Македонија
    |         |         |    
What makes a women allurin - AVON Македониjа

Што ја прави жената привлечна? НИЕ ПРОВЕРИВМЕ ШТО ГИ ВОЗБУДУВА МАЖИТЕ!

Повеќето жени се трудат да бидат навистина привлечни. Привлечноста нè асоцира на филмските ѕвезди, кои низ времето успевале да ги натераат мажите да паднат на коленици и сосема да полудат. Меѓутоа и „обичните смртнички“ можат да бидат привлечни. Што ја прави една жена привлечна и како таа да се приклучи на овој прекрасен затворен круг на среќнички?

Спротивно на она што секоја од нас го мисли, мажите не очекуваат совршенство, ниту пак супермоделите или мис-девојките им го освојуваат срцето. Низ времето, големите филмски ѕвезди, кои се сметаат за симболи на стил и убавина, не биле сосема идеални. Мерилин Монро имала широко поставени очи, голем нос и навистина не била класична убавица, но сепак станала симбол за убавина и ја задржала оваа позиција уште половина век по нејзината смрт.

Дури и денес многу мажи ја дефинираат привлечноста како далеку од совршенство. Кои особини треба да ги има привлечната жена?

Привлечната жена се сака себеси

Ова е основно правило. Ова не значи дека не сме свесни за сопствените недостатоци, туку покажува дека можеме да живееме со нив и сè уште да уживаме во нашата женственост.

Привлечната жена е помирена со себе и наместо да се концентрира на недостатоци, таа ги истакнува своите предности. Таа знае дека совршенството е фантазија. Таквата самодоверба е навистина секси!

Привлечната жена ја нагласува нејзината женственост

Таа не се плаши од тоа, ниту пак е вулгарна, бидејќи повеќето од мажите сакаат да задржат некоја мистерија. Антрополозите докажуваат дека се потребни само неколку секунди за да се почувствува привлечност кон некого време на првиот состанок. На што мажите обрнуваат внимание? Очите, кои можат да бидат нагласени со суптилна шминка; усните, кои можат да се нагласат и зголемат со само сјај; облеката, што треба да биде колку е можно поженствена.

Привлечната жена е природна и релаксирана

Напнатоста нема да ја зголеми твојата привлечност. Понекогаш сакаме да оставиме добар впечаток толку многу, што се претвораме во подвижни роботи.

Верувај во природната магија и искрената насмевка. Престани да се грижиш за впечатоците кои ги оставаш, и така ќе ги оставаш само најдобрите!

Привлечната жена го покажува својот интерес

Мажите, исто како и момчињата, сакаат да импресионираат. Секако, не се работи за претерано искажување на восхитеност на секоја можна пригода и по секој кажан збор што едно момче ќе го изусти, но општо познато е дека восхитеноста е взаемна.. Дали сакаш да импресионираш некој? Покажи им дека си импресионирана!

Привлечната жена мириса прекрасно

Мирисот е моќен и незаборавен афродизијак. Ако сакаш да привлечеш, треба да носиш парфеми. Кои од нив се најдобри? Зависи, така што е бесмислено да се "маскираш" себеси во арома што навистина не соодветствува со тебе. Вреди да се потсетиме дека незаборавните парфеми треба да бидат суптилни и деликатни, по малку слатки, но не и детски.

Ако бараш нов мирис, пробај го Avon Luminata, создаден од меѓународно признатиот парфимерист Морис Русел, кој ги дизајнираше, меѓу другите, DKNY и Gucci Fashion House. Дали ќе ти биде привлечен исто колку што нѝ е нам? Пробај го!