Македонија
    |         |         |    
BSP_fact_myth

Тајната на длабоката хидратација

Кожата е изложена на голем број штетни надворешни фактори во текот на денот, а особено во летото. Променливото време, интензивното сонце, климатизираните простории се само неколку од многуте предизвици со кои се соочува нашата кожа. Затоа, подготви се за напорниот ден и дозволи кожата сама да се хидрира во текот на ноќта со новата линија за длабока хидратација ANEW HYDRO ADVANCE.

ANEW Hydro Advance кремот не е само уште еден крем за хидратација. Тој е развиен со специјална технологија која помага ефектот од хидратацијата да се задржи до 5 дена.* Напредната Hydra-Power технологија е формулирана со молекули кои ја задржуваат влажноста и кои пенетрираат во кожата, овозможувајќи оптимално ниво на хидратација на клетките на кожата, така што самата кожа се чувствува удобно, меко и заштитено.

Дневната варијатна на кремот ја заштитува кожата од штетните сончеви зраци со ЗФ 15. Конзистентноста на кремот го дуплира нивото на хидратација. * Благодарение на хидратацијата, оваа линија креми помагаат во заштитата од штетните надворешни влијанија, враќајќи ја удобноста и обновувајќи ја цврстината. Како резултат на ова, кожата на лицето изгледа здраво и блескаво.

По долгиот ден, ублажи ја кожата со гел-крем формулата на Hydro Advance. Таа не само што длабоко ќе ја хидрира твојата кожа, туку и ќе ја регенерира преку ноќта, намалувајќи ја видливоста и појавувањето на сувите линии, така што ќе се разбудиш со мека и мазна кожа.

Хидрирањето на кожата треба секогаш да биде дел од твојот секојдневен режим за нега на кожа, особено во летниот период. Сончањето, климатизацијата во автомобилите и канцелариите, капењето во солено море или во базен можат да предизвикаат сушење на кожата. Hydro-Advance линијата овозможува длабока и долготрајна хидратација која твојата кожа ќе ја обожува. Линијата креми е препорачана за сите возрасти, за нормална кожа подложна на сушење.

* базирано на 10-дневно клиничко испитување на 26 учесници.

** базирано на 8-часовно клиничко испитување на 30 учесници.