Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Оваа пролет, промени го кремот!

Сезоната на загреани, суви простории, мраз и ветер конечно завршува! Зимата е најлошиот период за твојата кожа. Сега ти треба нешто ново кое совршено ќе се вклопи во твојата дневна нега, така што твојата кожа повторно ќе добие боја и еластичност. Оваа пролет, промени го кремот. Научи зошто вреди тоа да се стори!

Проблем: Блед, уморен тен и мали брчки – дехидрирана кожа

Потребна ти е козметика која ќе ти помoгне да ја обновиш клеточната структура. Избери крем со хијалуронска киселина. Оваа состојка природно ја има во епидермисот, но по зимата треба да ја поттикнеш нејзиното производство. Главната задача на хијалуронската киселина е врзување на водените молекули, што претставува клучен дел во процедурата за нега на дехидрирана кожа.Кремот со хијалуронска киселина ќе го обнови потребното ниво на влажност на твојата кожа, ќе ја намали нејзината чувствителност и ќе те ослободи од непријатното чувство на затегнатост по миењето на лицето и пред нанесувањето на било каква козметика. Ако бараш брз ефект, пробај ја ноќната крем-гел маска за комплетна обнова Anew Clinical. Тоа е прекрасен производ за луѓе со чувствителна и проблематична кожа.Проблем: подлабоки брчки по зимата, опуштена, дехидрирана, тмурна кожа која потсетува на пергамент хартија

Ти треба козметика која ќе делува како лифтинг третман! Кремовите кои содржат L-аргинин се најдобриот избор во овој случај. L-аргинин е амино киселина одговорна за хидрирање на подлабоките слоеви на епидермисот, делува како прецизен лифтинг третман попдобрувајќи ги контурите на лицето и зголемувајќи ја еластичноста на кожата.

Пробај го дневниот и ноќниот крем Anew Platinum, a ако бараш побрзи ефекти, еднаш на неколку дена нанеси специјален концентриран серум. Таквите производи со зголемена моќ даваат моментни резултати и се соодветни како дополнување на твоојата дневна нега без оглед на типот на кожата.

Anew Platinum е производ за зрела кожа, но може да го користиш дури и ако си на возраст од 40 или 50 години. Она што вреди е дека е решение за твојот проблем! Сепак, ако сметаш дека производите кои се со ознака 55+ е прерано да ги вклучиш во твојот режим на убавина, обиди се со кремот за затегнување за возраст 45+, како на пример кремот за затегнување и потхранување NutraEffectsсо напреден комплекс од антиоксиданси. Твојата кожа брзо ќе го врати нејзиниот сјај.

Проблем: Зголемени пори, неизедначен тен, несовршености и мали брчки

Кожата се менува со возраста: помладата е често помалку хидрирана и реагира со производство на себум и е подложна на акни. Дополнително, зимата оди во прилог на нееднаквиот тен и зголемените пори. Слабата хидратација резултира со појава првите брчки. Што е лекот? Пожелно, крем со екстракт од свила, кој брзо ја омекнува кожата, ги стеснува порите, ја обновува клеточната структура и го изедначува тенот.

Пробај го Anew Vitale за ден или ноќ. Обезбеди и дополнително потхранување на кожата околу очите. Можеш да го користиш двојниот третман за околу очи Anew Clinical Infinite со лифтинг комплекс. Кога несовршеностите се највоочливиот проблем, пробај ја Clearskin Emergency линијата; таа нуди широк избор на производи за чистење и нега на кожата.

Проблем: Неизедначен тен на кожата

Ако твојот главен проблем е неизедначениот тен, пробај производи со екстракт од семе од стрелиција кои брзо го обновуваат сјајот на кожата и убавата боја. Избери потхранувачка и осветлувачка козметика од линијата NutraEffects.

Откажи се од пудрата и пробај ББ крем наместо неа! Пробај го на пример ББ кремот Avon NutraEffects, идеален рецепт за мазна непроблематична кожа. Маскира додека потхранува! Семето од стрелиција ги намалува дисколорациите и несовршеностите, истовремено давајќи мат ефект.

Проблем: Сува, груба кожа без видливи брчки, но со ослабена заштитна бариера

Ако ова е твојот проблем, ти знаеш дека дури и малите температурни промени може да  ја интензивираат чувствителноста на кожата. Ти треба козметика која ќе го обнови балансот на кожата и длабоко ќе го потхрани епидермисот. Пробај производи кои содржат масла богати со омега 3, 6 и 9 киселини. Тие овозможуваат длабоко поотхранување на кожата и брзо ја намалуваат затегнатоста и грубоста. Тие масла се присутни во кремот Anew Nutri-Advance.

Без оглед на потребите на твојата кожа, запомни дека секој производ кој ќе го избереш за во зима треба да содржи UVB/UVA заштитен фактор, за безбедно да уживаш во првите зраци на пролетното сонце!