Македонија
    |         |         |    
Трендови на шминка 2018 - AVON Македониjа

Трендови на шминка 2018. Како да се носи модерна шминка?

Трендовите на шминка, како и самата мода воопшто, се променливи. Во што треба да инвестираш оваа година? Што владее на модните писти и кои трендови се застарени? Ние ти споделуваме неколку совети!

Низ неколкуте минати сезони се навикнавме на различни предлози за шминкање на модните писти и фото-сесиите за престижните списанија. Тековната сезона го следи овој тренд, но има многу очигледна промена која е тешко да се игнорира. Оваа сезона се откажуваме од насилното разубавување, исправувањето на несовршеностите и претераните елементи кои личат на прилично театарско стилизирање, за да се вратиме на оној природен шарм и нагласена внатрешна убавина која лежи во секоја од нас! И ова е навистина одлична вест!

Кафената боја вреди злато!

Кафената е дефинитивно бојата на оваа сезона, но не грижи се, нема шанси да ти биде здодевна! Бројот на достапни нијанси може да ти го одземе здивот, додека мешањето на мат со сјај и експериментирањето со златни нијанси ти овозможува не само оригинален изглед, туку и многу разновидност.

Трендот на кожа боја продолжува да влијае на шминката оваа сезона: очни капаци во земјени бои, нежна кожа како порцелан и силно нагласени веѓи. За посериозните пригоди, потешките пигментирани сенки за очи се вистинскиот избор, во комбинација со бронзени и златни моливчиња за очи и лак за нокти во истите нијанси.

Забавувај се со бронзени и златни нијанси на ноктите!

Шарено лудило

Преовладувањето на бронзата не значи дека треба да се заборават и другите бои. Всушност е спротивното! Постои јасно видлив тренд на модните писти - ставање фокус на очите со силни, интензивни бои.

Сини трепки? Зошто да не?! Неонски нијанси на очните капаци? Да! Се разбира, ова не е препорачливо за секого и за секојдневието, но не заборавај дека шминката е форма на забава и не треба да се сфати сериозно!

Есента и зимата можат да бидат депресивни и тажни: дозволено е да ја ослободиш твојата фантазија и да го подобриш твоето расположение!

Усните во преден план

Црвените усни сè уште се во мода, како и секогаш. Дури и ако оваа боја ти изгледа храбра и тешка на почетокот, може да експериментираш со помалку интензивни нијанси. Има многу од кои може да се избере, и сигурно ќе ја најдеш најдобрата за тебе.

Препорачливо е карминот (особено оној во силна боја) да се нанесува со посебна четка, така што рабовите може да бидат попрецизни и може да се избегне надминување на контурата на усната.

Повеќе сјај!

Дали ти се допаѓа кога твојата кожа е со мат изглед, покриена со голема количина на камена пудра? Тогаш, имаме лоши вести! Шминкерите оваа сезона не штедеа при користењето нагласувач, а најмодерниот изглед оваа сезона е многу осветлениот тен.

Треба да се истакнат не само јаболчниците, туку и слепоочниците, областа под веѓите, како и аглите на очите.

Ако сакаш дополнително да ги нагласиш цртите на лицето, користи руменило и бронзер.

Таквиот изглед, совршен за секој ден, добро се вклопува со сјаеви за усни во природни бои.

Трендови на коса?

Косата, исто така, треба да биде нежна и природна оваа сезона: кадрици, плетенки, боб-фризури инспирирани од 90-тите, додатоци за пунџа, шноли, украси и чувство на леснотија.

Ова дефинитивно не е сезона за театарски стил, ниту кај фризурите, ниту кај боите.

Сите овие се многу добри вести, бидејќи тоа значи помалку напрегање, полесни фризури и многу модерни стилови кои можеш да ги направиш сама дома.

Трендовите се важни и достојни за инспирација, но на крајот, најдобриот избор е оној што те прави да се чувствуваш добро! Уживај и експериментирај со различен изглед, но никогаш не прави ништо со сила!