Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Подготви се за пролетта

Премрзната до коска и истоштена од недостатокот на сонце, веројатно едвај чекаш пролетта конечно да пристигне. Пред да ги поттурнеш дебелите алишта подлабоко во орманот, подготви го телото за потопли денови.

Разбуди ја твојата кожа

Во периодот пред пролетта, кожата има потреба од посебна нега. Не затоа што е лошо третирана во зима, туку затоа што била изложена на бројни заканувачки фактори: студен ветер, греење во затворено што ја направило уште почувствителна. Уште повеќе, ако не претпочиташ да го држиш носот надвор од пријатното ќебе во зима и излегуваш само кога мораш, на твојата кожа веројатно ѝ недостига кислород, а како резултат на тоа тенот е темен, без цврстина и изгледа истоштено. Време е за будење! Како?

•    Исчисти ја – користи пилинг кој ќе ги отстрани мртвите клетки, ќе го подобри тонусот на кожата и ќе обезбеди подобро впивање на хранливите состојки во кремовите и маските. Исто така, ќе ја ревитализира кожата преку стимулација на микроциркулацијата.

•    Нахрани ја – за пост-зимска регенерација, почесто можеш да користиш маски. Избери ги оние кои ќе ѝ дадат енергија и ќе ја нахранат твојата кожа, оставајќи ја пријатно мека на допир и блескава.

•    Дај ѝ енергија – јади повеќе овошје и пиј здрави коктели кои ќе го подобрат целокупниот изглед на кожата. Исто така, можеш да ѝ дадеш дополнителна енергија на кожата преку користење на гел формули со мирис на овошје со лимон, праска, манго, зелен чај, врбинка или црешов цвет. По туширањето, нанеси спреј на телото со освежителен мирис кој ќе направи кожата да мириса на пролет.

Пробај го ритуалот со бел чај

Угоди им на стапалата

Во зима, лесно е да се заборави на негата на стапалата. Крзнените чизми и волнените чорапи и штитат од студот. Затоа, лесно е да се заобиколи состојбата во која се наоѓаат стапалата. Погледни си ги одблиску стапалата. Дали забележуваш груба кожа и запоставени кутикули? Време е да се преземе акција.

•    Капење – подготви бања за твоите стапала која содржи сол. Таа ќе ги омекне областите со груба кожа.

•    Пилинг – по капењето, нанеси пилинг на стапалата. Втриј го пилингот во кожата, особено на грубите делови. Ако сеуште е тешко да се отстранат наслагите од груба кожа, користи турпија за пети или отстранувач на груба кожа.

•    Хидратација – на крајот, хидрирај ги стапалата за кожата да стане мека и мазна, а ти ќе можеш да облечеш сандали. Нанесувај крем секој ден за да ги подготвиш стапалата за пролет.

Оваа линија на производи за нега на стапала ќе ти помогне да добиеш совршено мазни стапала.

Расположи се во духот на пролетта

Пролетта е време кога животот добива боја: јасна, свежа или ... пастелна. При шминкањето, добро е да се користат ови пролетни бои. Пастелните бои не само што изгледаат одлично туку, исто така, даваат младешки и опуштен изглед.

•    Пастелното руменило или сјајните бисери за лице ќе му го дадат тој блескав, исончан изглед кој недостигаше во текот на зимата.

•    Пастелниот маникир е нешто што мора да го имаш во раната пролет -  тој е женствен и игрив, во исто време. Нанеси шари – точки, линии, тие се лесни за цртање и секогаш изгледаат шик.

•    Искористи неколку додатоци во пролетно расположение: цветна марама или привезоци во форма на пеперутка, со што суптилно ќе ја навестиш промената во трендовите. Ако сакаш повече да научиш за тендовите кои доаѓаат, прочитај го овој текст.