Македонија
    |         |         |    
Ти си повеќе од пријател... ти си ми сѐ! | AVON Македонија

3 докажани начини да останеш млада

Сите ние сакаме да ја задржиме младата и здрава кожа, енергичното тело и духовитиот ум што е можно подолго. Не можеме да го запреме времето, но постојат докажани начини да се приближиме до оваа цел! Прочитај ги и пробај ги!

Кожата почнува да старее кога ќе стигнеме до средината на 20-тите години. Се разбира, овој процес започнува полека и тешко е да се забележи во почетокот, но забрзува со текот на времето. Не само што времето е непријател туку и стресот, тутунскиот чад и исхраната со многу шеќери. За жал, изложеноста на сонце (особено ако е премногу честа) и контаминираниот воздух не помагаат многу.

Не можеме да ги избегнеме сите стресни ситуации, а само некои од нас можат да си дозволат напуштање на загадениот град за место со кристална вода и чист воздух ...

Што друго можеш да направиш тогаш?

Грижи се за твојата исхрана и спортувај!

Изгледот на нашата кожа зависи не само од гените или од околината, туку и од работите што ги правиме и не ги правиме. Ако се залагаш за младешки, убав изглед, треба да го заработиш! Од раните години работиме на тоа како нашата кожа ќе изледа на возраст од 40 или 50 години. Стареењето може да се одложи со правилна исхрана, спорт, избегнување на штетни навики и спроведување соодветни навики за нега.

Што го зголемува производството и одржувањето на соодветно ниво на колаген и хијалуронска киселина, а со тоа и одржување здрава и цврста кожа?

  • Исхрана богата со витамин Ц - Кога нивото на витамин Ц во телото е ниско, реставрацијата на колагенските влакна стагнира. Овој витамин може да се најде главно во зеленчукот и овошките, како што се зелка, малини, портокали и домати.
  • Спорт - Физичката активност ја зголемува циркулацијата на крвта и ги оксигенира нашите клетки. Како резултат на тоа, тие се стимулирани за подинамична активност. Истражувањата докажуваат дека луѓето кои спортуваат го задржуваат младешкиот и здрав изглед подолго време. Избери ја преферираната активност и интегрирај ја во твојата дневна рутина!
  • Намалување на конзумирањето на шеќер - тој е непријател не само на нашите силуети, туку и на убавината на нашата кожа.

Избери соодветен ритуал за нега на кожа

Отстранување на шминката и нанесување на соодветен крем се основите на грижата на кожа. Избери крем кој не е ниту премногу силен, ниту премногу нежен - на крајот, секоја кожа има различни потреби. Ако се бориш со специфични проблеми и несовршености, избери соодветна козметика. Запомни! Она што го правиме секој ден има поголемо влијание од повремените третмани! Се препорачува да се применуваат секојдневни здрави навики!

Не заборавај на пилингот! Пилинзите со гликолна киселина се многу ефикасни, но по нанесувањето на производот треба да се внимава кожата да не се изложува на сонце некое време!

Предизвик!

Ако твојата кожа почнува да губи цврстина, направи навика за масирање на лицето при примена на серум или крем. Секогаш насочувај ги своите движења нагоре (спротивно на силата на гравитацијата) и нежно масирај ги образите, брадата и остатокот од лицето. Таквата масажа ја подобрува циркулацијата на крвта и ја подобрува апсорпцијата на производот што го користиш!

Овозможи си посебен третман!

Еднаш неделно или кога ќе почувствуваш дека твојата кожа е уморна, без свежина и нездрава, нанеси маска за лице. Ако немаш време, или бараш ултра лесни решенија, пробај ја ANEW лист-маската од Avon.

Таа содржи ретинол, кој го зголемува производството на природна хијалуронска киселина во епидермисот и обезбедува совршена, освежена кожа за само 15 минути.

Оваа маска е идеална за итни случаи. Дали си имала непроспиени ноќи, целокупна лоша состојба, тешки задачи на работа или долг лет кој те спречил да се избалансираш? Освежи ја и подмлади ја твојата кожа за само 15 минути и уживај во прекрасниот изглед!