Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Задржи го тенот подолго

Сезоната за сончање веќе започна. Прочитај ги нашите совети кои ќе ти помогнат безбедно да уживаш во тенот и да го задржиш подолго откако ќе се вратиш од одмор.

Здрав тен – возможно е

Начинот на којшто се сончаш влијае на квалитетот на твојот тен. Па затоа, подобро сончај се безбедно! Безбедното сончање значи употреба на креми со заштитен фактор додека сме изложени на сонце, и нанесување хидрантно млеко за тело по сончањето. Генерално кажано, колку што е посветла и почувствителна твојата кожа, повисок ЗФ ти е потребен. Ефективните креми и лосиони не само што ја заштитуваат кожата од штетните УВА и УВБ зраци, туку, исто така, и ја негуваат и хидрираат. Барај креми кои содржат на пример витамини Е, Ц или А, или други хидрирачки и смирувачки состојки како шеа путер, путер од какао или алое. За твојот тен да биде рамномерен, можеш, исто така, и да направиш пилинг пред да излезеш на плажа. Ќе ти помогне да се ослободиш од мртвите клетки и ќе ја измазни твојата кожа. Исто така, не заборавај ниту да ги покриеш дланките, стапалата, вратот и ушите со заштитен фактор. Кремите кои го поттикнуваат продуцирањето на витаминот Д во кожата се неопходни за жените кои сакаат исончана кожа, и кои го вреднуваат младешкиот изглед.

Сончање и хидрирање

Негувањето на кожата додека се сончаме е круцијално за прекрасен краен резултат. Сонцето природно ја прави кожата сува. Како и да е, кожата која е добро потхранета и хидрирана може да остане цврста и сјајна подолго време по одморот. Токму поради ова од најголемо значење е да се нанесува путер за тело, или лосион по секое сончање. Аграновото масло, маслото од јојоба, шеа путерот или путерот од какао се одлични емолиенти кои ја одржуваат кожата мека, и нежна и прекрасно намирисана. Алоето и пантенолот ја смируваат изгорената кожа и, исто така, ја надополнуваат изгубената влажност, помагајќи да се излечи иритацијата. Затоа биди сигурна дека секогаш ќе ги имаш при рака.

Истакни го твојот тен

За да го зајакнеш тенот можеш, исто така, и да употребуваш креми кои оставаат нежен бронзен тен на кожата. Природните маслени екстракти од кокос, палма или сончоглед ќе ја хидрираат твојата кожа, истовремено одржувајќи го тенот во совршена состојба. Најпопуларната состојка која се поврзува со сончањето е бета-каротенот, кој е провитамин на витаминот А. Тој го регулира интензитетот на тенот. Колку повеќе бета-каротен имаш во твојот организам, толку поинтензивен ќе биде твојот тен. За да постигнеш совршен тен можеш да користиш производи кои содржат бета-каротен, но можеш и да го зголемиш неговото дејство преку исхраната, односно со повеќе кајсии, брокули, грејпфрут или морков.

Тен без сонце

Што да се прави доколку сончањето го доживуваш премногу заморно, а сепак сакаш да имаш исончан тен? Наједноставните решенија се и најдобрите. Користи хидрантен лосион за самопотемнување. Лосион со мирис на ванила ќе го направи нанесувањето лесно и пријатно, и ќе го неутрализира карактеристичниот мирис на самопотемнувачите. Маслата од бадем, кокос или сончоглед овозможуваат хидратација, правејќи ја кожата мека, нежна и блескава. Нанеси лосион за самопотемнување навечер по капењето и по ексфолирањето на кожата, со цел да се осигураш дека тенот ќе биде рамномерно распореден. Пилинзи за тело со шеа путер и кафен шеќер ја измазнуваат кожата и ја поттикнуваат циркулацијата, благодарение на што самопотемнувачот ќе ја покрие кожата во рамномерен слој.

Поттикнувачи на тенот

Не е само козметиката таа што може да го истакне изгледот на кожата во лето, туку тоа го прави и паметниот избор на гардеробата и шминката. Носи бело, различни нијанси на сино, портокалово и облека во пастелни нијанси која оптички ќе ја истакне бојата на твојот тен. Кога се работи за шминката, употребувај живи бои како сини, темно розови, зелени, златни нијанси на маскари, сенки за очи, моливчиња за очи и лакови за нокти. Исто така, истакни ги и образите со бронзени бисери. Златната боја е совршен избор за накит во летото. А, по сончањето, на кожата можеш да напрскаш и малку светкаво масло за тело кое дополнително ќе го истакне сјајниот сончев ефект.