Македонија
    |         |         |    
КАКО ДА ГО ОБОИШ ТВОЈОТ ЖИВОТ И ЗОШТО ОВА Е ДОБРА ИДЕЈА - AVON Македониjа

КАКО ДА ГО ОБОИШ ТВОЈОТ ЖИВОТ И ЗОШТО ОВА Е ДОБРА ИДЕЈА?(НЕ САМО ЗА ЕСЕНТА И ЗИМАТА)?

Позитивната енергија е заразна, а на светот му се потребни луѓе кои ја создаваат. Престани да мрмориш, да се жалиш и да бидеш постојано негативна! Ако се потрудиш малку, твојот живот ќе биде поубав и посреќен, а луѓето околу тебе ќе го забележат тоа. Како да го направиш твоето секојдневно постоење пошарено и зошто ова е добра идеја?

Во животот постојат различни периоди - некои се одлични, некои не се, но без оглед на тоа што се случува, ние може да ги обликуваме нашите реакции, ставови и пристапи кон она што го доживуваме. Оптимистите ја гледаат чашата половина полна, а не половина празна. Ние можеме да ја користиме оваа оптичка илузија во секоја ситуација, вреди да го правиме тоа свесно и да не подлегнуваме на стагнација.

Дали сакаш твојот живот да биде исполнет со ентузијазам, среќа и бои? Ако одговорот е да, време е да поработиш на ова!

Ништо не е тешко и невозможно, а советите кои ги подготвивме можат многу лесно да бидат применети во секојдневниот живот. Да започнеме?

КАКО ДА ГО ОБОИШ ТВОЈОТ ЖИВОТ

Прави повеќе работи кои те инспирираат!

Кензо Такада креаторот на најновиот парфем на Avon Life Colour категоријата, е еден од најпознатите модни дизајнери. Неговата приказна е одличен пример за тоа како следејќи го она кое нè инспирира, она што го сакаме и она што нè восхитува, може да ги промени нашите животи.

Такада е роден во Јапонија во времиња кои во никој случај не беа шарени.

Кензо бил едно од 7-те деца во неговото семејство и сета негова инспирација доаѓала од модните списанија кои ги крадел од неговата сестра. Ова било зрното на инспирација кое идниот моден дизајнер го хранел.

Најпрво се запишал во модно училиште, а потоа завршил во Париз. Неговата прва колекција била направена од парчиња ткаенини пронајдени на старите пазари, заедно со кимоно ткаенини. Во тоа време не бил во можност да си дозволи скапи материјали. Тој ги комбинирал боите, копчињата и формите кои никогаш порано не биле видени во Париз и ... светот на големата мода ја отворилa вратата токму за него!

И се започнало со инспирација и бои! Ти можеш истото да го направиш!

КАКО ДА ГО ОБОИШ ТВОЈОТ ЖИВОТ  2

Не дозволувај да биде одземена твојата секојдневна среќа!

Да, секојдневието може да биде здодевно, тешко, но исто така и прилично убаво! Големите моменти, одмори, празници или викенди, не се сè - има многу навидум обични денови кои можеме да ги поминеме на инспиративен и креативен начин.

Животот може да биде уметност и сè што правиме може да стане дел од шарена страница. Ако посакуваш  да го направиш твојот секојдневен живот шарен, задоволувачки, инспиративен и енергичен, треба да ги правиш оние работи кои ќе го направат секој ден поубав и страствен.

Дали мислиш дека ова е толку тешко? Не е. Доволно е да се доживее сè на посвесен начин и да се ужива секој ден. Можеш да преобразиш многу работи во уметност: моментот кога го пиеш твоето кафе, слушањето музика на патот до работа, или пак мирисот со кој си опкружена. Обиди се и експериментирај, а боите ќе се појават во твојот живот без никаков дополнителен напор!

 

КАКО ДА ГО ОБОИШ ТВОЈОТ ЖИВОТ  3

Остварувај ги своите соништа бидејќи никогаш не е доцна за тоа!

Кензо Такада има 80 години и речиси 25 години е во пензија. Кога официјално прекинал со својата работа, сфатил ... не може да живее без ова! Тоа е причината зошто тој продолжува со креирање, дизајнирање, сликање и опкружување со млади, инспиративни луѓе. И не само тоа - тој има многу планови за иднината!

Следи го неговиот пример и не дозволувај некој да те убеди дека е премногу доцна за одредени работи во твојот живот. Ако досега не си успеала во остварувањето на твоите соништа - сега е крајно време да размислиш за тоа. Ослободи го твојот креативен потенцијал, обој ги усните црвени, биди трпелива и полна со надеж, а потоа едноставно оди напред!

Доколку одлучиш да го купиш новиот Кензо парфем, несомнено ќе ја зголемиш твојата самодоверба и веселост!

Животот е шарен и вреди да се користи секоја сенка на палетата, не се одлучувај за сива боја! Ќе се осмелиш ли? Стискаме палци за тебе!