Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

6 чекори до прекрасни стапала: летен педикир

Често имаме тенденција да мислиме на стапалата само кога е време за промена на чевлите во сандали, иако на стапалата им е потребна нега во текот на целата година. Научи што треба да направиш за да ги одржиш стапалата во совршена состојба и секогаш подготвени за босонога летна прошетка. Овие кратки совети ќе ти помогнат брзо да ги постигнеш саканите резултати.

1.  Релаксирачко киснење

Еднаш неделно приреди си негувачки ритуал за стапалата. Започни со киснење кое ќе направи стапалата да ги чувствуваш одморено, правејќи го епидермисот помек и хидриран. Доколку имаш лак на ноктите, отстрани го пред киснењето. За подготовка на киснењето, во млака вода додади сол, маслиново масло и сува лаванда или пак борови иглички. Се разбира, секогаш можеш да користиш и готови производи. Одбери ги оние кои содржат сол, бидејќи солта го омекнува епидермисот. Токму благодарение на солта, следните чекори од ритуалот ќе бидат поефективни. Киснењето треба да трае околу 15-20 минути.

2.  Измазнувачки пилинг

По киснењето, време е за ексфолијација. Тоа ќе помогне во отстранувањето на мртвите клетки од епидермисот и ќе ја измазни кожата. Можеш да помешаш состојки кои веќе ги имаш дома: 2 лажици шеќер или сол со маслиново масло, и интензивно втриј ги на стапалата. Готовите производи дополнително содржат активни состојки како растителни екстракти и минерали кои помагаат во отстранување на грубите, излупени клетки на епидермисот. Доколку, и покрај пилингот, сè уште имаш груба кожа на стапалата, обиди се со турпија или пак исечи ги тврдите делови со отстранувач на заноктици. Како и да е, биди многу внимателна да не се повредиш со алатките.

3. Смирувачко хидрирање

Последниот дел од ритуалот за стапалата е хидрирањето. Правилниот крем треба да ја потхранува и регенерира кожата и да ја заштитува од пукање. Треба да содржи витамин Е, млечна киселина, глицерин, маслен или растителен путер и хидрирачки алое екстракт. Доколку ти треба крем кој истовремено ќе делува и како антисептик или ќе ја смири иритацијата, одбери производ со екстракт од лаванда или масло од чајно дрво. Кога го нанесуваш кремот, истовремено и масирај ги стапалата. Масажата обезбедува подобро впивање на кремот и ќе помогне во опуштање на мускулите, а и ќе ја подобри циркулацијата. Почни со нежен притисок на прстите, а потоа масирај ги табаните со кружни движења.  Втриј го кремот и во вдлабнатините на стапалата притискајќи со палците, постепено зголемувајќи го притисокот. Направи да ти биде пријатно!

4. Време е за педикир

Пред да нанесеш лак на ноктите, прво погледни дали им е потребно кратење или продолжување. Ослободи се од мрсниот слој кој можеби останал на ноктите од хидрантниот крем и отстрани го со памукче натопено во отстранувач на лак за нокти. Започни со базичен слој, а потоа нанеси лак за нокти (ако е потребно и два слоја) и на крајот обедини ги со завршен слој. Доколку имаш груби кутикули, нанеси омекнувачки крем и потоа нежно исечи ги.

5. Летно олеснување на стапалата

Еднонеделниот негувачки ритуал на стапалата не може да ја замени секојдневната нега на ноктите. Затоа запомни да одвоиш по неколку минути секој ден за да ја отстраниш грубата кожа. Доколку немаш доволно време за да користиш турпија, земи практични пилинг тупфери за стапала со 10% гликолна киселина. Само избриши врз грубата површина  и сувите делови на кожата и почекај течноста да се исуши. Два пати дневно нанесувај хидрантен и смрувачки крем на стапалата. Во топлите денови користи разладувачки спреј и нанесувај го секогаш кога чувствуваш потреба за инстантно олеснување на стапалата. Тој брзо се впива, оставајќи свеж мирис на цитрон, а исто така може да се употребува и за чевлите. По целиот ден, можеш да земеш разладувачка пена за стапала, да ја вртиеш на кожата и да се опуштиш.

6. Успори го темпото

Тврдите ѓонови на чевлите можат да доведат болки во стапалата. Па така, доколку испадне дека твоите летни сандали се помалку удобни отколку кога ги проба во продавницата за чевли, секогаш можеш да користиш гел перничиња за високи потпетици. Тие овозможуваат дополнителна удобност на стапалото и се одлични за високи потпетици. Доколку некогаш имаш абразија или плускавци помеѓу прстите по носење на апостолки, обиди се да носиш гел перничиња за апостолки. Тие го спречуваат иритирањето и триењето на прстите. Сега, кога твоите стапала изгледаат уредно и се чувствуваат удобно, декорирај ги со алка или прстенче!

 

Обновувачки раствор за стапала со сол

Раствор за стапала со морска сол

Пилинг за стапала со морска сол

Пилинг за стапала со шербет од ананас

Ноќен крем за масажа на стапала

Интензивен крем за омекнување на стапала

Крем за омекнување на петици

Лак за нокти кој брзо се суши

5 во 1 третман за нокти

Разладувачка пена за стапала

Pedi-peel pads with aloe

Гел перничиња за апостолки