Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Брз лифтинг - совети за нега на зрела кожа

Откриј ја лифтинг моќта на аргининот, состојката која ги задоволува потребите на зрелата кожа!

По навршувањето на педесеттата година твоите потреби се зголемуваат - и со право! Затоа, квалитетот е многу важен, особено во личната нега. Ти сакаш иновации, новитети и совршени состојки кои брзо ги даваат посакуваните ефекти. Ти сакаш да го запреш времето и да додадеш малку сјај и свежина на твојата кожа. Провери што може да се постигне со аргининот!

Кога е кожата зрела?

Кожата се смета за зрела околу 45-тата година. Во тоа време нивото на хормоните естроген и прогестерон почнува да опаѓа. Кожата потешко се храни, многу крвни клетки умираат, а нивните ѕидови не се толку силни како што некогаш биле. Твоето тело создава помалку колаген, a целокупниот клеточен метаболизам се успорува.

Како резултат на тоа, кожата ја губи својата флексибилност и се опушта, обликот на лицето видливо се менува, а контурите ја губат својата острина. Тоа е вистински предизвик! Негата на зрелата кожа не е лесна и нормално е да бара повеќе труд. Ние попрво би избегнале да ги видиме овие промени, но беспредметно е да се лажеме самите себеси. 

Како да се негува зрелата кожа?

Најпрво, исклучи ги сите штетни фактори:

✓    Стрес

✓    Преголема изложеност на сонце

✓    Шеќер

✓    Стимуланси кои создаваат зависност

✓    Недостаток од физички вежби

✓    Несоодветна нега

 

За да ја задржиш еластичноста на кожата, редовно снабдувај ја со потребните хранливи состојки. Дневни и ноќни кремови, маски, дополнителни серуми, нежни масажи – тоа се неопходните елементи на правилната нега.

Кои производи се најдобри за зрелата кожа?

Избери козметика која е наменета за возраст 50-55+ означена на пакувањето, бидејќи таа е создадена имајќи ги на ум сите потреби. Твојата кожа нема да се подмлади ако одбиеш да ја промениш козметиката! Покрај дневните и ноќните кремови, неколку пати неделно користи специјални, концентрирани производи за обнова на кожата. Пробај го на пример, прецизниот третман за инстантна дефиниција Anew Platinum. Функционира на принципот на лифтинг конец, кој беше инспирација за неговото создавање. Ваквите концентрирани производи треба да се нанесуваат на места кои се поподложни на опуштање, како на пример: ✓    Очните капаци✓    Образите✓    Контурите на лицето✓    Вратот и вилицата

Откриј ја моќта на аргининот во новиот серум Anew Platinum

Третманост за инстантна дефиниција Anew Platinum е богат со соодветни состојки, како што се амино киселини и пептиди кои ги подмладуваат клетките и го зголемуваат производството на еластин. Аргининот е една од состојките одговорни за длабоката хидратација на кожата. Тоа е многу важно за зрелите жени!

Aргининот е одлична состојка за сите типови на кожа, вклучително и многу чувствителната кожа. Неговите ефекти се особено добри по направените пилинзи, третмани или секогаш кога кожата е изложена на штетни надворешни фактори како што се мразот, ветерот или престојот во суви климатизирани простории. Тој ја подобрува брзата регенерација на епидермисот и овозможува обнова на клетките.

Она што е уште поважно за жените со големи потреби и очекувања е што нема да мораат долго да чекаат за да ги почувствуваат неговите ефекти! Aргининот делува многу брзо – веќе по една недела ти ќе забележиш видливи промени! Кожата ќе стане позатегната и поцврста, а нејзиниот тонус видливо ќе се подобри. Вреди да имаме високи барања!