Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Што ѝ треба на твојата кожа?

Здравата кожа е неопходност. Ниту една шминка или козметички трик не може да го маскира недостатокот од правилна нега. Сакаш да изгледаш волшебно? Избери го соодветниот крем и добро погрижи се за кожата. Ќе ти кажеме како.

Производите за нега на кожа често се избираат импулсивно, а не согласно потребите на кожата. Рекламите, новитетите, препораките од пријателите или атрактивните пакувања нѐ предизвикуваат, додека ниту една вистинска универзална нега, која одговара на сите наши потреби, не постои.

Како да се избере кремот?

Кога го опишуваме типот на кожата, најчесто користиме термини како: сува, масна, нормална или комбинирана, но тоа се само упростувања. Кожата на лицето може да се промени не само во тек на различните фази во животот, туку исто така, и во текот на сезоните. По зимата, тенот е обично блед и нечист, а во исто време кожата е сува и бара поинтензивна нега.Уште едно упростување е описот на потребите на кожата во зависност од возраста. Се случува тинејџер да има сува, чувствителна кожа, додека 40-годишна личност да има масна кожа со акни. Не го земај во предвид само факторот возраст.Подобро е да не се приврзуваш за ригидни препораки и еднострана дијагноза за состојбата на кожата, туку редовно да ги проверуваш нејзините потреби.

СОВЕТ: Избери крем кој одговара на потребите на кожата! Неправилниот избор на козметика може дури да биде и штетен – премногу силна ќе ја иритира, а преслаба може дури да го влоши проблемот!

 

 

Што ѝ е потребно на твојата кожа?

Ако имаш проблеми при дефинирањето на потребите на кожата, направи едноставен тест. Исчисти го лицето со мицеларна вода или некој друг отстранувач на шминка со цел да се отстранат сите загадувачи. Следно, исчисти ја со вода и нежно истапкај ја со пешкир за да се исуши. Остави ја кожата така околу половина час, без да нанесуваш козметика или тоник. Сега, погледни се во огледало.

•    Твојата кожа е сува ако се чувствуваш неудобно и твоето лице изгледа нерамно, чеша и е црвено. Твојата кожа има потреба од хидратација и суптилна нега.Ако не чувствуваш ништо, почекај уште половина час. Потоа, стави хартиено шамивче на лицето.

•    Ако шамивчето остане суво, твојата кожа е нормална. Нема потреба од дополнителна хидратација или тонирање на жлездите кои лачат себум.

•    Имаш комбинирана кожа кога челото, носот и брадата оставаат масни траги на шамивчето. Ако образите ги чувствуваш суви, затегнати и распукани – тоа води кон сува кожа, а ако образите се благо масни – тоа води кон масна кожа. Обете комбинации бараат различна нега.

•    Имаш масна кожа ако има голема количина масни траги на шамивчето.

Дополнителните потреби на кожата се уште повеќе детерминирани од лични причини: борба со брчките, подобрување на сјајот на кожата, затегнувањето или изедначувањето на тенот на кожата.

Нега на кожа? Природно!

Рецептите на прозиводите за нега на кожа постојано се менуваат, но ние тежнееме да користиме козметика базирана на природни состојки. Алергиите и останатите чести проблеми кои се во подем и влијаат на нашиот избор. Сакаме да го минимизираме штетниот ефект од загадената околина и неправилната исхрана, што исто така, влијае на состојбата на кожата. Ако јадеме премногу преработена храна, нашата кожа силно реагира.

Козметиката, како на пример линијата Nutra Effects може да помогне, затоа што таа ја користи моќта на чиа семето, калинката и семето од стрелиција. Овие производи одговараат на многу потреби на кожата како на пример, хидратацијата, намалување на брчките и осветлување на кожата. Она што е важно е дека тие се погодни за чувствителна кожа бидејќи не содржат парабен, ниту вештачки бои и ги поминале сите хипоалергенски тестови.

 

Што уште треба да се земе предвид во негата на кожата?

Без оглед на тоа дали користиш шминка или не, запомни дека треба да го чистиш лицето. Секогаш нанеси крем на чиста површина. Многу жени имаат тенденција да го потценуваат овој дел од негата на кожата, иако тој е особено важен. Остранувањето на шминката е клучно!

Ако твојата кожа е чувствителна, пробај ја мицеларната вода или нежниот гел за миење на лице. Правилно подготвената кожа подобро ги апсорбира состојките од козметиката и, пред сѐ, слободно дише.

Напролет, запомни дека треба да избереш производи кои нудат заштита од сонце. Досега не ти требаше дополнителна заштита, дури и ако минуваше долги часови надвор; треба да го зголемиш факторот за заштита од сонце во текот на летото. Избери кремови кои содржат УВ филтри, како што е линијата Nutra Effects.