Македонија
    |         |         |    
Веганска нега на кожа - AVON Македониjа

Веганска нега на кожа: откриј ја нашата Distillery револуција!

Двата најнови тренда на денешницата се веганската исхрана и веганската козметика, придружени со еколошката свест и потрагата по природна нега на кожа. Токму ова беа причините да се роди најновата веганска, 100% природна линија за нега на кожа од AVON: Distillery. За што се работи и зошто треба да го следиш овој тренд?

Светот во кој живееме не престанува да го бара нашето внимание и свесност. Нашите избори носат резултати не само за нашето сопствено здравје и живот, туку и за состојбата на планетата која ќе им ја оставиме на нашите деца, како и квалитетот на местото во кое тие ќе живеат. Токму затоа, сé повеќе се обрнува внимание на правилниот избор кога се купуваат производи, постои желба да се спречи загадувањето на околината, што штетно влијае на нашата кожа, на целокупниот еко-систем, а на крајот и на самите нас.

Веганска нега на кожа: Distillery револуција 1

Веганство: што означува?

Веганството се развива веќе неколку години. Се проценува дека секоја година, бројот на луѓе кои ќе одлучат да станат вегани или полу-вегани се удвојува. Веганството е избор на начин на исхрана, но тесно врзано со животниот стил, претставува грижа за планетата, екологијата и нашето здравје. Веганите, освен месото, од својата исхрана ги исфрлаат и производите од животинско потекло, вклучувајќи го и млекото, сирењето или јајцата.

Веганството не е дефинирано само врз основа на она што е на чинијата за јадење, туку вклучува и вегански (или барем етички) козметички производи. Тешко е да се замисли веган што би облекол кожени чизми или вистинско крзно.

Веганска козметика: за што се работи?

Спротивно од изборот на здрава храна, одлуката да се употребува козметика од овој тип не е толку јасна. Веганска козметика: што всушност значи тоа? Производството на козметика многу ретко е врзано со употреба на состојки од животинско потекло!

Веганската козметика вклучува производи што содржат состојки исклучиво од растително потекло, воедно производи што не се тестирани врз животни. Нивното производство треба да биде што е можно повеќе еколошки свесно, не треба да содржат никакви состојки што би можеле да ја надразнат кожата, како што се парабените, хемиските филтри или минералните масла.

Веганска нега на кожа: Distillery револуција 2

Distillery: зошто да одбереш веганска нега на кожа?

Со години ја нагласуваме важноста на негата на убавината. Секојдневната нега е всушност она што влијае на тоа како твојата кожа ќе изгледа, дали ќе делува здраво и на кој начин ќе старее.

Дури и најдеталната шминка не може да го прикрие сивкастиот тен, подуените подочници, мозолчињата и другите нечистотии. Затоа, негата на кожа е од исклучителна важност.

Линијата Distillery содржи природни производи за секојдневна нега на кожа. Тие не само што се вегански, туку и не содржат алкохол, мириси, филери или состојки кои би можеле да предизвикаат иритација.

Веганска нега на кожа: Distillery револуција 3

Зошто треба да ја пробаш веганската нега и да живееш според овој тренд на „чиста убавина“?

Ако сонуваш да се вратиш кон природното и да живееш живот со значење, без сеприсутната брзаница на секојдневието, твојот избор на козметика може да биде првиот чекор кон менувањето на животните навики.

Вкупниот збир на сите мали избори што секој од нас ги прави е она што може да го промени светот, но и нас самите.

Производите од нашата веганска линија Distillery не само што се полни со природни состојки, туку се и висококонцентрирани и ефикасни. Клинички се тестирани, така што знаеме со сигурност дека се ефективни и не предизвикуваат алергиски реакции.

Сето она што е поблизу до природното и што има поедноставен состав претставува полн погодок во областа на козметиката! Не мора да ги комплицираме нештата: едноставните формули се доволни! Ова е правило кое треба да го следиме не само во негата на убавината, туку и во животот воопшто.