Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Летни фустани

Фустанот секогаш треба да биде соодветен на твоето тело и да ги потенцира деловите на кои жената е најгорда: нозе, бутови, колкови и струк.  Особено во лето, кога ова парче облека најмногу се експонира.  Изборот на текстови подолу ќе ти помогне да го пронајдеш најдобриот фустан-пријател за во лето.

Макси фустан

Макси фустанот е долг фустан кој често ги покрива глуждовите и стапалата. Обично е направен од лесен материјал со цветна шара, етно мотиви или живи бои и оптички го истенчува телото, покривајќи ги проблематичните делови.  Лелеавиот материјал ја доловува женствената природа и овозможува да се чувствуваш удобно во жешките летни денови.  Со ваков фустан косата носи ја пуштена или соберена во лабава пунџа.  Гладијаторски сандали совршено одговараат на овој тип на фустан.

Ефект: издолжени нозе, истанчена силуета и спиритуален изглед.Одличен  за: летни истражување на градот, прошетка по плажа. Соодветни додатоци: летни шапки или шешири, големи очила за сонце, алки за рака, етно /  дрвен накит.

Мини фустан 

Мини фустанот е симбол на сексапилот. Краткиот фустан храбро ги открива нозете и претставува одличен избор за они кои се пониски, бидејќи оптички ја издолжува силуетата.  Лесниот летен мини фустан одлично одговара со сандали со високи потпетици или кратки чизми. Втората комбинација ти дава лежерен изглед. Собери ја косата високо во опавче за да дополнително да ја издолжиш силуетата или пуштена за понежен изглед.

Ефект: нозете се оптички подолги, секси изглед  Одличен  за:  лежерен шопинг во град, летна журкаСоодветни додатоци: кожна јакна, алки за рака во златни нијанси или долг ѓердан за да го истакне тенот.

Фустан во А-форма 

Класичен фустан во А-форма одговара на која било фигура. Секоја жена треба да има ваков фустан во гардероберот. Совршено го обликува струкот и ги балансира широките колкови со должина која завршува веднаш над колената. Со овој тип на фустан убаво изгледаат и чевли со високи потпетици  и балетанки.

Ефект:  убаво обликуван струк, нежен, женствен изглед. Одличен  за: која било прилика, од романтичен состанок до шопинг или пак венчавка.Соодветни додатоци: мала чанта за во рака, памучна јакна или џемпер.

Тесен  фустан

Тесниот фустан се прилепува на телото, обвивајќи го. Овој тип на фустан е соодветен за формални прилики и може да се носи и на работа во лето. Тенко ремче дополнително го потенцира струкот. Карактерот на фустанот бргу може да се смени со модни додатоци или други парчиња облека. На пример, едноставно сако и чевли со високи потпетици во неутрална боја го прават тесниот цветен фустан поформален, додека пак кожна јака, чанта и чизми со високи потпетици или сандали ќе го променат едноставниот фустан во стилски избор за во град.

Ефект: потенциран струк, должина која одговара на деловниот код за облекување.Одличен  за:  на работа, неформални средби, венчавки Соодветни додатоци: јакни, џемпери, класичен накит, чанти, плик-чанти, ремени 

Мултифункционален фустан за на плажа

Наместо да пакуваш 5 различни фустани за сите прилики кои можат да се случат за време на летниот одмор, одбери еден кој можеш да го прилагодиш на секоја прилика. Фустан во универзална боја која лесно се комбинира и кој може да се носи на неколку начини, го обликува струкот, ги покажува или покрива рамениците и исто така...ти заштедува простор во куферот. Должината до колена и мекиот материјал прават да се чувствуваш удобно во секое време. Носи го со високи или рамни сандали, украси го со чанта и спремна си за на плажа или за во град. Косата обликувај ја во зависност од начинот на кој ќе го носиш фустанот. Овој тип на фустан е соодветен за различни типови на силуета, бидејќи може лесно да се прилагоди.

Ефект: обликуван струк, нежен и удобен, летен изглед, можност за брза преобразба. Одличен  за: на плажа, прошетка во град, романтичен состанок, вечера, шопинг. Соодветни додатоци:  сако/јакна, чанта за рака или за преку рамо, модерни очила за сонце, накит со морски мотиви.