Македонија
    |         |         |    
BSP_Inspirations_photo_shoot

Блескава летна шминка

Блескава кожа, бакната од сонцето, сочни сјајни усни и очи дефинирани во нијанса која го истакнува твојот тен. Тоа е совршена летна блескава шминка. Погледни како да ја постигнеш сама, следејќи ги нашите туторијали.

Сатенска летна шминка

 1. Нанеси течна пудра со четка, распоредувајќи ја рамномерно на лицето и вратот. Хидрантната пудра со заштитен фактор дополнително ќе ја негува твојата кожа во текот на денот.

2.     2. За да го осветлиш изгледот, со течен коректор нацртај точки под очите и натапкај ги на лицето со врвовите на прстите.

3.     3. Дефинирај ги веѓите камена пудра. Претходно можеш и малку да ги обликуваш со восок.

4.     4. Нанеси руменило преку образите, а исто така и на брадата за уште поблескав изглед.

5.     5. Покриј ги очните капаци со комплементарни четирибојни сенки за очи. Нанеси ја најсветлата сенка во аголот на окото и под веѓата.

6.     6. Истакни ги трепките со маскара за поголем волумен.

7.     7. На крајот, нанеси кармин во сочна боја.

Летен сјаен изглед

1.     1. За да постигнеш посветол изглед, добро е да ја подготвиш кожата со твојот омилен хидрантен крем пред да ја нанесеш шминката.

1.     2. Потоа, нанеси лесна течна пудра и нежно натапкај ја на лицето.

2.     3. Следно, осветли го изгледот со тоа што ќе ставиш течен коректор под очите.

3.     4. Натапкај ја твојата четка за руменило во бронзени бисери за лице и нанеси преку образите за да постигнеш природен изглед бакнат од сонцето. Нанесувај со кружни движења.

4.     5. Истакни ги контурите на лицето за уште поблескав изглед со тројно руменило.

5.     6. Дефинирај ги веѓите за твоите очи да изгледаат поотворени.

6.     7. Нанеси златна и бронзена сенка за очи на очните капаци која совршено ќе го истакне твојот исончан тен. Нанеси златен тон во аголот на окото и под веѓите за да ги осветлиш очите. За очните капаци употреби бронзена сенка. Нанеси ја со врвовите на прстите.

7.     8. Дефинирај ги очите. Нацртај линија по должина на горните и долните трепки и нежно размачкај ја со сунѓерче.

8.     9. За да ја завршиш шминката на очите, на трепките нанеси водоотпорна маскара, која е неопходна за лето!

9.     10. Исцртај ги усните со моливче за усни во неутрална боја. Тоа ќе помогне сјајот за усни да биде подолготраен.

11. Додади сјај на усните. Нанеси две различни нијанси, со тоа што посветлата ќе ја нанесеш на средината за усните да делуваат поисполнети. Бронзената и розовата боја природно го истакнуваат тенот. Овие сјаеви за усни исто така и помгаат во хидрирање на усните и ги заштитуваат со заштитен фактор.