Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Подгответе се за карневалот!

Карневалот е одлично време да си поиграте со вашиот изглед и да се трансформирате во оној кој сакате да бидете. Но запомнете, не само што вашата гардероба треба да биде убедлива и одлично да ви стои, истото важи и за шминката. Пронајдете инспирација во нашите водичи и создадете го саканиот изглед!Токиска Гејша

Шминка1.    Нанесете пудра и коректор, една нијанса посветли oд вашата боја на кожа.2.    Внимателно обликувајте ги веѓите и нанесете сенка за веѓи за оптички да го продолжите нивниот облик.3.    Нанесете мат сенка за очи во прав на капаците сѐ до линијата на веѓите, а потоа исцртајте остра линија со туш за очи долж горните капаци.4.    Исчешлајте ги само горните трепки, малку настрана за да  добиете азиски изглед. Нанесете мат сенка во прав на долните трепки (истата нијанса како на очните капаци).5.    Нанесете руменило на јаболкцата.6.    Прекријте ги усните со кармин во боја на цреша, на пример, Ultra Color Untamed Heart.

Коса1.    Нанесете спреј исправување на косата Power Straight.2.    Измазнете ја косата со фен и четириаголна четка.3.    Направете високо коњско опавче.4.    Прицврстете дебел стегач за волумен на ластичето за коса и зацврстете го шноли.5.    Со дополнително ластиче за коса фиксирајте го вашиот кок во неговата основа.6.    За да го фиксирате изгледот, употребете спреј за заштита на косата од горење AT Heat protection.

 

Венециска маска

Шминка1.    Нанесете пудра и коректор.2.    Нагласете ги контурите на лицето со бронзени бисери за лице. Нанесете на образите, слепоочниците и долж вилицата. Исто така, поминете го и вратот и деколтето за да создадете ефект на исончана кожа.3.    Нанесете сенка за очи на капаците, на пример четирибојната сенка Mocha Latte. Започнете со сенката бр. 1, а потоа употребете ја бр. 2 во наборот, создавајќи бадемаста форма.4.    Дефинирајте ги очите со исцртување на линија долж горните и долните трепки со молив за очи Brown. 5.    Нанесете светкава сенка на очните капаци и продолжете ја нагоре за да создадете драматичен dolce vita изглед. Користете го тушот за очи Avon Supershock Flashy Brown. Потоа, на трепките нанесете дебел слој маскара.6.    Прекријте ги усните со карминот Ultra Colour Tender и нанесете сјај за усни во средината за пополн изглед.

Коса1.    Разделете ја косата во 3 дела, свиткајте го секој и прицврсете.2.    Намотајте го највисокиот дел од косата на четка за правење кадрици.3.    Направете опавче со двете странични секции на косата и прицврстете го перничето за зголемен волумен на косата.4.    Исчеткајте ја наназад косата од највисоката секција и направете патец.5.    Направете плетенка.6.    Намотајте ја и прицврстете ја плетенката со шноли за коса.

 

Самба во Рио

Шминка1.    Засенчете ги очите со син мек молив за очи и разлејте го со сунѓерче. Користете на пример, мек молив за очи, нијанса Ocean Blue.2.    На горниот дел од капакот несете сенка за очи во крем-гел формула, на пример долготрајна сенка за очи  во тегличка, нијанса Gold Gleam.3.    Нагласете ги усните со молив за усни, на пример со самоостречкото моливче за усни True Red и пополнете ги со кармин Ultra Colour Lava Love.

Коса1.    Нанесете спреј за зацрвстување на влажна коса со помош на четката за отплеткување Tangle Teezer.2.    Цврсто намотајте ја косата во форма на гнездо и зацврстете ја со штипки додека се исуши. 3.    Потоа, пуштете ја косата и исчеткајте ги врвовите со крупен чешел.