Македонија
    |         |         |    
Tanning facts

7 корисни совети за сончањето кои треба да ги знаеш пред твојот одмор!

Тешко е да се замислат летните одмори без целосно искористување на сончевите зраци. Плажа, прошетки покрај море, возење велосипед или качување на планина: без оглед на тоа која е твојата дестинација, сонцето сигурно ќе те придружува. Како да се сончаш безбедно и да ги избегнеш изгорениците?

Сите кои сакаат да уживаат во чоколадниот тен треба да запомнат дека покрај естетиката, треба да се грижат за своето здравје и за состојбата на сопствената кожа. Долготрајното изложување на сонце не е воопшто препорачливо, бидејќи ако не во моментов, може да зажалиш за тоа во годините што доаѓаат.

7 корисни совети за сончањето кои треба да ги знаеш пред твојот одмор!

Што треба да знаеш за сончањето?

Потемнетиот тен, но и сите негативни ефекти кои тој ги предизвикува на нашата кожа, се резултат на УВА и УВБ зраците. Постигнувањето на исончан чоколаден тен кој толку многу го посакуваш е всушност доста сложен процес. УВА зраците продираат не само во епидермисот, туку и во дермисот под него. УВА зраците влијаат на стареењето на кожата и развојот на фотодерматозата (осип, акни). За жал, додека се сончаме, изложени сме на сериозни дерматолошки проблеми. Дури и да не се појават вакви проблеми, треба да запомниме дека прекумерното изложување на сонце може да ѝ даде на нашата кожа нездрав изглед, да го забрза предвременото стареење и да ја зголеми појавата на брчки. Ракот на кожата, особено меланомот, е сериозен проблем. Истражувањата покажуваат дека меланомот е строго поврзан со прекумерното изложување на сонце.

Запомни: безбедно сончање!

7 корисни совети за сончањето кои треба да ги знаеш пред твојот одмор! 2

1. Добиј прекрасен исончан тен, но внимателно и постепено

Првото сончање и изложување на УВА/УВБ зраците треба да биде постепено и разумно. Ако поголемиот дел од времето си во канцеларија и обично немаш прилика да уживаш во сонцето, во никој случај не смееш да го поминеш твојот одмор на лежалката на плажа. Ако сакаш да имаш исончан тен, постепено продолжувај го времето на изложување под сонцето.

2. Користи креми со заштитен фактор!

Овој совет се чини толку очигледен, но ќе бидете изненадени колку луѓе не го почитуваат истиот! Кремовите за заштита од сонце ни овозможуваат безбедно и постепено да го продолжуваме времето кое го поминуваме на сонце, избегнувајќи ги негативните ефекти. Секојдневно треба да користиме креми за заштита од сонце, и тоа не само на плажа. Нема потреба од грижа доколку поминуваш само неколку минути надвор. Но, ако планираш подолга прошетка, било каков спорт, да возиш велосипед или да играш со твоето дете на лулашките, треба да се заштитиш и да користиш крем за сончање со заштитен фактор!

3. Избери го вистинскиот фактор и биди внимателна со нанесувањето!

Многу низок фактор = несоодветна грижа! Не постои безбедно сончање со заштитен фактор помал од 10. Лицата со светол тен треба да почнат да се сончаат со крем со заштитен фактор над 30, додека луѓето кои се особено чувствителни на сонце, вклучувајќи ги овде и децата, треба да користат заштитен фактор 50. Не заборавај повторно да го нанесеш кремот со заштитен фактор по капење во морето или базенот!

4. Избегни го сончањето помеѓу 11 и 15 часот во области со силна изложеност на сонце!

 

Ова особено се однесува на Турција, Тунис, Египет, но исто така и Грција, Шпанија и Италија. Најдобро е да се одморате во сенка во текот на овие часови.

5. Заштити се од изгореници!

Изгорениците од сонце, како последица на прекумерното сончање, се сериозен проблем поврзан со бројни опасности. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои добиле изгореници од сонце најмалку три пати во текот на  минатото, се повеќе подложни кон развивање на рак на кожа (особено  меланом) во иднина!

6. Заштити ги очите и чуствителните области

Сончевите зраци допираат и до очите и косата и истите може да предизвикаат болни изгореници, на пример, на ушните школки. Кога се сончаш, не заборавај на очилата за сонце; заштити ја и главата (со шапка или капа), и секако не заборавај повторно да го нанесеш заштитниот крем на лицето, вратот, рацете и ушите.

7. Провери ја твојата кожа после одморот

Провери ја кожата откако ќе се вратиш од одмор. Ако забележиш било какви дамки или точки кои се појавиле на твоето тело, најдобро е да побараш лекарски совет!

Крем за лице против стареење со ЗФ 50 Fresh Protection

Хидрантен лосион за сончање со ЗФ 50 Pure & Sensitive

Разладувачки спреј-лосион за после сончање

Маслен спреј за истакнување на тенот