Македонија
    |         |         |    
ПОПУСТИ- КАКО ДА ПАЗАРУВАШ БЕЗ ДА ПОЛУДИШ - AVON Македониjа

ПОПУСТИ- КАКО ДА ПАЗАРУВАШ БЕЗ ДА ПОЛУДИШ?

Black Friday се приближува, вистински празник за оние кои бараат попусти пред Божиќ. Од каде доаѓа овој нов потрошувачки празник и како да се купува - не само за време на Black Friday - за да не зажалиш во иднина?

Потеклото на Black Friday не е сигурно; јасно е дека оваа традиција доаѓа од Соединетите Американски Држави и дека "празникот на попустите" паѓа веднаш по Денот на благодарноста. Толпи Американци пазаруваат овој ден, продавниците се буквално нападнати, често претерано, а понекогаш и купувачите ги разграбуваат производите од рацете на другите!

Продажбата и попустите предизвикуваат емоции - сепак треба да се биде рационален кога зборуваме за трошење на пари.

Како да купиш и да не зажалиш подоцна?

 ПОПУСТИ- КАКО ДА ПАЗАРУВАШ БЕЗ ДА ПОЛУДИШ

Запомни: попустите не значат крајот на светот

Попустите за Black Friday се случуваат за краток временски период кога сме во искушение од изобилство на специјални понуди. Сето ова нѐ тера да трошиме многу пари и да носиме брзи одлуки. Многу од таквите одлуки вредат, но сепак не сè што е означено "на попуст" треба да ги заобиколи нашите ограничувања при трошењето.

Black Friday ни овозможува купување на божиќни подароци, или производи кои можеби ќе ни требаат пред Божиќ. Сепак,  треба да се запамети дека веднаш по празниците повторно се појави новаат нови попусти. Не ја третирај оваа прилика како единствена, бидејќи е малку веројатно дека нема да се случи повторно.

ПОПУСТИ- КАКО ДА ПАЗАРУВАШ БЕЗ ДА ПОЛУДИШ 2

Определи што точно ти е потребно и колку можеш да потрошиш

Старомодниот список е твојот најдобар избор. Ако сакаш да купиш барем некои Божиќни подароци на Black Friday, препорачливо е да размислиш што сакаш да подариш и кому. Списокот може да те спаси од избувливо и несовесно трошење.

На сличен начин размисли ги твоите сопствените потреби. Ако ја комплетираш зимската гардероба или твојот несесер - провери претходно што ти недостасува и додади го на твојата шопинг листа.

Ако овој метод не функционира за тебе, запомни дека секогаш можеш да ги вратиш неискористените производи, како и оние кои си ги купила за време на Black Friday. Вреди   да се остави отворена таа опција и внимателно да го контролираш трошењето.

Запомни: Божиќ изобилува со дополнителни трошоци; не би требало да ја испразниш твојата сметка за време на Black Friday..

Процени дали специјалните понуди се навистина специјални

Дали ова звучи чудно? Не сите специјални понуди на Black Friday се подеднакво привлечни. Понекогаш за да можеш да искористиш попуст, треба да потрошиш многу пари. Дали навистина ти требаат 3 пара нови чевли, или 2 нови телефони? Можеби оваа специјална понуда на козметички сет ќе заврши во ќошот на твојот плакар, затоа што користиш само 1 од 3 одбрани производи?

Да се купи нешто што не ти треба не е ништо посебно. Осигурај се дека ќе направиш мудри одлуки и уживај во пазарувањето!