Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Што ги подгрева твоите желби? 5 нешта кои се најпривлечни за спротивниот пол!

Долго време ја истражувавме тајната на взаемната привлечност, што е тоа што го прави срцето да чука побрзо ... и никогаш не престанавме.

Взаемното заведување не ги интересира само новопечените двојки кои започнуваат да се запознаваат еден со друг, туку и оние кои имаат доволно искуство заедно. Како да ја одржуваш љубовната хемија разгорена? Имаме неколку совети за тебе!

 

1. Насмевка

Насмевката е тајно оружје. Научниците ги откриле таканаречените "огледални неврони" одговорни за имитирање на емоциите на лицата на другите луѓе. Повеќе ги цениме луѓето кои се насмеани и тежнеат кон подобри меѓусебни релации. Насмевката е како покана за состанок: кој би сакал да го помине животот покрај некој мрачен тип?

Наш совет: Ако сакаш да заведеш со насмевка, нагласи ги твоите усни! Дури и сјајот за усни во боја на кожа ќе ги направи усните повидливи, хидрирани и привлечни! Ако сакаш УАУ ефект – избери црвен кармин. Внимание! Тоа може да биде малку предизвикувачки!

2. Тајна

Ништо не привлекува повеќе од тоа да се биде таинствен и да се има тајни. Да се биде во врска не ја оправдува потребата да се знае секој детал еден за друг. Колку повеќе взаемно се изненадувате (во позитивна смисла!), толку подобро. Партнерот  кој е малку непревидлив и е способен да реагира на начин кој другата страна не го предвидува останува привлечен подолго време и делува попосакувано.

Наш совет: Восхити го твојот партнер одвреме-навреме. Планирај изненадувачко патување, купи мал подарок без особена прилика, или изнеси го на спонтана прошетка.

3. Сексуална привлечност

Она што нé прави најпривлечни не е идеалната силуета, совршениот изглед, или да се биде млад засекогаш, туку на внатрешниот магнетизам кој извира од сакањето на самиот себе и прифаќањето на личните несовршености. Никој не е совршен! Најсексипилните жени се оние кои целосно се прифаќаат себеси!

Наш совет: Грижи се за себе, дозволи си ситни задоволства и покажи му на твојот партнер дека знаеш како да уживаш во животот! Нов комплет на долна облека или чевли нема да наштети, исто така!

4. Феромони и мириси

Зарем нема да биде прекрасно да ја знаеш мирисната композиција на парфемот кој прави да се вљубуваме, исто како во новелата на Patrick Süskind - "Парфем" и предизвикува да направиме сé за саканата личност! За среќа, тоа не едноставна задача, бидејќи феромоните се комплицирани супстанци, уникатни како отпечаток од прст. Сепак, нашите носеви, се пресудни елементи на процесот на заведување. Мирисите нé привлекуваат и заведуваат – тие ја стимулираат нашата имагинација и евоцираат незаменливи спомени.

Наш совет: Пробај го новиот мирис Attraction Rush за Неа и за Него и откриј ја вистинската моќ на привлечноста. Во женската варијанта ќе забележиш ноти на темјанушка, јасмин, килибар и чоколадо, додека во машката варијанта – свежи билки, пачули и неодоливиот цимет. 83% од испитаниците потврдија дека овој мирис е навистина импресивен, a 91% би сакале да го подарат на саканиот маж!

5. Љубов

Ова е тајната состојка на оваа композиција... и таа е навистина незаменлива!

Наш совет: Води особена грижа за љубовта и негувај ја, a таа ќе остане со тебе многу години!