Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Зголемете ја сопствената мотивација

Новогодишни одлуки ... ги правиме брзо и забораваме на нив уште побрзо, иако не е потребно многу за да ги исполниме. Откријте паметни начини кои ќе ви помогнат оваа година целите поврзани со убавината да ги претворите во реалност.

1.    За многу луѓе, враќањето во форма е одлука број еден. Секако, сѐ изгледа лесно на почетокот ... додека правиме планови. За да ја зголемите личната мотивација, најпрво погрижете се за вистинската опрема. Изберете функционална и привлечна облека која ќе прави да се чувствувате добро во вашата кожа и оставете умот целосно да се фокусира на задачата.

2.    Полесно е да ја одржувате мотивацијата кога брзо ќе ги видите резултатите. Поставете си краткорочни фитнес цели и редовно мерете ги со паметни уреди, како на пример, мерни скали кои освен телесната тежина, исто така ќе го мерат индексот на телесна маса, мускулната и коскена маса, и нивото на хидратација за подобра контрола на вашите постигнувања.

3.    За да ги забрзате резултатите во обликувањето на телото, зошто да не пробате во вашиот дневен режим да користите производи за зацрстување? Кафето е одлично за тоа! Ја стимулира микроциркулацијата на крвта, го забрзува процесот на обнова на кожата која станува поцврста и помазна, а помага и во борбата со целулитот.

4.    Тешко е да се одржи ветувањето да се намали со јадење на слатки ... ако ви се чини претешко да одолеете, пробајте ја нашата слатка козметика! Вкусниот мирис на чоколадо и портокал би требало да ги задоволат вашите слатки искушенија.

5.    Совршениот изглед бара да имате совршен изглед на кожата. Направете ја секојдневната нега задоволство, а не обврска. Навечер дајте си време и оставете кожата да се обнови со потхранувачка маска за лице или хидратантен лосион. Во раните месеци на Новата година обрнете особено внимание на кожата на рацете која има тенденција прекумерно да се суши поради студеното време. Кожата на рацете, веднаш после лицето може оптички да ги издаде вашите години. Доволни се само 15 минути неделно за вашите раце да добијат младешки и негуван изглед, така што имајте си режим за нега на рацете и чувајте го кремот до лавабото и во чантата.

6.    Одлуката „Секогаш со совршен маникир“ исто така, може да се појави на вашата листа на цели за Новата година. Но, кога надвор е сеуште многу студено, сокривањето на рацете во ракавици е чест изговор за запуштени нокти. Во првите студени месеци од Новата година, може да се фокусирате на одржување на цврсти и здрави нокти со користење на соодветни третмани за нивна нега. Ако немате време за чест маникир, обојте ги ноктите со формули 3 во 1 кои не само што брзо се сушат, туку и траат подолго, исто така.