Македонија
    |         |         |    
Younger in few seconds - AVON Македониjа

Можеш ли да изгледаш подмладено за неколку секунди? Да, можно е, и никаков договор со ѓаволот не е потребен!

Дали знаеш дека очите се оние што привлекуваат најголемо внимание кога се среќаваме со некој непознат? Подмладен поглед = подобар впечаток!

Се вели дека очите се огледало на душата, но ние не треба да тргуваме со нашата душа за да добиеме младешки и убав поглед! Постојат подобри начини!

Подмладен поглед: како да не го изгубиш?

Дали знаеше дека цртите на лицето, особено оние околу очите, се областите кај кои се појавуваат првите брчки, најчесто уште на возраст од 25 години?

Има многу „непријатели“ на младешкиот изглед и мора да запомниме дека денес работиме на тоа како ќе изгледа нашата кожа на возраст од 40, 50 или 60 години.

If you care for youthful skin, not only around eyes, follow these rules:

Ако посакуваш кожа со младешки изглед, и не само околу очите, следи ги овие правила:

  • Престани да пушиш! Ова е број еден непријател кој ја прави нашата кожа да изгледа постара. Нашата убавина буквално исчезнува со чадот! Никотинот и катранот го зголемуваат производството на металопротеиназа, ензим кој го уништува природниот колаген и еластин.
  • Пиј само од време на време! Злоупотребата на алкохолот е многу видлива на вашата кожа!
  • Избегнувај нагли промени во телесната тежина: и ненадејното зголемување на тежината и ненадејното губење на тежината се опасни
  • Не го изложувај лицето на сонце и ако имаш потреба, користи крем за сончање со висок заштитен фактор! За жал, сонцето ја уништува нашата кожа, а жените кои се изложуваат на сонце, порано се соочуваат со проблеми со брчките.

Како да се бориш со брчките околу очите?

Ако не сакаш да бидеш изложена на  болни и скапи третмани кај доктор за естетска медицина во твоите 40-ти, треба да се погрижиш за кожата околу очите веќе по 30-тата!

Нанесувај крем за околу очи секој ден и никогаш не заборавај да ја отстраниш твојата шминка. Кога оставаш траги од маскара и пудра на деликатната кожа околу очите, вршиш злосторство врз убавината ... и здравиот разум.

Паметно е да се започне со употреба на кремови за околу очи дури и пред да се појават првите брчки. Запомни, подобро е да спречиш, отколку да лекуваш, па не чекај на знаците на стареење, туку ефикасно бори се против нив!

Што ако брчките веќе се појавија?

Тоа не е крајот на светот, туку поттик да се делува. Денес е уште полесно и побрзо да се стори ова отколку порано и можеш да го почувствуваш ефектот на измазнување за само неколку секунди! Не, не е празно ветување, ниту магија: ова е измазнувачкиот третман за околу очи од ANEW Platinum колекцијата.

Како функционира? Го нанесуваш на кожата, а темните кругови околу очите, едемата и брчките веднаш се намалуваат, додека твојата кожа станува поцврста. За добиеш целосни вчудоневидувачки резултати потребни се само 2 минути и тие траат цел ден!

Ова е совршената опција за ноќни излегувања, состанок, па дури и за секојдневна употреба. И ова не е крајот на добрите вести! Едно пакување трае 120 апликации, така што можеш да уживаш во подмладениот изглед уште повеќе!

Би било грев да не го пробаш!