете го балсамот со себе и нанесувајте го често, како што температурите паѓаат. Користете солидна количина од природно масло за да ги заштитите усните од неповолните услови. И, не ги оближувајте усните! Ако го правите тоа, тие уште повеќе ќе испукаат.

9. Потхранете ја кожата со додавање на неколку капки масло во секојдневното капење. Вашата кожа ќе ја апсорбира многу потребната влажност од маслата. Но, бидете внимателни со многу топлите купки. Секако, киснењето во многу жешка вода е одлично чувство по престојот надвор на студено. Силната топлина и врелиот туш или купка во суштина ги разградуваат маслените бариери во кожата, што доведува до губење на влажноста. Наместо тоа, млаката бања со овес или сода бикарбона ќе дејствува ублажувачки на кожата.

10. За време на зимата вашите стапала, исто така, имаат потреба од позасилена нега. Одвреме-навреме користете пилинг за отстранување на мртвата кожа и масен крем за нивна длабинска хидратација. Препорака: за одржување на топли и меки стапала нанесете хидратантен крем во обилна количина и носете удобни чорапи во текот на ноќта. Се чувствувате пријатно и удобно – има ли подобро нешто од тоа во зима?