Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Што да понесеш на одмор?

Одморот често знае да биде предизвикувачко време за кожата, косата и стапалата. Затоа дозволи им да го имаат добро заслужениот одмор и спакувај неколку корисни работи.

 

Запомни ја хидратацијата

Интензивната сончева светлина, солената морска вода, ветерот и климатизираните простории се само неколку надворешни фактори кои влијаат на состојбата на кожата, која како резултат на нивното влијание станува сува, груба, дехидрирана и подложна на иритации. Недостатокот од хидратација во текот на летото може да доведе до лупење и чешање на кожата. Токму затоа биди сигурна дека во твојот несесер ќе понесеш крем за длабока хидратација со заштитен фактор, којшто не само што ќе ја хидрира твојата кожа, туку и ќе ти овозможи заштита од штетните надворешни влијанија и ќе го врати здравиот сјај. А што доколку твојата кожа не добие доволно хидратација на време? Спасот е универзален крем за тело со потхранувачки и регенерирачки состојки како кокосов путер, витамин Е, кој е и познат антиоксидант, или пак растителни масла. 

 

Понеси освежителен мирис

За твојот летен одмор одбери мирис со освежителни ноти кој ќе ги разбуди твоите сетила во топлиот ден. Можеш да се обидеш со полесна верзија од твојот омилен парфем или пак одбери овошен спреј за тело кој ќе ти даде енергија додека си на сонце. Исто така не заборавај и пакување рол-он антиперспирант. Неговата компактна форма го прави практичен за пакување и ќе направи да се чувствуваш заштитена во текот на целиот ден. 

 

Промени ја шминката

Во текот на летото не е потребна многу шминка. Нека биде лесна и свежа. Безмасните течни пудри ќе ти помогнат да избегнеш впечаток на тешка шминка. Одбери корективен или ББ крем кој ја прави кожата мазна и беспрекорна, а истовремено и ја негува. Можеш да одбереш и лесна, деликатна течна хидрантна пудра со витамини и минерали, или пак долготрајна матирачка пудра. Што и да одбереш, внимавај производот да содржи заштитен фактор. Истото важи и за карминот, кој не само што треба да ги бои твоите усни, туку и да ги негува и штити од сонце. Водоотпорни маскари се исто така практични за летниот период, како и лаковите за нокти кои бргу се сушат. 

 

Заштити ја косата

Миењето и сушењето на косата не е доволно за да ја одржиш во совршена состојба во летниот период. Сончевата светлина, топлиот воздух и честото капење се резултат на сува коса, подложна на кршење, заплеткана и со раздоени врвови. Кога сончевите зраци директно доаѓаат до мократа коса, кератинските влакна, кои се основна состојка на косата, може лесно да испукаат и да доведат до нејзино ослабнување. Кога си на одмор, заштити ја косата со регенеративен серум со аграново масло или кератин. Аграновото масло длабоко ја потхранува косата, правејќи ја помека, помазна и појака. Кератинот помага во обновување на структурата на косата, длабоко потхранувајќи ја и регенерирајќи ја, а истовремено и овозможувајќи заштита од штетните надворешни фактори. По завршување на одморот, можеш да нанесеш потхранувачка маска за коса со маслиново масло која ќе ја обнови твојата коса. 

 

Обрни внимание на сонцето

Сонцето нè прави да се чувствуваме среќно, ослободува ендорфин и помага во создавање на витамин Д во кожата. Не е ни чудно што сончањето е толку пријатно. За да уживаш на безбеден начин, дозволи ѝ на кожата да се навикне на сонцето. Во првите денови од сончањето, одбери крем со повисок ЗФ и запомни да го нанесуваш на околу 2 часа и по капењето. По сончањето излади ја кожата со спреј или со гел кој содржи смирувачки состојки како алое, пантенол и витамини Ц и Е. Заштитата од сонце треба секогаш да биде на врвот на твојата листа! 

 

Удобност на стапалата

На лето можеш конечно да ги покажеш стапалата и твојот убав педикир. За жал, поради топлото време тие имаат тенденција да се потат, да отекуваат и да бидат поподложни на абразија. Смири ги стапалата со лосион со смирувачки состојки како зелен чај, ананас или лаванда. Кога го истражуваш градот практичен мал спреј за стапала може да ти се најде при рака. Оди боса секогаш кога е возможно бидејќи песокот на плажа, или пак меката трева ќе ти дадат одлична масажа на стапала. 

 

Остани модерна

Очилата за сонце се уште една неопходна работа за на одмор, бидејќи тие не само што ќе ги заштитат твоите очи, туку и ќе придонесат за модерен изглед. Одбери очила за сонце кои одговараат на твојот облик на лице (провери овде) и обрни внимание на ознаките. Оние со УВ400 филтер блокираат 99%-100% и од УВА и од УВБ зраците и се најбезбеден избор за лето. Исто така, одбери и просторна торба за на плажа која ќе ги собере сите твои потреби работи кои сакаш да ги понесеш на плажа или во град. И, за да го комплетираш летниот изглед, одбери накит во златна нијанса која ќе го потенцира твојот тен, и со морнарски мотиви како сидро, јаже или тркало. Не заборавај и на стапалата! Летото е време кога конечно можеш да носиш и алка за на глужд.