Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Летен дрес-код за на работа

Летото е зад аголот и крајно време е за освежување на изгледот. Научи како да креираш нови модни комбинации во кои ќе се чувствуваш женствено, удобно и во висок стил.

Сакале да признаеме или не, вистината е дека нè оценуваат според нашиот изглед. Тоа е и една од причините поради која многу компании воведуваат дрес-код, сакајќи имиџот на компанијата да го одржат професионален и уникатен. Дрес-кодот може да варира помеѓу различни професии и треба да е прилагоден на работните услови. Така, иако долгите фустани и сандалите одлично си одговараат и сакаме да ги носиме во топлите денови, тие можеби и не се соодветни за твојата канцеларија.

Најголемиот предизвик во летната сезона се високите температури и интензивното сонце. Препорачливо е да се одберат посветли бои кои ќе ги рефлектираат сончевите зраци и ќе помогнат да се чувствуваш полесно, отколку да носиш црно. Материјалите кои најчесто се одбираат во летото се памук и лен. Како и да е, тие имаат тенденција и лесно да се гужваат, па со тој проблем можеш да се справиш доколку носиш мешани материјали како памук со еластин или спандекс.

А, како да одбереш гардероба во која истовремено ќе се чувствуваш женствено, удобно и професионално? Едноставно е! Одбери безвременски класични алишта и додади модно додатоци во летен тон. Провери ги нашите идеи за летни модни комбинации.

Бела кошула секогаш изгледа добро. Барем една бела кошула во плакарот може да реши многу „Немам што да облечам“ проблеми. Таа ќе одговара со класична сукња до колена, елегантни панталони или пак тесни фармерки, доколку, се разбира, тие се дозволени на твоето работно место. Доколку имаш некои планови за после работа, пробај ја оваа модна комбинација: бела кошула, темно сини панталони, тенок кафен кожен ремен и корални високи чевли. По завршување на работниот ден, замени ги високите чевли со балетанки или рамни сандали, стави бел или темно син топ, откопчај ја белата кошула до деколтето и врзи ги краевите на кошулата. Сега можеш да заборавиш на твојот квартален извештај и уживај во забавата!

Летно време не можеш без сукња. Кога е премногу топло, промени ја тесната сукња во широка и лелеава, но без разлика на типот на моделот, секогаш внимавај на должината. Дури и ако имаш неверојатно тенки нозе, не е соодветно да носиш мини на работа. Широко фустанче со тесен струк во комбинација со нежна, деликатна блуза, прекрасно ќе ја истакне твојата половина. Додади блуза во една боја, бисерен ѓердан, високи чевли или балетанки и ќе постигнеш и удобен и елегантен изглед.

Најбезбедниот избор на гардероба за на работа е малиот црн фистан. Тој е класичен, удобен и секогаш делува професионално. Овој безвременски фустан во наједноставен модел изгледа совршено токму каков што е, но како и да е, исто така е многу едноставно и да се комбинира со други парчиња гардероба или модни додатоци, како што се на пример палта во пастелни бои, меки блузи на закопчување, широки ремени, или пак модерни кожни јакни. Разнобојните модни додатоци можат дополнително да го потенцираат летниот изглед. Одбери алки или свиленкава марама со цветен дезен, која истовремено и ќе ти го заштити вратот од студениот климатизиран воздух. Исто така, не заборавај го и парфемот кој ќе направи да бидеш комплетна. Парфемот треба да биде елегантен, долготраен и класичен, но истовремено и нежен за да не го обземе целиот простор. Летно време можеш да се обидеш и со посвежи ноти кои ќе те енергизираат во текот на целиот ден.

Играј си со твојот изглед, особено во летото, кога невообичаените комбинации ни будат подобро расположение. Вистинскиот избор на гардероба загарантирано ќе ја поттикне твојата самодоверба, но исто така ќе влијае и на твојата кариера, без разлика колкава е температурата позади прозорецот.

Парфем Little Black Dress Eau Fraiche