Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

5 најшик и стилски трендови за шминкање за 2017-та

Почетокот на годината е совршен момент да се заинтересираш за неколку нови трендови кои ќе ја обликуваат модата и стилот во месеците кои доаѓаат. Од многуте новитети за убавина кои беа присутни во текот на последните модни недели ширум светот, ние избравме неколку кои најмногу ветуваат и се навистина шик. Ние те инсприраме – ти создаваш!

Молив за очи со двојна улога

Моливчето за очи, по можност мултифункционално, е апсолутна неопходност за секој ентузијаст на полето на трендовите на шминка. Тоа не само што треба да биде алатка за цртање на убави линии на очните капаци, туку исто така и уред кој овозможува создавање на уметнички ефекти , благодарение на различните завршетоци и разновидните дебелини. Оваа сезона стилистите за шминка на модните недели се полни со идеи: од мачкасти очи на долниот и горниот капак, преку ефектот на дебела линија позајмена од индиските божици, до линии размачкани на капаците како на платната на модерните сликари.

Користи моливче за очи како да е пенкало – цртај, размачкај; не мора да изгледаш класично, сé додека си креативна!

Пример за шминка со користење на Avon MARK молив за очи: размачкај сива сенка за очи на горниот и долниот капак, исцртај мачкасти  очи со линија на горниот капак со поширокиот крај, а поотоа исцртај линија на долниот капак со потенкиот крај. Ова ќе ги направи твоите очи навистина впечатливи!

Руменилото е новиот бронзер

Со години потценето, руменилото конечно стана број 1, а оваа сезона ние дури може смело да истакнеме дека го поттурна бронзерот далеку во позадина.Сите нијанси на розово, од суптилни до силни, дури и сјајни, од деликатни праскови до интензивни црвени, сите се најдоа на меѓународните модни недели.

Инспирацијата на оваа сезона доаѓа од нагласената и динамична шминка на лудите 80ти години, како онаа која Деби Хари од групата Блонди, култен бенд на тие времиња, имала обичај да ја носи.Нејзиниот изглед влијаел врз стилистите за шминка со идејата за смело руменило кое не само што се шири на образите, туку исто така заталкува и низ слепоочниците и челото. Токму така! Овие денови контурирај го лицето со користење на розовата бојоја, исто како диско ѕвездите!

Пробај го крем руменилото во стик Avon MARK. Нанеси го на врвот на образите и носот, нежно натапкај на очниот капак. Поради контрастот со порцелански светлата кожа, ефектот е навистина романтичен. Ако сакаш да изгледаш ултра тренди и навечер, обликувај ги образите и челото со помош на иста нијанса на руменило, нанеси малку разиграна сенка за очи, и voila! Ти си подготвена!

 

Поп-арт на очите

Лудите диско 80-ти години ги враќаат назад нијансите во боја на виножито на очните капаци, лице кое зрачи од боја, a таквите поп-ѕвезди како Блонди, Дејвид Боуви, Мадона, Иман и Џери Хол.По долгогодишно владеење на шминката во боја на кожа, бојата е конечно повторно во мода.

Таа е алатка за забава и креирање, бидејќи дизајнот на прекрасна колоритна шминка бара вештини, а јавното покажување на резултатот зависи од храброста да се истакнеш. Оваа сезона таквите квалитети се од витално значење: подготви се да додадеш малк боја во твојата дневна шминка.

Пробај да создадеш прекрасен излед на задимени очи во црвена боја, или нанеси жолта точка на очниот капак – колку повпечатливо, толку подобро. Avon MARK за тебе има специјално моливче во боја, кое неодоливо потсетува на типичната нијанса во ултра виолетова нијанса од 1980-ите. Широкиот крај овозможува цртање на експресивни линии и графичко контурирање на окото, додека четката го помага распространувањето на бојата на целиот капак.

Светла кожаТоа е повеќе од едноставен тренд за шминка бидејќи треба да се негува секој ден и се однесува на дневната нега и утринската рутина за убавина. Ерата на осветлувачите со нагласувачки честици е минато; во денешно време кожата која е хидрирана и потхранета, треба да произведе природен сјај. Како тоа да се постигне со неколку трикови?

Нанеси добар хидрантен крем, малку почекај а потоа нанеси основа за шминка Avon MARK кој ги сокрива несовршеностите и ги матираат помасните делови. Следно, нанеси Avon MARK пудра во прав за да ја омекнеш кожата и да постигнеш ефект на осветлување. Потоа, нанеси Avon MARK крем руменило на образите и малку над нив. Суптилно и блескаво! Не заборавај да пиеш вода во текот на денот – ќе ја хидрира кожата однатре и ќе помогне во одржувањето на природниот сјај.

 

Сјај за усни

Заборавен и отфрлен, сјајот за усни повторно ја враќа својата слава во 2017та. Трендот на Њујорк – помалку е повеќе – стана меѓународен принцип за убавина. Сјајот за усни, по можност проѕирен, претставува огромна промена во споредба со силно нагласените мат усни. Тој дава природно зголемување на усните, сјај и младешки изглед. Козметиката совршено се надополнува со блескавата кожа и го надополнува впечатокот за природна убавина.Avon MARK за тебе подготви сјај за усни со 3D испакнувачки ефект во избор од проѕирни нијанси, производ кој совршено одговара на идеалната кожа и руменило кое ја обликува формата на твоето лице.