Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Направи шминката да трае

Лесна, едноставна, природна, свежа – таква треба да биде летната шминка. Нека биде минимална бидејќи топлото време нема милост за тешката шмика. Погледни ги нашите совети!

1.    Осветли ја пудрата

На деликатно исончаната кожа не ѝ е потребно многу за да изгледа совршено. Па затоа, понекогаш само нанесувањето на бронзени бисери, за да се истакнат контурите, е доволно. Запомни едно правило: колку повеќе ставаш на твојата кожа, толку побргу кожата ќе се поти и ќе мора да правиш корекции. Доколку мораш да нанесеш пудра, подобро употреби ББ или ЦЦ корективен крем, кои не само што ќе ги покријат несовршеностите и ќе го израмнат тенот, туку и ќе ја хидрираат кожата без притоа таа да изгледа тешко. На мрсната кожа ѝ е потребна матирачка течна или камена пудра. За летото секогаш одбери производ со заштитен фактор кој ќе ја заштити кожата од штетните сончеви зраци. Пред да ја нанесеш на лицето, можеш да го отстраниш вишокот себум нежно притискајќи шамивче на лицето и со тоа шминката нема да се згрутчи.

2.  Сенки за лето

Замени ја твојата палета со сенки за очи со светли бои. Твојот тен ќе ги обожува сите нијанси на розово, бронзено, сино и зелено. За очите да ти изгледаат посветло, користи посветла сенка за очи во аголот на окото, а за да ја истакнеш бојата на очите, покриј ги очните капаци со светла летна нијанса. Со цел подолготрајно да се задржат на кожата, претходно нанеси подлога за сенки за очи. Исто така пробај ги и долготрајните крем-гел сенки за очи во прекрасни интензивни бои со формула против размачкување. Доколку сенка за очи е премногу за тебе на лето, потенцирај ги очите со разнобојни моливчиња за очи.

3. Летни трепки

Дури и доколку не си покрај морето, водоотпорна маскара ќе ти дојде при рака во текот на летото поради променливото време. Затоа, практично е да ја промениш твојата маскара со нејзината водоотпорна варијанта. Доколку не сакаш да се оптоваруваш со маскара, а сепак не сакаш ниту очите да ти изгледаат заморно, на трепките можеш да нанесеш нијансирана хена во салонот за убавина. Дури и доколку се брзаш и заборавиш да нанесеш маскара, очите нема да те предадат!

4. Совети за усни

Во топлите денови на усните им треба хидратација. Потешките формули во кармините можно е да се засират на усните, па затоа подобро е да користиш хидрантен сјај за усни, кармини со кремасти формули или пак нијансирани балсами за усни. Одбери формули со витамини, масла или потхранувачки состојки како пчелин восок и шеа путер кои ќе ги хидрираат усните и ќе ги одржуваат мазни, полни и здрави за долгите летни денови.

5. Отстрани ја и негувај се

На лето користи козметика која истовремено може да прави неколку работи, со цел да заштедиш време. Дури и кога се работи за отстранувач за шминка. Доколку нанесеш водоотпорна маскара, запомни дека на неа ѝ е потребна специјална формула за отстранување. За да ја извадиш обиди се со специјална двојна формула која не остава мрсни траги. Таа лесно ќе ја отстрани маскарата, без притоа да ги иритира твоите очи. На крајот на денот нанеси ноќен крем или потхранувачка маска на лицето, со цел да ја регенерираш кожата и да ја подготвиш за следниот летен ден.