Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Оваа зима, освежи го својот несесер!

Несесерот се менува, исто како и жената. Или можеби како времето и годишните времиња? Изненадени? Секако дека не. Природно е да ја прилагодиме секојдневната нега на условите во кои живееме или на нашата возраст. Проверете што треба да замените во вашиот несесер за максимално да уживате во зимата.

Променете го лесното со интензивно

Во зима, кожата има тенденција да се пресушува поради мразот и греењето. Како резултат на тоа, кожата станува груба, испукана и лесно се иритира. Интензивната хидратација може да го спречи тоа и да ја задржи кожата мазна и мека за време на студените сезони. Во текот на денот, можете повеќекратно да го нанесете вашиот крем, секогаш кога ќе почувствувате дека кожата се оптегнува или почнува да чеша. Најдобро е ако вашиот хидратантен крем содржи заштитни состојки како на пример витамин А и Е, растителни масла, восоци кои ќе изградат бариера на кожата, штитејќи ја од опасните влијанија на мразот и студениот ветер. Исто така, внимавајте на областа околу очите. Кожата во таа област е послаба и поподложна на оштетувања. Користете богати формули за одржување на свеж и опуштен изглед, како на пример кремот за околу очи Anew Nutri-Advance.

 

Обновете ја кожата

Ако го заборавивте вашиот зимски крем и се вративте дома со црвена, сува и кожа што чеша, посегнете по крем за итна употреба со интензивни карактеристики за обнова, кој ќе ви помогне да ја надоместите загубената влажност и ќе ја нахрани кожата, оставајќи ја мека и мазна. Пробајте ги производите од линијата Avon Care за интензивна нега.

Внимавајте на УВ зрачењето

УВ филтрите најчесто се користат во лето, иако тие би требало да бидат присутни во вашиот несесер во текот на целата година, а особено во зима поради рефлексијата на светлината од белината на снегот. УВ зраците не се опасни само додека скијате, туку и додека сте излезени во град. Дополнително, студеното време ја ослабнува кожата правејќи ја уште поподложна на штетните сончеви зраци.

 

Разубавете го лицето

Излегува дека лесната пудра не е резервирана само за жешките летни денови, туку подеднакво добро може да се користи и во зима. СС или ББ крем природно ќе ја корегира бојата на кожата и дополнително ќе ја негува. Лесна пудра со осветлувачки пигменти ќе ја разубави дури и најтемниот зимски тен. Обрнете внимание на тоа дека појаките пудри може дополнително да ги нагласат несовршеностите на кожата и нејзината млитавост, а тоа никој не го сака. Изберете пудри кои содржат витамини и хидрантни состојки кои дополнително ќе ја нахранат кожата и ќе направат да изгледа одлично. Во зима, при облекување со пудрата е лесно да ги извалкате алиштата. За да го избегнете тоа, нанесете слој пудра во прав врз пудрата или спреј за фиксирање на шминката.

 

Направете ја шминката отпорна на зима

Во зима, можете да изберете нагласен и користете зглед на очите за да ги направите повпечатливи. Како и да е, кога врне и снежи, многу е лесно да се изгуби овој ефект и да добиете изглед на очи на ракун. За да обезбедиме шминката за очи да трае и во зима, користете водоотпорна маскара и туш за очи. Исто така, користете кремасти сенки за очи кои ќе траат подолго. Ако сакате да користите сенки во прав, прво нанесете подлога. Нега и боја

За да заштедите простор во вашиот несесер, изберете кармин од кој ќе имате најголема корист. Не само што ќе ви ги прекрие усните со вашата омилена боја, туку исто така, ќе ви обезбеди и соодветна нега. Ако не сакате да се откажете од вашиот омилен кармин, кој не содржи состојки за нега, запомнете претходно да нанесете балсам за усни. За дополнителни совети за нега на усните прочитајте повеќе на следниот линк.

“Загрејте” ја шминката

Во зима, настојуваме да носиме темни бои и во шминката и во облеката. Парадоксално, тоа нѐ прави да изгледаме уште поуморно и поневпечатливо. Додадете енергија во вашето расположение и заменете го лакот за нокти со смирена пастелна нијанса, изберете молив за очи со кафена нијанса и сенка за очи во златна боја. На тој начин ќе го подобрите вашиот изглед и ќе се чувствувате порасположено.

Користете спреј за коса

Зимата може да претставува тежок период за вашата коса. Носењето капа и промената на температурите - од топло до екстремно студено, може да ја ослабат и исушат косата, предизвикувајќи нејзино кршење. Додека сте дома, подгответе ја вашата коса, мијте ја со шампон кој ја храни и обновува и секогаш користете регенератор така што ќе биде полесно да ја обликувате и заштитите од студот. Во вашиот несесер може да си носите спреј за коса со хранливи масла или сув шампон кој ќе го подобри нејзиниот изглед во било која ситуација.