Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Средба со парфимеристот Џери Калацо, креатор на Attraction Rush

Тој има практичен пристап кон парфимеријата која е резултат на долги години работа зад сцената како хемичар, супервизор на лабораторија и менаџер, пред да добие различни позиции во креативниот свет на парфимеријата работејќи за некои од светски најголемите парфимериски куќи.

Кога не работи на создавање на помирисен свет, Калацо сака да вежба и да се одржува во форма, но и да патува; тој особено ужива во латинските култури. Тој живее во Њу Џерси со неговата жена и двете ќерки.

 

Што Ве инспирира да креирате?

Јас сакам да бидам со семејството и да патувам и имав среќа да создадам прекрасни спомени со нив, особено кога заеднички го истражуваме светот. Способноста да ги опфатам сите тие искуства и емоции преку мирисите, ја поттикнува мојата страст за парфимеријата.

Дали сакате да креирате за Avon?

Сакам да креирам мириси за Avon бидејќи тие ги познаваат сопствените корисници неверојатно добро и јас го почитувам начинот како тие ги охрабруваат жените.

Која беше вашата инспирација за Attraction Rush?

Тој момент кога очите ќе ви се сретнат, кога чувствуваш дека срцето брзо тупка и кога точно знаеш дека тој не може да го тргне погледот од тебе … сакав да го ги доловам тие чувства, тој наплив  на возбуда. Од машка гледна точка, заодливата аура на жената е апсолутно зашеметувачка и има неодолива моќ над мажот – и претставува исклучителна инспирација! А тоа беше навистина труд исполнет со љубов. Кога бев брифиран за овој проект, имав идеја за женски мирис со користење на чоколадо и роза заедно – се чувствував како облаците да се разделија и ангелите запеаја!

Зошто овој мирис е толку посебен за Вас?

Јас сум особено горд на оваа креација бидејќи ја доживувам како секси, магнетски привлечен мирис кој се издвојува од толпата со сигурна елеганција. Овој мирис не ја прави жената привлечна – таа тоа веќе е, дури веројатно и многу повеќе од што таа смета! Тука имате страсни цветови кои се толку прекрасно женствени, во комбинација со длабоки, сензуални ноти кои резултираат во рафинирана и луксузна сензуалност.